Author: НОВА ТВ
Францускиот премиер Жан Кастекс најави дека ќе ги „блокира цените на гасот“ до април со помош на „тарифниот штит“, јави дописникот на МИА од Париз. – Мораме да управуваме со исклучителниот „скок“ на цените на гасот оваа зима. Овој ценовен „удар“ се очекува да исчезне на пролет, рече Кастекс. Регулираните цени на гасот денеска ќе пораснат за 12,8 отсто – „последно покачување“, вети Кастекс, откако пораснаа за 25 отсто летово под притисок на светските пазари. Во средината на септември, шефот на Владата објави исплата од 100 евра во декември за 5,8 милиони корисници на енергетски чек. Сепак, без „тарифниот штит“,…
Предлог решението кое предвидува скратено работно време на јавната администрација во петок, е ставено на ЕНЕР. Допрва ќе се отвора дискусија по ова прашање, граѓаните треба да го кажат своето мислење, а Владата внимателно слуша, рече денеска премиерот Зоран Заев. Одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот инвестициски циклус во „Пивара“, Заев го сподели својот впечаток – дека граѓаните очекуваат администрацијата што ја плаќаат да работи поефикасно, а не помалку ефикасно. Тоа се, рече, и неговите очекувања. Според него, треба да направиме дополнителна рационализација на администрацијата. -Ги знаете моите ставови и за севкупната продуктивност на населението и севкупната продуктивност…
КОВИД-позитивни од тестирани во периодот од 6 август заклучно со 30 септември 2021 во државава се 35 531 граѓанин. Од нив, 23 отсто односно 8233 лица биле целосно вакцинирани, соопшти Министерството за здравство, напомнувајќи дека за вакцинирани се сметаат лицата со две дози и кои поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза вакцина. -Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД-19. Според статистиката за изминативе недели, 27 298, граѓани, односно 77 проценти од позитивните не биле вакцинирани, наведува Министерството кое денеска објави анализа за речиси два месеца. Невакцинирани се 79 отсто кои во наведениот период…
Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар на онлајн средба со бугарските медиуми изјави дека САД се надеваат оти Северна Македонија и Албанија ќе ги започнат преговорите за членство со ЕУ во текот на оваа година. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Ескобар нагласи дека САД се убедени оти Северна Македонија и Албанија направија важни, понекогаш и болни реформи, за да се придвижат кон членството во Европската унија. Затоа, според него, двете држави заслужуваат преговорите да ги започнат што е можно поскоро. – Се надевам дека сите европски држави ќе ја разберат стратешката важност…
Коосновачката на фармацевтската компанија „БиоНТек“, Озлем Туречи, изјави дека коронавирусот сигурно ќе остане меѓу населението уште неколку години. Во изјава за американската телевизија Си-Ен-Би-Си, Туречи нагласи дека светот се уште се бори против коронавирусот и дека компанијата, која заедно со „Фајзер“ ја развива вакцината против коронавирусот, внимателно ја следи ситуацијата кога станува збор за можни нови видови. -Во овој момент, третата доза, која предизвикува дополнителен имунолошки одговор, само по себе дејствува заштитно за секоја постојна варијанта на вирусот, рече Туречи, пренесена од „Дејли Сабах“. Таа, исто така, изјави дека вакцините на „Фајзер“ можеби во иднина нема да го заштитат населението…
Од денеска личната карта веќе не важи за влез во Обединетото Кралство, која во иднина ќе бара од европските и швајцарските граѓани да ги покажат своите пасоши, што е една од последните последици од Брегзит. Британското Министерство за внатрешни работи посочува дека оваа промена ќе овозможи „организираните криминални банди и други лица да бидат спречени да го злоупотребуваат системот“, бидејќи личните карти, како што вели, се „незаштитен“ документ. Бројките на министерството покажуваат дека 48 проценти од фалсификуваните документи откриени на границата на Обединетото Кралство во 2020 година се европски и швајцарски лични карти. „Овие документи полесно се фалсификуваат отколку пасошите“,…
Северна Кореја успешно тестираше противвоздушна ракета „неодамна произведена“, објави денеска официјалната новинска агенција КЦНА. „На 30 септември, Демократска Народна Република Кореја лансираше експериментална противвоздушна ракета што неодамна ја произведе. Извонредните борбени карактеристики на „проектилот“ се тестирани со воведување нови клучни технологии“, објави КЦНА. Овој експеримент доаѓа по серијата лансирања на оружје. Пјонгјанг оваа недела извести за суперсоничен ракетен тест, кој, доколку се потврдат информациите, е голем технолошки напредок бидејќи ракетата лета пет пати побрзо од звукот. Како што пренесуваат странските агенции, овие експерименти ја запрепастија меѓународната заедница, а САД, Франција и Велика Британија повикаа на вонредна седница на Советот за…
Прв академски час ќе се одржи денеска на факултетите во државава, со што ќе се означи почетокот на новата академска 2021/22 година. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, како што е најавено, ќе има видео обраќање на првиот академски час на студентите на Правниот факултет, како и на студентите на Економскиот факултет. Обраќајќи им се на студентите на овие факултети, тој симболично со порака ќе им се обрати на сите новозапишани студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По повод почетокот на новата академска 2021/2022 година, прв академски час и свеченост…
Претставувајќи ги кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори, партиите продолжуваат со петтиот ден од предизборната кампања. Кандидатите и лидерите на политичките партии ги промовираат своите програми, нудејќи решенија за проблемите на граѓаните во општините. Премиерот Зоран Заев, воедно и лидер на политичката партија СДСМ, вчеравечер се обрати пред граѓаните од Гевгелија. Испрати порака дека во изминатите години се реализирале работи коишто не биле возможни да се реализираат со децении. Тој претходно присуствуваше во Валандово, Дојран и Богданци каде ги презентираше кандидатите за градоначалници од тие општини. – Од независноста до денес, не постои политичка понуда, опција, партија или идеја,…
Бројот на активни случаи во државава изнесува 12.087 од кои најголем број – 5536 се во Скопје. Во Куманово има 992 активни случаи, во Тетово 905, во Охрид 549, во Гостивар 472, во Кичево 423, во Струга 374… Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, при направени 3.425 тестирања регистрирани се 494 нови случаи на Ковид-19, 12 починати и 474 оздравени пациенти. Надлежните и натаму апелираат невакцинираните граѓани да се вакцинираат. Во текот на завчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.014 дози вакцини, од кои 1.240 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а…
Времето ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне во западните и јужните делови со повремен дожд со послаб интензитет. Попладне ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 7 до 15 степени, а дневните од 13 до 21 степен. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и свежо со утринска температура до 12 степени, а дневна до 21 степен.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен жител на Штип за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје. – Во патничко моторно возило „Сеат Толедо“ со штипски регистарски ознаки, кое осомничениот го управувал на улицата „Петар Георгиев“ во Скопје, полициски службеници пронашле 30 оригинални шишенца метадон со вкупен волумен од 300 милилитри. Синтетичкиот опијат кој е контролиран како опојна дрога бил скриен во просторот за резервна гума во багажот…