Author: НОВА ТВ
Северна Македонија покажа посветеност кон постигнување на суштински промени за европско уредување дома, но и зрелост и одлучност на вистински европски партнер, што ги разбира различните позиции и ги претвора во прифатливи решенија, затоа што ја споделуваме визијата за обединување на Европа, изјави заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров за време на специјалното обраќање на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, одржано пред дискусијата за демократските предизвици и европските аспирации за Западниот Балкан и улогата на Советот на Европа. Како што јави дописникот на МИА, вицепремиерот Димитров го почна својот говор…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 494 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 231, Куманово – 49, Велес – 31, Штип – 24, Кавадарци – 23, Охрид – 19, Кичево – 17, Прилеп и Кочани – по 16, Струмица – 12, Битола – 8, Струга – 7, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Делчево – 4, Неготино, Радовиш и Виница – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Богданци и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Ресен, Валандово, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија…
Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) едногласно го усвоија Предлог-правилник за критериумите за определување надомест на членовите на изборните органи и изборната администрација за спроведување на Локалните избори 2021. Членот на ДИК Борис Кондарко образложи дека со оглед на спецификата на Локалните избори, дека се пообемни и посложени за организирање и спроведување, во повеќе општини се спроведуваат во два изборни круга и поради новините, каде се воведува дополнително нов начин на идентификација на гласачите преку биометриски лични податоци со отпечаток од прст, ДИК одлучи на овие избори да го зголеми за одреден процент надоместокот на изборните органи и дел од…
Долгоочекуваната статистичка операција која во државава се очекуваше речиси 20 години финишира и во тек се последните теренски проверки за попишување на оние домаќинства кои од разни причини не биле опфатени досега. Вечерва во 20 часот ќе биде затворена апликацијата за попишување во земјата, но и апликацијата за самопопишување на дијаспората, информира Државниот завод за статистика. Во поголемиот дел од општините низ државата теренските активности се завршени и таму се одвиваат технички активности на раздолжување на попишувачите. Во одредени средини, попишувачите се на терен и се уште посетуваат домаќинства за никој на да не биде испуштен. – Ова се изолирани…
Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од годинава е зголемена за 0,2 проценти во однос на второто полугодие лани. Според објавените податоци од ДЗС, просечната цена на струјата во првото полугодие од годинава изнесувала 5.156 денари по киловат часови. – Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3.565 до 7.575 денари по KWh по групи на потрошувачи, се наведува во соопштението од ДЗС. Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата,…
Демократската Унија за Интеграција денеска ја продолжи презентацијата на изборните програми, претставувајќи ја програмата за Град Скопје, со којаќе учествува на локалните избори на 17 Oктомври. Ардијан Муча, носител на листата на кандидати на ДУИ за Советот на Град Скопје, нагласи дека зелената агенда е основа на планот на дејствување за следниот четиригодишен мандат, со што ќе се продолжи со континуираната реализација на приоритетите за квалитетен живот, како што се подобрувањето на патната инфраструктура, поефикасната меѓуопштинска поврзаност, стимулирањето на употреба на велосипеди, скутери и инвертери за почист воздух, создавање на нови велосипедски патеки, одржување на јавната чистота, масивното позеленување и…
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и одбранбеното аташе на Норвешка Даг Магне Лунде денеска го промовираа новиот „План за интегритет 2021 – 2024“ на Министерството за одбрана, изработен во соработка со норвешкиот Центар за интегритет. Планот за интегритет, нагласи министерката Шекеринска, не го гледаат како формална обврска, туку целта е и со политиките предвидени во планот да се остави нула простор за корупција во одбраната. – Нашата визија е да развиваме транспарентен одбранбен сектор, со разработен систем што постојано ќе гарантира интегритет. Транспарентноста и интегритетот се клучни состојки ако сакаме да аразвивме т.н. отпорни институции и отпорни општества, порача министерката…
Во Полициската канцеларија Градско претпладнево на службен разговор бил повикан 33 годишниот П.А. од Градско затоа што синоќа во 19.00 часот на ул.„Александар Македонски“ во Градско физички го нападнал 31 годишниот Д.С. од Градско, кој лепел плакати од кандидат за градоначалник, информира Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес. Додевски најави дека по целосно документирање на случајот против П.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сите средби со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји беа позитивни. Имаше три теми на разговор – економскиот инвестициски план, Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија и секако прашањето со Бугарија, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по Осмиот форум на граѓанско општество на Западен Балкан, што се одржува денеска во Скопје. Нема, посочи Заев, никаква двосмисленост или нејаснотија во желбата на сите 27 земји членки за идната интеграција на Западен Балкан во ЕУ и тоа ни беше појаснето и од претседателката на Европската комисја, Урсула фон дер Лајен и од еврокомесарот Оливер Вархеји. – Првата тема беше економскиот инвестициски…
Министерот за животна средина Насер Нуредини рече дека ќе сноси одговорност доколку Антикорупциска утврди дека биле користени службени возила за приватни цели. Нуредини, на денешната презентација на проектот „Cinderela“, одговарајќи на новинарско прашање дали чувствува одговорност за тоа што Антикорупциска побара одговорност за двајца министри помеѓу кои и тој, истакна дека целосно го почитува и поддржува тоа што институциите во оваа земја го прават, и она што антикорупциската треба да го направи за да го истражи случајот. – Отворено ве поканувам да погледнете во сите трошоци кои што ги имам јас како во институцијата, да видите дали некогаш сум злоупотребил…
Ние го немаме проблемот, но не значи дека не треба да бидеме загрижени за нешто што се случува во Западен Балкан, ако го има во соседните земји ќе дојде и кај нас. Визната либерализација има свои критериуми, свои стандарди, коишто мора да бидат почитувани и мора да бидат одржани. За жал многу често се злоупотребува, ама од поединци, истакна денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи го документот во кој се наведува дека дел од земјите-членки на ЕУ се загрижени за злоупотреба на визната либерализација. Во редовните коресподенции и соработки со Европската Унија, како што наведе претседателот на Владата, едно од прашањата…
Нема да се откажеме од инвестирањето во енергетските капацитети надвор од државата затоа што тие се важни за нашето стопанство, изјави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. Одговарајќи на новинарско прашање дали државата ќе се откаже од инвестирањето во интерконекторот по најавите од Косово дека размислува во таа насока, Битиќи рече дека нема колебање од македонска страна за ова. – Со Косово зборуваме за интерконектор. Косово досега никогаш нема кажано дека би инвестирал во терминалот во Александропулос. Ние како земја сметаме дека мораме денес, а не утре, да го направиме исчекорот за…