Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патриоти – среброљупци и користољупци

0
By Jane Gjorgioski on August 17, 2023 ВЕСТИ, КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
Нанад Јовановиќ
Нанад Јовановиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 17, 2023 20:53

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ  

Лично имам голем проблем со терминот „патриотизам“. Добро, термин како термин, не велам дека расправата за патриотизмот не е легитимна, само што кај нас „традиционално“ и примитивно се користи. Да не речам се користи тенденциозно.

Погледајте го, за почеток, оној Павле Трајанов. Штом нешто „замириса“, ете го Павле Т. на другата страна од брегот. Беседи Павле Т. денеска нешто од типот, „утре да се распушти Собранието и да одиме на предвремени избори“. Важи, Павле, еве рака! Ќе го распуштиме парламентот и ќе биде што? Се разбира, оваа вест ја пренесуваат сите „агенциски портали“, а во основа ова е штура, глупава и популистичка вест. Дува ли дува Павле Т. за предвремени парламентарни избори. Веројатно себе се гледа како патриот, а јас Павле Т. го гледам како дибидус отапен политичар. Општество во кое вакво „политичко битие“ е возможно, заедно со неговата „јас, тате, мама и бате“ партија, мора да стави прст на чело. И сериозно да се запраша до кој степен сите ние сме отупавени.

И се разбира, после оваа изјава, во телевизиските студија и редакции ќе нурнат хорди од аналитичари. Некои ќе зборуваат паметно (на пример дека не е ништо страшно кога би се случиле Уставните измени), а некои ќе лупетаат празна слама. Но, да се вратиме на самиот почеток на текстот и разработиме околу тоа што јас имам проблем со терминот – патриотизам?

Начелно речено немам никаков проблем. Ама во „поединечни детали“ имам разни приговори. Па, ајде да тргнеме со ред.

На прво место, апсурдно е на патриотизмот да му се лепи позитивен предзнак. Можеби тоа на некој нема да му биде драго што го слуша, ама (нагласениот) патриотизам не може, да речеме, да му се оспори на Хитлер, Мусолини, Франко или Пиноче. Овој пример, имено, не значи ниту тоа дека патриотизмот се врзува за нешто деструктивно или лошо. Далеку од тоа. Ама според мое скромно мислење, патриотизмот дава најдобри резултати кога е тивок, питом и – ненасилен.

Што, од друга страна, не може да кажеме дека нашите „патриоти“ се тивки, питоми и ненасилни. Нашиот патриотизам, драг мој народе, од секогаш се води на оган, меч, врескање и урликање. Која сака да знае повеќе за патриотизмот, за неговите манифестации и облици, нека ја бара авторката Дубравка Стојановиќ. Нека ги прочита нејзините книги и ќе види во детали како функционира патриотизмот.

Врескањето „јас сум патриот“ е под точка број два! Патриотизмот како возвишено чувство не би требало да има врска со среброљубие и користољубие. Нашиот патриотизам паѓа и на тој испит. Тажно е кога се слушаат оние самопрогласени „вмроовски патриоти“ кои се одлично позиционирани во општеството, сите тие дебело ја „уновчија“ љубовта кон татковината. Некој ќе праша: како ја „уновчија“? Со кукање, како поинаку?! Со кукање за неправдите на светот, вселената и млечниот пат. А посебно ја капитализираат темата кога серат за југословенското минато. Без разлика што сите „вмроовци“ беа дел од комунистичкото миље пред деведесеттите години од 21 век.

Значи, за да бидеш прав патриота мора да кукаш и себеоплакуваш (секаде и на секое место), да ја срамиш државата и плукаш. И така влегуваш во списокот на подобни патриоти. Оние другите, во основа, кои те интегрираат во светот, прават мировни договори, те внесуваат во НАТО, не ги делат луѓето на „вакви или такви“, тие ги нарекуваат предавници или комунистички петоколонаши.

Патриоти, продолжете да кукате, продолжете да ја срамите државата пред светот и Европа, и само чекајте – реков и погоре – од „љубов“ кон својата татковина знаеме многу добро кој се уновчи и набалира опасен кеш. Чекајте ја својата шанса како на томбола. И само кукајте!


Текстот е личен став на Авторот. Извор: Frontline
Ненад Јовановиќ патриотизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.