Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗШВ: Земјоделците од Чифлик на првото Собрание на учесници дадоа поддршка за започнување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште

0
By Marta Pesevska on July 2, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 2, 2023 14:10

Успешно заврши првото Собрание на учесници во село Чифлик, кое се одржа вчера вечер, каде мнозинството земјоделци дадоа силна поддршка за започнување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште и планирање на новата земјоделска инфраструктура, информираат денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што појаснуваат од МЗШВ, консолидацијата во Чифлик е дел од проектот “Унапредување на консолидацијата на земјиште во Северна Македонија” со вкупен буџет од 1.2 милиони евра, финансиски поддржан до Европската Унија и ко-финансиран и спроведен од страна на ФАО, а под раководоство на МЗШВ, кој опфаќа консолидација на повеќе 1.200 земјоделски парцели.

-Бенефитите за земјоделците од успешно завршен процес на консолидација се многукратни, па така земјоделците добиваат окрупнување на земјиштето, изградба на нови и обнова на постојните пристапни патишта до нивите, како и рехабилитација на каналите за одводнување и наводнување. Северна Македонија е земја лидер во регионот по спроведување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште. Претходниот проект за консолидација Маинланд заврши со 99 отсто реализација и консолидирани земјишни парцели во девет подрачја: Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле, Соколарци и Спанчево, се вели во денешното соопштение од Министерството.

Заедно со нашите партнери во реалиација на процеснот на консолидација, ЕУ и ФАО, додаваат од МЗШВ, ја подготвивме и новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година. Новата стратегија ја одразува нашата определба да продолжиме да ја намалуваме расцепканоста на земјоделското земјиште и малата површина на земјоделските стопанства.

земјоделски стопанства земјоделци консолидација МЗШВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.