Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

500 дена од тридневната „специјална воена операција“

0
By Marta Pesevska on July 8, 2023 ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОЛУМНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 8, 2023 10:39

ЏАБИР ДЕРАЛА

500 дена од тридневната „специјална воена операција“ што ја поведе воениот злосторник и диктатор, Путин. Повеќе од десет години брутална руска инвазија.

Украинците и Украинките знаат дека на слободата не може да ѝ се стави цена. Со натчовечки напор и големи жртви, со решителност и невиден хероизам, тие ја бранат својата земја од крволочниот агресор.

Изминаа цели 500 дена од почетокот на целосната инвазија од една од светските воени супер сили, членка на Советот за безбедност на ОН, против далеку помалата, слободна, демократска и суверена држава, членка на ОН. Хероизмот и високиот морал, сенародниот и нескршлив стремеж за слобода – ја направија разликата.

Стотици села и десетици градови се уништени и срамнети со земја. Илјадници цивили, меѓу кои жени и деца, подложени на тортура, силувања и брутални егзекуции. Секојдневниот руски ракетен терор низ цела Украина уништува цели станбени блокови, училишта, болници, породилишта, објекти и споменици на културата, цркви… Се спроведува вистински екоцид со далекусежни последици по луѓето и природата. Депортираа десетици илјади луѓе, украдоа 20,000 деца… Геноцид. Втор, по Гладоморот пред 90 години.

Рашистичката клика на Путин ги претвори енергијата и храната во оружје со кое се заканува на целиот свет. Неговите орди крадат сѐ што можат, од играчки за деца до машини за перење, низ домовите на Украина. И срамно бегаат секогаш кога ќе се соочат со решителниот отпор на украинските херои и хероини, предводени од херојот на нашето време, претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Украина денес е светски и историски пример дека оружената надмоќ и бројноста на армиите не се пресудни фактори во една војна, туку праведноста на каузата, моралот и храброста. Цели 500 дена, украинските граѓанки и граѓани, жени, деца и војници на одбраната, гинат за својата, но и за слободата на целиот свет.

Вистината не можеше да ја замати ни најмоќната пропагандна машинерија на светот. Фактите за грозоморните воени злосторства го потресоа и го поттикнаа светот да покаже солидарност. Денес на сите им е јасно дека „специјалната воена операција“ за „денацификација“ на Украина е освојувачка, злосторничка и геноцидна војна и напад на демократијата и слободата на Украина и на целиот свет. И на сите им стана јасно, веројатно и на самиот архитект на злото од Кремљ, дека Украина е последната станица на рашизмот. Најголемиот страв сега не е ниту неминовниот и срамен пораз на украинските фронтови, туку сѐ поизвесната крвава разврска меѓу ѕверовите – на нивно тло. Довчерашните партнери во злото, утре ќе се свртат еден кон друг, бидејќи тие не знаат за чест и човечност, туку само за неизмерно сурово насилство и грабеж.

Кукавичката руска солдатеска и ордата од криминалци и платеници, не можејќи да постигнат успех на бојното поле, им се одмаздуваат на цивилите и природата, и предизвикуваат глад и несигурност во светот. Но злото никогаш не може да биде посилно од човечноста. Крвничкото измачување и убиства никогаш нема да ги исплашат тие што се бранат и се борат за слобода.

Затоа, на 500-от ден од целосната инвазија на руската злосторничка орда, највисока човечка доблест, должност и чест е да се поддржи украинската борба за слобода, тој неизмерен хероизам и пожртвуваност. И ќе бидеме заедно со Украина до денот на конечното ослободување и на почетокот на обновата.

Горди сме што сме со Украина.

Слава Украïни!

#СлаваУкраїні


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
500 дена борба за слобода Руска агресија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.