Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
„Во Пелагонискиот регион исплативме над 506 милиони денари, поддршка за 77 компании за периодот 2018-2022 година, со што допринесуваме за рамномерен развој“, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при посетата на компанијата Цермат во Битола, поддржана преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции (ЗФПИ). Вицепремиерот Битиќи заедно со управителот на компанијата, Зоран Ристевски прошета по производствените капацитети на компанијата, за која рече дека е една современа европска компанија која ги следи светските трендови со постојано усовршување во производството на сладолед и континуирано воведува и нови производи, како што се…
Клучни согледувања од билатералниот скрининг за Поглавје 27 – Животна средина и климатски промени, како дел од Кластер 4, што се одржуваше во изминативе пет дена во седиштето на Европската комисија во Брисел, покажаа дека државата е на добар пат, дека во некои области е во напредна фаза, но во други е во почетна фаза или е соочена со силни предизвици во понатамошно усогласување на националното законодавство со европското. Како најзахтевни области за имплементација и во однос на финансии и во однос на човечки ресурси се посочени областите управување со отпад и управување со води. Со оглед на тоа дека…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека одговорот на Владимир Путин на вооружениот бунт на „Вагнер“ бил слаб и оти рускиот претседател ја губи контролата над сопствениот народ. – Сета таа вертикална моќ, која некогаш ја имаше, сега само се урива, рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен. Тој наведе дека извештаите на украинската разузнавачка служба покажуваат дека Кремљ ја мери поддршката што ја има шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин, додавајќи дека половина Русија го поддржува бунтот на приватната воена група. Извор: МИА
Меѓународниот центар за гонење на кривични дела агресија против Украина денеска е отворен во Хаг, во седиштето на Агенцијата на ЕУ за судска соработка (Eurojust). Центарот треба да ги поддржи земјите кои веќе градат случаи против руски лидери за кривично дело агресија, што е последица на руската инвазија врз Украина. Тоа е најнов чекор во заедничките напори ширум светот за утврдување на кривична одговорност на руското раководството за војната против Украина. Центарот нема да подига обвиненија или да издава налози за апсење на осомничените, туку ќе ги поддржува тековните истраги во Украина, Естонија, Летонија, Литванија и Полска. Иницијативата е финансирана…
Невозможно е да се замисли Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан да се надвор од ЕУ и да останат под руско и кинеско влијание, изјави претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен на денешната заедничка прес-конференција во Мадрид со шпанскиот премиер Педро Санчез. – Мора да почнеме да размислуваме како овие земји да станат дел од ЕУ. Треба да размислиме како да ги донесеме овие одлуки, какви средства ќе бидат потребни. Тоа се принципиелни работи пред нас, ќе биде потребно време за да се дојде до решение, истакна Лајен. По повод почетокот на шпанското претседателство со Советот на…
Министерот за правда, Кренар Лога ја посети Академијата за судии и јавни обвинители каде беше запознат со начинот на функционирање и активностите на институцијата како и новиот Закон за Академија на судии и јавни обвинители. Како што соопшти Минстерството за правда, на средбата со директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска се разговараше за можноста да станеме дел од Европската мрежа на правосудните институции, за што министерот Лога се обврза дека ќе се подготви информација која ќе се достави до Владата. Еден од проблемите со кои се соочува Академијата, се посочува, е немањето на соодветни просторни и технички услови…
Во Министерството за труд и социјална политика, денес се потпишаа договори за соработка и договори за групна набавка со општините Карбинци, Дебар и Македонски Брод од страна на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалниците на општините. Договорите за соработка и за групна набавка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Општина Македонски Брод се однесуваат за изведување на градежни работи за реконструкција со пренамена на детска градинка во Центар за дневен престој за деца со пречки во развој за 24 корисници поделени во две групи по 12 корисници. Предвидените активности се согласно Програмата на Владата…
Денеска во Брисел започнува билатералинот скрининг за Поглавје 27- Животна средина и климатски промени што претставува еден од двата најдолги скрининзи и ќе траe од 3-ти до 7-ми јули. На скринингот пред Европската комисија преку 75 презентации ќе бидат презентирани состојбите во областите: хоризонтално законодавство, управување со отпад, квалитет на вода, природа, хемикалии, индустриско загадување и климатски промени. „Нашата држава е посветена на усогласувањето на националното со европското законодавство во најкомплексното Поглавје 27- Животна средина и климатски промени, за кое што е одговорно Министерството за животна средина и просторно планирање. Но, посебен предизвик е неговата имплементација. Во изминатиов период преземавме…
Германија „со загриженост“ ги следи немирите во Франција, поради што е одложена и планираната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Берлин, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц. Во интервју за телевизискиот канал АРД, Шолц изрази надеж дека француските власти брзо ќе ја исконтролираат ситуацијата. – Не очекувам Франција да стане нестабилна, иако (телевизиските) снимки се многу загрижувачки. Со Франција имаме пријателски односи и со заеднички сили гарантираме дека Европската унија, која е толку важна за нашата иднина, функционира добро, поради што со загриженост следиме што се случува во таа земја. Искрено се надевам, и целосно сум убеден, дека францускиот…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во рамки на 43 Конференција на ФАО во Рим, одржа билатерална средба со министерот за земјоделство на Азербејџан, Majnun Mammadov. На средбата министерот Николовски упати честити до својот колега Mammadov за новата функција, посакувајќи успешна работа и соработка меѓу двете држави, стои во соопштението на МЗШВ. Азербејџан е традиционална земја пријател и партнер на Северна Македонија, па на средбата двајцата министри разговараа за зајакнување на меѓусебната соработка во делот на земјоделството. Посебен интерес на средбата предизвика процесот за консолидација на земјоделското земјиште. Министерот Николовски го сподели со својот колега Mammadov искуството за успешно…
Руски гранати погодиле станбена област во Херсон и раниле неколку лица, објави регионалната воена администрација, јавуваат украински медиуми. Зафатена е станбена зграда, аптека и ресторан. Меѓу жртвите има и 50-годишен маж. Наводно, во близина на Херсон се водат жестоки борби, но официјална потврда нема. Извор: МИА
Успешно заврши првото Собрание на учесници во село Чифлик, кое се одржа вчера вечер, каде мнозинството земјоделци дадоа силна поддршка за започнување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште и планирање на новата земјоделска инфраструктура, информираат денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како што појаснуваат од МЗШВ, консолидацијата во Чифлик е дел од проектот “Унапредување на консолидацијата на земјиште во Северна Македонија” со вкупен буџет од 1.2 милиони евра, финансиски поддржан до Европската Унија и ко-финансиран и спроведен од страна на ФАО, а под раководоство на МЗШВ, кој опфаќа консолидација на повеќе 1.200 земјоделски парцели. -Бенефитите за земјоделците…