Author: Marta Pesevska

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во рамки учеството на овогодишниот Дубровник форум, оствари прва средба со заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел, по назначувањето на новата политичка Влада на Бугарија. Како што соопшти МНР, упатувајќи честитки за новата функција, Османи изразил задоволство што, со формирањето на новата Влада во Бугарија, се создаваат дополнителни перспективи за поинтензивен политички дијалог, а со тоа и зголемени можности за зајакнување на билатералната соработка меѓу двата соседи. На средбата министрите размениле мислење за работата на секторските работни групи, чии резултати се конкретни и видливи за…

Read More

Денеска се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ, онлајн, преку дигитална платформа. Членовите на Централниот одбор дискутираа за повеќе актуелни теми и се донесоа повеќе одлуки и заклучоци. 1.Беше оценето дека скрининг процесот во рамки на преговорите со ЕУ се одвива добро и наскоро ќе финишира успешно. Владата предводена од СДСМ, заедно со коалициските партии останува посветена на реформите потребни за продолжување на европскиот пат на земјата и остварување на стратешката цел, членство во ЕУ. Европската интеграција на земјата треба да биде обврска на секоја политичка партија. Затоа сите релевантни парламентарни партии и сите пратеници коишто иднината на земјата…

Read More

Хрватска може да и помогне на Украина на „повеќе начини“, а посебно во области за кои имаме „несреќно искуство“ од Татковинската војна, а тоа се деминирање и прашањето за одговорност за воени злосторства, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на 16. Дубровник форум 2023. – Планираме да го завршиме процесот на деминирање до 2026 година. Значи, 35 години зборуваме за деминирање на територија што е значително помала од територијата на Украина, истакна Пленковиќ на отворањето на Форумот во Дубровник на кој присуствуваат и претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, високиот претставник за надворешна и…

Read More

Постојаното намалување на инфлацијата продолжува, во месец јуни дојде до едноцифрени 9% Ова се охрабрувачки податоци и потврда за успешност на економските политики на Владата предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски. Нивото на инфлацијата во земјата, коe се спушти на 9,3% во јуни 2023 година, во однос на октомври 2022 година бележи намалување од цели 10%. Економските мерки што ги презема Владата го даваат очекуваното и инфлацијата од октомври 2022 година се движи во континуитет во надолна линија. До крајот на годината очекуваме овој тренд да продолжи и да се одржи едноцифреното ниво на инфлацијата, а во наредната година да…

Read More

Актуелните состојби во Западен Балкан беа во фокусот на разговорите на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Османи на средбата потенцирал дека забрзувањето на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан е од клучно значење за зачувување на стабилноста во регионот. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, Османи го брифирал високиот американски претставник за Планот од 9 точки за деескалација на тензиите меѓу Србија и Косово, кој го иницираше во својство на Претседавач со ОБСЕ.…

Read More

„Имаме добра вест за жителите на Битола, изградбата на новиот мост на реката Драгор, кај местото викано Довлеџик се финализира, со што конечно ќе се реши големиот проблем кој се јавуваше со стариот мост“, изјави заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. Вицепремиерот Битиќи кој престојува во Пелагонискиот Регион каде посетува компании поддржани преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции (ЗФПИ), изврши увид и на градежните работи на новиот мост на реката Драгор, со средства од ТАВ програмата. „Новиот мост за кој беа одвоени над 815 илјади евра од ТАВ програмата е…

Read More

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го посети Змискиот Остров во Црно Море, чии бранители се спротивставија на Русија уште од почетокот на инвазијата. – Денеска сме на Змиски Остров, кој никогаш нема да биде освоен од окупаторот, ниту цела Украина, бидејќи ние сме земја на храбрите. Сакам да им се заблагодарам на секој наш војник од овде, од ова место на победа, за овие 500 дена, посочи Зеленски. На видеото објавено денеска, но без датум се гледа како Зеленски пристигнува на Островот и положува цвеќе на споменикот. Москва го зазеде Змиски Остров кратко по почетокот на инвазија, украинските војници…

Read More

Нашата „инвестиција“ во напредокот на судството за жал не даде очекуван „поврат“, вели амбасадорката на САД во Северна Македонија Анџела Агелер во интервју за весникот Капитал. -Кога станува збор за напредокот во судството, ние сме разочарани. Во последните триесет години, сме инвестирале половина милијарда долари во програми за владеење на правото и добро владеење, но не гледаме подобрувања и реформи што би можеле да ги очекуваме со толку голема инвестиција. Сепак, на крајот на краиштата, системската корупција во целата земја во сите сектори подиректно им наштетува на луѓето во Северна Македонија отколку нам. Сите вие заслужувате општество, судство, влада чии…

Read More

Сојузниците на НАТО постигнаа договор за зголемување на целта на Алијансата за воени трошоци на најмалку два отсто од националниот бруто домашен производ (БДП), изјавија синоќа двајца неименувани дипломати. Триесет и една земја се согласија на трајна обврска да инвестираат најмалку два отсто од својот БДП во своите воени сили во иднина, изјавија дипломатите. Договорот за нова цел за воени трошоци беше едно од отворените прашања пред дводневниот Самит на НАТО, што на 11 и 12 се одржува во главниот град на Литванија, Вилнус. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг имаше намера сегашната воена цел на НАТО од два проценти…

Read More

Премиерот на Холандија, Марк Руте синоќа соопшти дека неговата коалициска Влада поднесува оставка поради непомирливите разлики за имиграциската политика. – Вечерва, за жал, дојдовме до заклучок дека разликите се непомирливи. Затоа наскоро ќе му поднесам оставка на кралот во име на целата Влада, истакна Руте. Лидерите на четирите коалициски партии вчера одржаа кризна средба, но не беше постигнат договор, поради спорот за прашањето до кој степен членовите на семејството можат да им се придружат на бегалците кои веќе се во Холандија. Тензиите достигнаа врв оваа недела откако Руте побара да се ограничи влезот на децата од воените бегалци, кои веќе…

Read More

Министерот за финансии Фатмир Бесими во видео интервју за МИА вели дека според климата и интензитетот на разговори со синдикатите, се блиску до постигнување на договор. – Мислам дека има солидна клима, меѓусебна доверба, волја за решение. Треба уште некои финеси да ги дефинираме и доколку сме со овој интензитет, прашање на денови е кога би го заокружиле прашањето со синдикатите во интерес на сите граѓани, истакнува Бесими, додавајќи дека е рационален оптимист. Бесими посочува дека е прифатливо коефициентот да се воведе како нов модел и дека неговото врзување со просечната бруто плата, доколку се согласат со синдикатите, би се…

Read More