Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување ја утврдува стручна комисија формирана од министерот за здравство. Со Уредбата за начинот и методологијата за утврдување и донесување на листата на лекови кои паѓаат на товар на средствата на Фондот се дефинира: кои податоци за лековите ги содржи, меѓу кои се и режимот на пропишување и индикациите, а се содржат и ограничувања за лековите во начинот на пропишување, издавање и/или примена на лекот во одредени индикации или напомени за лекот, меѓу кои се и медицинската дијагноза утврдена во согласност со меѓународната класификација на болести и мислењето на…
Неопходно е болницата веднаш да се стави во функција, и независно што градинките и училиштата се под локално ниво сметаме дека ние треба целосно да го финансираме тоа реновирање и битно е Комисијата и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија да дадат што е можно побрзо проценка за да може брзо да се интервенира со финансиски средства од страна на ресорните министерства, изјави министерот Милевски Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, денеска, з заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за информатичко општество и администрација…
ЈП Водовод и канализација – Скопје упатува апел до граѓаните на град Скопје за одговорно однесување кон атмосферската канализација, имајќи ги предвид кражбите на решетки на сливници во изминатите неколку дена. Во текот на изминатите неколку дена е извршена кражба на 10 решетки на сливници на ул. Среќко Пужалка и 5 на ул. Финска. Случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Дел од решетките на сливниците се заменети, а дел ќе се заменат во најбрз можен рок, информираа денеска од ЈП Водовод и канализација – Скопје. Од ова претпријатие апелираат за одговорно однесување: – ЈП Водовод и канализација –…
Државјанка на Северна Македонија починала вчера во Клиничкиот универзитетски центар на Косово, како последица на повредите здобиени во неодамнешна сообраќајна несреќа, јави дописникот на МИА од Приштина. Во кратката информација во 24-часовниот извештај на косовската полиција се наведува дека несреќата во која настрадала жената се случила на 3 јануари на националниот пат Приштина – Урошевац. По налог на надлежен обвинител, телото на покојната жена, за чиј идентитет нема податоци, е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.
Во живо ја пренесуваме прес-конференцијата за увид во штетите од земјотресот во Битола, по средбата во Општината со претставници на Владата на РСМ
Министерството за економија денеска ја одзема лиценцата на туристичката агенција „Беса Травел“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот Фејсбук профил. – По барање на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на субјектот ДТППУ БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ експорт –импорт со адреса: село Рашче, Општина Сарај – Скопје, подружница БЕСА ТРАВЕЛ со адреса улица Стив Наумов број 2/2-3 Скопје, при што е констатирано дека истиот не обавува дејност, односно не работи. Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи по наше барање, има доставено известување бр. 09-26-51 од 11.01.2021 година со кое информира дека правниот…
Повеќе од 100 битолчани вчера, уште на првиот ден, поднеле барања за проценка на штетите од земјотресите на шалтерите на општината. Врз основа на доставените барања, комисијата од oпштина Битола ќе изврши проценка на штетите на терен, по што ќе постапи, а барањата можат да се доставуваат до среда, 26. јануари годинава. Денеска во Битола претставници на Владата, предводени од вицепремиерот Љупчо Николовски, одржуваат работен состанок со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, во врска со настанатите штети. Советот на Општина Битола веќе достави барање до Владата за помош по претрпените штети од земјотресот. По средбата, за денеска во 13.00…
Ковачевски најави интензивирање на инфраструктурите проекти на Коридорот 8 што ќе обезбеди подобро поврзување на Северна Македонија и Албанија. Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски, заедно со секретарот за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ денеска се сретна со претседателот на Република Албанија Илир Мета. На средбата беше разговарано за повеќе актуелни теми со фокус на соработката меѓу двете соседни земји, иницијативата Отворен Балкан и процесот на евроинтеграции. Претседателот Ковачевски изрази уверување дека досегашната соработка помеѓу двете земји дополнително ќе се интензивира преку иницијативата Отворен Балкан и дека двете држави наскоро ќе ги започнат преговорите со…
Претседателот Родриго Дутерте неодамна нареди апсење на сите невакцинирани граѓани кои ги напуштаат своите домови без оправдана причина. Филипинските власти одлучија сите жители на главниот град Манила, кои не се вакцинирани против ковид-19, да немаат право да користат јавен превоз, јави ДПА. Таа одлука е донесена во време кога се зголемува бројот на новозаразени со варијантата Омикрон. Во Манила и околните области има околу 13 милиони жители. Согласно одлуката, доколку некој сака да купи билет за градски превоз, лицето ќе треба да покаже сертификат за вакцинација и документ за да го докаже својот идентитет. Исклучок се само оние лица, кои…
Во меѓувреме, експертите на Светската здравствена организација предупредија дека администрирањето на засилувачките дози од оригиналните вакцини против Ковид не е остварлива стратегија против новите варијанти и повикаа на нови вакцини кои подобро штитат од трансмисија. Американскиот епидемиолог и експертка од Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19, Марија Ван Керхове, истакна дека варијантата Омикрон не значи лесна форма на болест. Во видео клипот објавен на нејзиниот налог на Твитер, Керхове рече дека појавата на Омикрон што циркулира нашироко и кој многу ефикасно се пренесува меѓу луѓето е она што предизвикува нагло зголемување на случаите на коронавирус во светот. Таа истакна дека…
По првичното констатирање на вирусот кај единки во одгледувалиште во делчевското село Драмче, како што истакна Бабовски, спроведена е акција за депопулација на домашните свињи во радиус од три километри од првичното жариште, за што сопствениците ќе добијат финансиско обештетување. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, денеска имаше работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски. Единствена точка беше појавата на африканска авинска чума на подрачјето на Општина Делчево и мерките кои се преземаат за нејзино сузбивање. По првичното констатирање на вирусот кај единки во одгледувалиште во делчевското село Драмче, како што истакна Бабовски, спроведена…
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, седницата за избор на новиот состав на владата ќе ја свика в сабота, 15 јануари 2022 година, во 11:00 часот. Ова Џафери му го соопштил на мандатарот Димитар Ковачевски на денешната средба кога тој во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа. – Денеска, мандаторот за состав на новата влада на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, официјално му ги достави на претседателот на Собранието, Талат Џафери, Предлог-составот и Предлог-програмата за работа на новата влада. На средбата посочи дека очекува изборот на членовите на владата и нејзината програма да бидат…