Author: НОВА ТВ Balaban

И од Комисијата за образовни и историски прашања очекува резултати и динамична работа. Сите комуникации кои нашето МНР ги има со МНР на Бугарија се во фаза на работни документи, меѓутоа доколку се дојде до одредено решение, коешто ќе биде прифатливо за двете страни, тогаш нормално тоа ќе биде комуницирано, согласно со процедурите, законите и Уставот на државата кај нас, изјави премиерот Димитар Ковачевски, посочувајќи дека министерот за надворешни работи, Бујар Османи, имаше излагање за разговорите со Бугарија пред Комисија за надворешна политика во Собранието. Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на училишта во Прилеп, Ковачевски истакна дека е внесена…

Read More

Претседателот на Владата Ковачевски за време на посетата го означи почетокот на првиот подготвителен натпревар за регионалниот турнир во одбојка кој се одржува во новата современа и опремена спортска сала на училиштето. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска во Прилеп го посети основното училиште „Кире Гаврилоски – Јане“. Основното училиште „Кире Гаврилоски – Јане“ е едно од најстарите училишта во општината и минатата година беше целосно реконструирано и првпат по 60 години доби и современа спортска сала, информираа денеска од Владата.   За време на обиколката на училиштето…

Read More

Луѓето кај вас треба да разберат дека Бугарија ниту некогаш имала желба, ниту сега има, ниту ќе има желба да го менува идентитетот на луѓето во Северна Македонија, односно дијалогот за историјата е потребен, но тука не станува прашање на никаков начин да се посегне по идентитетот на луѓето во Република Северна Македонија, вели Бојко Василев Новиот квалитет и динамика во македонско-бугарските односи посветени на решавање на спорот, кој го блокира стартот на преговорите за членство, наиде на различни реакции во домашната јавност. Една од дилемите кои се отворија во јавната дебата е улогата на историските прашања за кои се…

Read More

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе 4 кривични пријави против А.Ш.(39), Ѓ.Ш.(36), Е.Ш.(37), С.Ш.(30), И.Ј.(44), М.Р.(21), С.Р.(32), Ф.Р.(37) и С.Р.(32), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за нелегално тргување со отпад, односно за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 став 3, а во врска со член 22 од Кривичниот закон. Осомничените А.Ш., Е.Ш., И.Ј., С.Р. и Ф.Р. во текот на 2019, 2020 и 2021 година откупувале, собирале и складирале секундарни суровини (отпад) и хаварисани возила на повеќе локации во Струмица, кои подоцна ги носеле и…

Read More

На 30.01.2022 околу 19.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода М.Н.(34) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Тој вели дека инсистирал разговорот за Гоце Делчев повторно да се отвори, додавајќи дека, за жал, тоа ќе биде пред Мешовитата комисија по одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Делчев. Шефот на бугарскиот дел на Заедничката историска комисија со Северна Македонија, Ангел Димитров, изјави дека нема никакви промени во неа. Тие што не се во неа, доброволно си заминале и не се сменети. Како што јави дописникот на МИА од Софија Ангел Димитров во изјава за БНТ, најави дека како одговор на новата енергија во билатералните односи,  се планира поголема динамика и во нивната работа. До средината на мај треба да…

Read More

Владата предводена од СДСМ на вчерашната седница донесе одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија ќе се обезбедат од домашно производство, соопштија денеска од СДСМ. Тоа значи дека Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 часот наутро до 24:00 часот со полна моќност до 31 март 2022 година, а целата произведена енергија ќе биде откупена од АД ЕСМ. Со ова се обезбедува континуирано парно греење за Скопје. Како што вети, Владата предводена од СДСМ ги решава проблемите со кризата за топлинска…

Read More

Придружуван од неговиот музички ансамбл, Марсел Калифе започнал доживотно далекусежно музичко патување со настапи во Арапските земји, Европа, САД, Канада, Јужна Америја, Австралија и Јапонија. Oркестарот на Филхармонија овој четврток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Звукот на ориентот“ на кој ќе настапи исклучителниот мајстор на уд, композитор и вокaлист Марсел Калифе од Либан. На програмата се авторски дела на Калифе, а концертот ќе го води маестро Лубнан Балбаки од Либан. Ќе настапи и хорот „ПроАрс“. Марсел Калифе студирал уд (арапска лаута) на Националниот конзерваториум за музика во Бејрут и од тогаш, тој вдахнува нов живот на овој…

Read More

Казнети се 474 возачи во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Од нив, 74 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Како што информираа денеска од МВР, 13 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 161 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 313 надвор од населено место. Најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат…

Read More

Владата на Република Северна Македонија на 9-та редовна седница, која се одржа преку видео-конференциска интернет комуникација ја разгледа и усвои Информацијата во врска со План за производство на АД „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје за февруари и март 2022 година. Согласно ова, донесена е одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 часот наутро до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од…

Read More

Откако министерот за здравство, Беким Сали, попладнево преку објава на Фејсбук ги покани професорите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело  Марковски да членуваат во новата Комисија за заштита на населенито од заразни болести, или, да бидат дел од неговиот тим на советници, тие не ја прифатија поканата. Проф.д-р Никола Пановски, кој неодамна изјави дека сега, по речиси две години, не би сакал да биде член на Комисијата за заштита на населението од заразни болести, вечерва ни изјави: – Јас на Фејсбук ли треба да му одговорам? Совети на сите им давам, секако и на министерот ако побара, не мора официјално…

Read More

Шведска стана европски шампион во ракомет – со само еден бод разлика (27:26), со погодок од пенал на Никлас Егберг, вечерва во Будимшпешта ја победи и ја детронизираше  репрезентацијата на Шпанија. Во самиот крај на натпреварот, при резултат 26-26, Кањељас не постигна гол, а во последните секунди направи и пенал, па Егберг ѝ ја донесе победата на Шведска. По дури 20 години, ова е петти златен медал на континенталните натпреварувања за Шведска, а „фуријата“, во последниве две години ја бранеше титулата, но вечерва не успеа да дојде до уште едно злато. 💪 The winning goal for @hlandslaget 🇸🇪, by…

Read More