Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гутереш: Неопходно е да се реформира Советот за безбедност на ОН и системот Бретон Вудс

0
By Jane Gjorgioski on August 24, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 24, 2023 18:35

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека е неопходно да се реформира Советот за безбедност на ОН и системот Бретон Вудс за да бидат релевантни за современите глобални политички и економски трендови.

„Денешните глобални структури на управување го одразуваат вчерашниот свет. Тие главно беа создадени по Втората светска војна, кога со многу африкански земји сè уште владееле колонијални сили. Ова особено се однесува на Советот за безбедност на Обединетите нации и институциите на Бретон Вудс“, рече Гутереш на самитот на БРИКС и во Јужноафриканската Република.

Тој нагласи дека мултилатералните институции мора да се реформираат за да останат универзални и да ја одразуваат денешната моќ и економска реалност, а не таа по Втората светска војна.

„Во отсуство на таква реформа, фрагментацијата е неизбежна. Не можеме да си дозволиме свет со поделена глобална економија и финансиски систем со различни стратегии за технологија, вклучително и вештачка интелигенција, и со конфликтни безбедносни рамки“, нагласи Гутереш.

Тој изјави дека во Јоханесбург дошол со едноставна порака: во поделен свет преплавен од кризи, едноставно нема алтернатива за соработка.

„Мораме итно да ја вратиме довербата и повторно да го оживееме мултилатерализмот за 21 век. Ова бара храброст за компромис за општото добро“, нагласи генералниот секретар на ОН.

Договорот Бретон Вудс е меѓународен договор постигнат на конференција на претставници на 44 земји одржана во средината на 1944 година во Бретон Вудс (во американската држава Њу Хемпшир), за решавање на повоените монетарни и финансиски проблеми. На конференцијата беа формирани Меѓународниот монетарен фонд и Меѓународната банка за обнова и развој.

Гутереш
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.