Author: НОВА ТВ Balaban

Претседателот на Владата на Р.С. Македонија, Димитар Ковачевски, преку Твитер ја осуди одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики“. „Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики“. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015“, објави Ковачевски. Тој претходно додаде и дека „Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат“. Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни…

Read More

Денеска (21.02.2022), во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 62-годишно лице од Битола затоа што околу 05.55 часот во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил 44 годишник од Битола, кој починал на местото. Според пријавеното, претходно убиениот со употреба на сила влегол во куќата на приведениот и со остар предмет се заканувал на ќерката која е негова поранешна сопруга. Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Read More

Од вкупниот број на позитивни (234), регистрирана е 31 реинфекција, а 1.491 пациент оздравел  Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.318 тестови, а регистрирани се 234 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 180, Кавадарци – 19, Куманово, Прилеп и Неготино – по 6, Велес – 4, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Битола, Струмица, Струга, Свети Николе, Дебар, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1. Од вкупниот број на позитивни (234), регистрирана е 31 реинфекција. Регистриран e 1.491 оздравен пациент од: Скопје – 749, Тетово…

Read More

Изработени се 50 примероци (од клиника и пунктови) позитивни на SARS CoV-2 со RT -PCR ( три гена) од Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Струга, Кочани, Велес, Св. Николе, Штип, Виница и Гевгелија Подваријантата на вирусот омикрон, БА2, односно стелт, е откриена уште кај 20 инфицирани со вирусот чии примероци биле испитувани во периодот од 14 февруари до денеска, додека 29 пациенти се позитивни на омикрон варијантата на вирусот БА1, потврдуваат за НОВА ТВ од Институтот за јавно здравје. – Изработени се 50 примероци (од клиника и пунктови) позитивни на SARS CoV-2 со RT -PCR ( три гена) од Скопје, Кавадарци,…

Read More

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид на работните активности на делницата Крупиште – Кочани од новиот експресен пат Штип – Кочани. При обиколката на теренот, каде градежните активности се одвиваат со засилен ритам беше изразено задоволство и уверување за остварен вкупен прогрес од 75% од делницата долга речиси 14 километри и беше посочено дека и во време на КОВИД -19 пандемијата интензивно се работеше на изградба и реконструкција на главните патни делници низ земјата, а годинава се задржува силно…

Read More

Три лица физички нападнале вработен во кумановското претпријатие „Чистота и Зеленило“, соопшти денеска СВР Куманово. Насилството во полицијата го пријавил колега на работникот. – Вчера во 16:15 часот во СВР Куманово, Г.П. – вработен во Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово, пријавил дека на Градска депонија „Краста“ неговиот колега Д.М.(46) од Куманово бил физички нападнат од М.Џ. (22), С.Џ. (51) и Н.Џ. (50) со тврд и метален предмет, соопшти полицијата. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот. 

Read More

Досегашната в.д. директорка на Царинската управа, Славица Кутиров, е реизбрана за директорка на оваа државна институција. Според Кутиров, која е  в.д. од август минатата година, реизборот е потврда за квалитетното менаџирање на Управата во претходниот период. Таа нагласува дека Царинската управа е значајна институција која има високо ниво на усогласеност со регулативата и стандардите на ЕУ и во континуитет дава силна поддршка на бизнис секторот и легалната економија во целина. – Како директор на Царинската управа, продолжувам во спроведување на сите законски надлежности и приоритетите за развој на институцијата. Во следниот период, целокупното работење го насочуваме кон реализацијата на повеќе…

Read More

465 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 488 надвор од населено место Во текот на вчерашниот ден (20.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 953 возачи. Од нив 77 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 17 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 465 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 488 надвор од населено место. Засилените…

Read More

Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска оствари работен состанок со правниот советник во амбасадата на САД, Кол Радовиќ и со директорката на ИНЛ секцијата, Џоана Кетцман. На состанокот, како што информира Судскиот совет, било дискутирано дека транспарентноста на судството, финансиското менаџирање, дигитализацијата, како и пополнувањето на судовите со професионален кадар е од исклучителна важност за успешно спроведување на реформите во создавањето на независен и објективен судски систем. Тимот од амбасадата на САД изразил поддршка за Судскиот совет за имплементација на клучните функции.

Read More

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа првиот отворен дијалог за новата методологија која ќе понуди одржлив и континуиран раст на пензиите во иднина. Воедно, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на Пензискиот фонд. Анализите ќе овозможат да се дефинира моделот и методологијата на покачување на пензиите, а процесот ќе се одвива низ отворен дијалог и меѓусебно разбирање на сите засегнати страни, исто како што се одвиваше и процесот врзан за покачување на минималната плата. На средбата во Владата присуствуваа претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери како и Заменик-претседателот на Владата задолжен за…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска се сретна со директорот на НВО Челим од Италија, регионалниот претставник на проектот и со Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје, како имплементатори на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување на ромската заедница“, како дел од ИПА II Акциска програма 2017, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Министерката  посочи дека Министерството за труд и социјална политика посветено работи на креирање на политики и активности кои што треба да бидат одговор на предизвиците на најранливите категории на граѓани. Во таа насока е и проектот кој има за цел…

Read More

Уште утре ќе се задржи сончевото и топло време. Веќе од недела, синоптичарите најавуваат локален дожд со слаб до умерен, а во западните делови, повремено засилен ветер од југозападен правец. Пообилни врнежи се очекуваат во вторник кога поради заладувањето се најавува снег на планините и на некои повисоки места. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика температурите да бидат пониски и во следните денови.

Read More