Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Даниловски, Пановски и Марковски не ја прифаќаат Фејсбук поканата на министерот Сали ни за членови на Комисијата, ни за советници

0
By НОВА ТВ Balaban on January 30, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
FOTO denesen.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 30, 2022 22:37

Откако министерот за здравство, Беким Сали, попладнево преку објава на Фејсбук ги покани професорите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело  Марковски да членуваат во новата Комисија за заштита на населенито од заразни болести, или, да бидат дел од неговиот тим на советници, тие не ја прифатија поканата.

Проф.д-р Никола Пановски, кој неодамна изјави дека сега, по речиси две години, не би сакал да биде член на Комисијата за заштита на населението од заразни болести, вечерва ни изјави:

– Јас на Фејсбук ли треба да му одговорам? Совети на сите им давам, секако и на министерот ако побара, не мора официјално функција да имам.

Проф.д-р Драган Даниловски за НОВАТВ вечерва изјави „Ќе го повторам тоа што неодамна го изјавив во врска со членувањето во Комисијата за заразни болести, само што тука го додавам и тимот на советници“.

– Министерот ми нема врачено директна, лична покана. Поканата е упатена само преку социјалните мрежи. Како и да е, не прифаќам членување во Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство ниту во тим на советници. Овој мој став се темели на свесноста дека ниту Комисијата за заразни болести ниту било каков тим на советници никогаш не може автономно да функционираат! Зошто? Затоа што таа претставува само советодавно тело на Министерот за здравство. Таа нема ингеренции да носи извршни одлуки, туку само заклучоци, кои му ги предлага на Министерот. Тој може, ама не мора, да ги прифати. Крајната одлука е само негова и би требало да биде извршна. Арно ама, ниту неговите одлуки во тек на пандемијава не се извршни. Треба да  поминат на Кризен штаб при Владата – евентуално да се модифицираат (влијание на политика!) – и дури потоа формално да се прифатат од Владата – вели проф.д-р Даниловски.

Тој додава дека „тимот на советници би имал сосема ист статус и ингеренции како и комисијата“!

– Во таков амбиент, за мене е неприфатливо да ја жртвувам својата автономија. Останувам со автономен, независен статус како досега – член на универзитетската заедница – и продолжувам да функционирам волонтерски во врска со сѐ што значи стручна помош секому што ќе ми ја побара – на Министерот за здравство, но, пред сѐ, на граѓаните, нагласува проф.д-р Даниловски.

И проф.д-р Вело Марковски претходно вечерва за НОВАТВ изјави:

– Првпат слушам. Објави на Фејсбук не вреди да се коментираат, ни рече проф.д-р Марковски.

(Љ.Б.)

Вело Марковски драган даниловски министерот Сали не ја прифаќаат Никола Пановски Фејсбук поканата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.