Author: НОВА ТВ

Ковид пандемијата во четвртиот бран силно го погоди Гостивар и околината. Близу сто илјади жители во овој регион го живеат најлошиот период од корона кризата во изминатите две години. Потврда на состојбата се податоците од ковид статистиката. Минатата недела ниту еднаш немаше новоинфицирани под 100 и регионот е во самиот врв на листата на извештаите. Црниот рекорд беше достигнат во четвртокот кога беа регистрирани 216 позитивни на Ковид – 19, а петмина починати. Животот во градот и околните населби е подреден на состојбата со пандемијата, која според оценките на медицинските лица е крајно сериозна. Тие потврдуваат и дека се зголемува…

Read More

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, упати честитки до својот колега, Јанис Хаџитеодосиу, по повод изборот за нов претседател на Унијата на стопанските комори на Грција, со надеж за продолжување на долгогодишната соработката што ја имаа двете комори на полето на бизнис заедницата. Во честитката, претседателот Азески, ја потврди својата определеност дека и понатаму ќе продолжи на реализирањето на договорените активности помеѓу двете комори од интерес на бизнис заедниците од двете земји и најави дека ќе оствари официјална средба со својот колега Хаџитоедосиу, во текот на месец септември во рамките на регулирање на односите во повеќе области.…

Read More

Околу 40 илјади граѓани од денеска ќе можат да ги подигаат новите лични карти на кои ќе биде впишано новото име Република Северна Македонија. Печатењето и издавањето на личните карти е деблокирано откако Владата со подзаконски акт го овозможи тоа. МВР два месеца не можеше да издава лични кари со новото име на државата и согласно Законот за употреба на јазиците, бидејќи во Собранието е заглавен Законот за лични карти, кој опозицијата го блокира со над 1.500 амандмани. За опозицијата, регулирањето на ова прашање со подзаконски акт е кршење на Уставот и на законите. Власта, пак, тврди дека издавањето на…

Read More

На 15 август, кога Талибанците влегоа во главниот град на Авганистан, Кабул, авион на американските воздухопловни сили безбедно евакуираше 823 авганистански државјани – од кои 183 деца. Бројот на патници беше рекорден за Boeing C-17 Globemaster III – транспортниот авион со четири мотори, кој беше во центарот на авионското превоз од меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“, пишува Би-Би-Си. Развиен во 1980 -тите, со прв лет во 1990 -тите, сега го користат земјите ширум светот за превоз на војници, товар и понекогаш за евакуација на луѓе. Една Авганистанка во неделата дури и се породи на Ц-17. Таа се евакуира додека авионот бил…

Read More

Неделава треба да пристигнат првите 250 терминали за читање на отпечатоци од прсти што ќе се применуваат на локалните избори на 17 октомври. Како што најави претседателот на ДИК Александар Даштевски во неодамнешното интервју за МИА, фингерпринт апаратите треба да бидат во земјава на 25 август. Германската компанија „Дермалог“ со која ДИК потпиша договор вреден 11 милиони евра, покрај испорака на терминалите за читање отпечатоци од прсти, ќе се грижи и за системот за нивно функционирање, како и за одржување во следните четири години односно четири изборни циклуси. Меѓу другото, вработени од компанијата „Дермалог“ треба да направат технички преглед на терминалите,…

Read More

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 638.428 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.275 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.623 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.134.231 дози вакцини, а ревакцинирани се 495.803 граѓани.    Со последните бројки 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 67% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза…

Read More

Активни се четири пожари во земјава. Се уште е активен пожарот кај селата Раовиќ и Буковиќ во општина Сарај, на недостапен терен кон сртот на планината Осој. Во текот на утринските часови не се гледа ни чад, ни оган на кракот кон селото Раовиќ кај антената на „Т-мобиле“. Се уште гори нискостеблеста мешана и деградирана шума, соопшти на денешната редовна прес-конференција Надица Вчкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Се уште е активен пожарот во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица во општина Прилеп е се уште активен, но засега нема опасност од проширување. Повторно е активиран пожарот…

Read More

Ја потсетуваме Владата дека причината што веќе постои договор за одбранбена соработка меѓу Грција и Северна Македонија, како и преземање на нејзината воздушна одбрана од грчки воени авиони, обука на специјалните сили, падобранци и нуркачи, обука за сајбер -одбрана и заеднички вежби на двете земји, е Договорот од Преспа, соопштуваат од грчката партија СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.  Соопштението доаѓа откако вчера, портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на редовниот брифинг со новинарите го коментираше потпишаниот договорот за воена соработка меѓу Северна Македонија и Турција и рече дека во пракса се покажува дека се наивни и површни ставовите…

Read More

Импресивната соработка, помошта којашто во континуитет ја добиваме од нашиот најголем и најважен стратешки патнер САД во реализација на големи и за нас многу битни проекти во изминатите повеќе од 20 години во здравствениот сектор продолжува со заеднички прогресивни идеи и исти вредности – истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче кој беше во посета на Здравствениот дом во Пробиштип. Поводот за посетата на оваа здравствена установа,  на која присуствуваа и генерал-мајорот Грегори Најт и вршителот на должност амбасадор на САД Ерик Мајер е донацијата на САД со која комплетно се реновирани просториите и влезот во Итната Медицинска помош, а…

Read More

Јавниот увид на Избирачкиот список за локалните изборите ќе започне утре и ќе трае до 9 септември. Тогаш ДИК на увид ќе ја стави новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите. Во овој рок граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази. Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии е 24 септември, додека Избирачкиот список…

Read More

Во првите шест месеци годинава врз основа на претставки примени од незадоволни осигуреници, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) на три осигурителни друштва им изрече четири мерки од кои две се парични глоби.  Од АСО информираат дека заклучно со 30 јуни годинава добиле 82 претставки од осигуреници кои биле незадоволни од работата на осигурителните компании. Во споредба со истиот период лани, годинава бројот на поднесени претставки е двојно зголемен. -Од вкупно 82 претставки во првото полугодие годинава 16 се решени во корист на подносителите т.е. осигурениците кои во АСО пријавиле дека се незадоволни од тоа како компанијата ја решила пријавената штета.…

Read More

Сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи можат да се пријават на онлајн апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk до 25 август. Бидејќи тестирањето на досега пријавените кандидати ќе се спроведе на 19 и 20 август, за сите пријавени кандидати во периодот од денес (18.08.2021) до 25 август, ќе биде организирано дополнително тестирање, соопшти Државниот завод за статистика. Списоците на досега пријавените кандидати и информациите за времето и местото на тестирање се објавени во комисиите на пописните реони. Контактите со овие комисии и дополнителни информации поврзани со тестирањето се достапни на линкот: https://popis2021.stat.gov.mk/PopisniReoni.aspx

Read More