Author: НОВА ТВ

САД се гордеат што ја прославуваат заедно со Северна Македонија 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор којшто одигра суштинска улога во воспоставувањето на Северна Македонија како мултиетничка демократија и спречување на поголем конфликт, нагласи денеска Едвард Прајс портпарол на Стејт Департментот во видео порака на конференцијата „По Охрид“. – Ги поздравуваме постигнувањата и напредокот остварен од земјата во изминатите години кои ја позиционираа Македонија многу добро во регионот. Вашиот напредок со Преспанскиот договор покажа дека дипломатијата е возможна и носи плодови, истакна Прајс. Во скоро време по Преспанскиот договор, додаде, ви беше посакано добредојде како 30. сојузник во НАТО.…

Read More

Имавте многу тешкотии на вашето патување. Имавте потешкотии во врска со вашето име, кое беше решено. Имавте проблеми со вашиот јазик, кое што исто така е разрешено и по договорот со НАТО сигурен сум дека многу скоро ќе имате можност да започнете формални разговори со Европската унија, изјави поранешниот висок претставник на ЕУ Хавиер Солана, во рамки на своето видео обраќање на конференцијата „По Охрид“ по повод 20 години од потпишувањето на  Рамковниот договор. – Ми претставува задоволство што имам можност со вас да прославам 20-годишнина од Охридскиот рамкоцен договор. Тој договор значеше многу за вас и вашиот народ, но, исто…

Read More

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе го следи целиот изборен процес и во случаите со основи за сомневања за прекршување на законите, ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе побара преземање активности во рамки на нивните надлежности. Како што информира Катица Николовска од ДКСК, говорејќи за активностите на Комисијата во однос на целиот изборен процес за претстојните Локални избори 2021, во изминатата недела во Комисијата се примени 60 барања за мислења од институции, за што, според неа, постои правна несигурност во однос на одлучувањето во самите институции и бараат согласност од…

Read More

Да ги почитуваме постигнатите договори, да успееме заедниците во оваа држава да бидат господари на нивните судбини, да не ни пречи ниту јазикот, ниту културата на другиот. Скеое унапредување на јазикот и културата на другиот е напредок на државата. Колку е полојална државата кон граѓаните толку полојални се граѓаните во државата. Имаме уште многу да направиме и ќе направиме. Ова е пораката што лидерот на ДУИ Али Ахмети ја упати на денешната конференција на тема „По Охрид“, по повод 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. – Целосната имплементација и примена на Охридскиот мировен договор, на Преспанскиот договор и…

Read More

Кина денеска ги отфрли повиците на Светската здравствена организација (СЗО) за повторно отворање истрага за потеклото на Ковид-19, соопштувајќи дека ги поддржува „научните“, а не „политичките“ напори да се открие како настанал коронавирусот. Врз Пекинг повторно расте притисокот да спроведе нова истрага за почетокот на пандемијата од која во светот досега загинаа повеќе од четири милиони лица и ги парализира економиите ширум светот, откако во декември 2019 година првично се појави во кинескиот град Вухан. Тим меѓународни експерти на СЗО во јануари годинава отпатуваа во Вухан за да состави извештај за потеклото на коронавирусот, напишан заедно со нивните кинески колеги.…

Read More

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека следува период на стабилно и топло време. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени. Дестабилизирање на времето се очекува од среда кога и температурите постепено ќе бидат во опаѓање. Како што објави претходно УХМР, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени.

Read More

Одбележуваме значајна годишнина од договорот со кој беше обезбедена мирната иднина и натамошна демократска изградба на Северна Македонија со еднакво учество на сите нејзини етнички заедници. Договорот ги постави темелите врз основа на кои ние како новоформирана влада во 2017 година го градиме нашето заедничко – едно и еднакво општество, вклучувајќи ги и почитувајќи ги подеднакво сите етнички идентитети и интереси на сите граѓани кои живеат овде, порача премиерот Зоран Заев на обраќањето на конференцијата „По Охрид“ по повод 20 години од потпишувањето на  Рамковниот договор. После Охрид, нагласи Заев, нашата земја гради зрели политики, и наместо конфликти разговараме за…

Read More

Министерството за здравство започнува со редовни анализи на неделно ниво, која секој петок ќе ја објавува во јавноста, а се однесуваат на процентот на вакцинирани меѓу позитивните случаи и починатите од Ковид 19 во државата. Во оваа анализа за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од  примање на втора доза вакцина. Во период 06.08 до 12.08.2021 на територија на државата 3497 граѓани се позитивни од тестирани, од кои 450 биле целосно вакцинирани, односно само 12,8%. Голем процент, дури 87,1% или 3047 граѓани од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Смртноста…

Read More

Охридскиот рамковен договор ги постави новите правила на општествената кохезија и подоброто меѓуетничко функционирање, и беше најцврстиот темел врз кој го трансформиравме видливо нашето мултиетничко, мултиконфесионално и мултикултурно општество, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на свечената академија по повод 20 годишнината од потпишувањето на договорот. – Издржавме цврсто и се трансформиравме како општество, созреавме како политичари, како граѓани, ни се отворија хоризонтите и успеавме да ја согледаме големата слика пред која стоиме сите заедно, со една заедничка јасна цел пред нас – а тоа е, Република Северна Македонија да биде успешна приказна за напредна парламентарна демократија, современа, сега…

Read More

САД силно го поддржуваат продолжувањето на напорите на Западен Балкан за продлабочување и сеопфатно зајакнување на регионалната економска интеграција, во согласност со правилата и стандардите на ЕУ, изјавил портпарол на Стејт департментот за Топ чанел. На прашањето за ставот на САД кон иницијативата „Отворен Балкан“, прифатена од Албанија, Србија и Северна Македонија, а на која со скептицизам гледаат Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, портпаролот рекол дека САД ги охрабруваат лидерите во регионот „да се обидат да најдат можности за намалување на трговските бариери, зголемување на економската конкурентност и изградба на интегрирани, динамични економии во служба на своите граѓани“.…

Read More

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 571.392 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.808 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.574 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.033.584 дози вакцини, а ревакцинирани се 462.192 граѓани. Со последните бројки 67% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза…

Read More

Една недела по прогласувањето на кризната состојба во државата поради пожарите,  заклучно со вчерашните податоци на Центарот за управување со кризи, мал е бројот на активните. Паралелно се продолжува со подготовки за проценки на штетите на зафатените локации од пожарите, но и за утврдување на причините за нивно избувнување. Според надлежните, дел од пожарите во земјава се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе и токму заради тоа мора да имаме посериозна одговорност. На територија на земјава до синоќа имаше два активни пожара, во скопското село Раовиќ и на потегот меѓу селата Барово и Вешија, каде на непристапен…

Read More