Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Соработката со општините е клучна, инвестираме во проекти од кои директна придобивка имаат нашите граѓани

0
By Marta Pesevska on July 3, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Влада.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 3, 2023 18:22

Во Министерството за труд и социјална политика, денес се потпишаа договори за соработка и договори за групна набавка со општините Карбинци, Дебар и Македонски Брод од страна на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалниците на општините.

Договорите за соработка и за групна набавка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Општина Македонски Брод се однесуваат за изведување на градежни работи за реконструкција со пренамена на детска градинка во Центар за дневен престој за деца со пречки во развој за 24 корисници поделени во две групи по 12 корисници.

Предвидените активности се согласно Програмата на Владата на Република Северна Македонија за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2023 година. Министерството се обврзува од својот буџет за 2023 година да обезбеди  средства за изведување на градежните работи, кои се предмет на договорот. Договорите се потпишаа од страна на министерката Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Македонски Брод, Жарко Ристески.

Договорите за соработка и за групна набавка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Општина Карбинци се однесува за реализација и финансирање на активности за изведување на градежни работи за Доградба на постоечка  детска градинка во Oпштина Карбинци село Таринци, со капацитет од 48 деца.

Предвидените активности се согласно Програмата на Владата на Република Северна Македонија за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2022 година, како и согласно Програма за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2023 година. Министерството за труд и социјална политика се обврзува од својот буџетот за 2023 година да обезбеди  средства за изведување на градежно занатски работи за доградба на детска градинка, а Општина Карбинци да учествува во адаптација и пренамена на стариот дел на објектот и во набавка на опремата. Договорите се потпишаа од страна на министерката Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.

Договорите за соработка и за групна набавка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Општина Дебар се однесуваат за изведување на градежни работи за измени во тек на градба за доградба на  детска градинка  Брешиа во Дебар, кој ќе биде во состав на ЈОУДГ ,,Брешиа“ –  Дебар, со капацитет од 62 деца.

Предвидените активности се согласно Програмата на Владата на Република Северна Македонија за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2021 година. Министерството за труд и социјална политика се обврзува од својот буџет за 2023 година да обезбеди  средства за изведување на градежни работи за измени во тек на градба за доградба на  детска градинка  Брешиа во Дебар и опремување на истата. Договорите се потпишаа од страна на министерката Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука.

општини соработка Тренчевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.