Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, инаку и универзитетски професор и поранешен советник за енергетика на експремиерот Никола Груевски и своевремено сопственик на неколку хидроцентрали во земјава, повторно се впушти во лична пресметка со мене на социјалните мрежи, овој пат охрабрен од првостепената одлука на судот со која пресуди (делумно) во негова корист. Тој на 20 јуни напиша: Вака изгледа срамот од лагите на власта, уште еднаш осудени се дека клеветат. На големиот христијански празник Прочка водеа кампања со лаги, навреди и измислици по кој знае кој пат овие пет години, против мене и моето семејство. Сакаа да…
Украинската војска ги користи искуствата од првите две недели од најновата контраофанзива за цели на усовршување на тактиката и на постигнување сигурен напредок во сите клучни области, стои во извештајот на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство кој се повикува на најновата Твитер објава на одбранбеното разузнавање, пренесува Укринформ. Забележано е дека во последниве денови, украинските трупи преземаа значителни офанзивни операции на три главни оски во јужна и источна Украина. Украинската војска го користи искуството од првите две недели од контраофанзивата за да ја усоврши тактиката за напад на длабоката, добро подготвена руска одбрана“, се вели во извештајот. „Украинските единици…
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба смета дека сите проблеми кои се појавуваат во терористичката држава Русија ги исполнуваат интересите на Украина. Релевантната изјава ја даде украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на маргините на Меѓународниот фестивал на книгата „Арсенал“ во Киев, коментирајќи го бунтот на Вагнер предводен од Евгениј Пригожин, јавува дописникот на Укринформ, повикувајќи се на Радио Слобода [Радио Свобода]. Секој бунт, секое прашање што се појавува во позадината на непријателот ги исполнува нашите интереси… Прерано е да се предвидат последиците [за Украина – Ед.], бидејќи Пригожин се сврте против целата машина на руската држава. Повторувам уште еднаш: секој…
Во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ во Македонската филхармонија гостува Белградска филхармонија, предводена од славниот маестро Зубин Мехта. Тој во интервју за Телма телевизија истакна дека не прави компромис со стандардите за квалитет на изведбата на секој еден музичар. -Во мојот оркестар, каде што сум музички директор го знам секој музичар лично, но и кога не е така се обидувам да ги запознаам нивните очи и да ги инспирирам. Секое ремек дело има свој важен соло дел со обоа, потоа соло со хорна, потоа има важни премини за сите виолини заедно. Кога започнував како млад диригент, барав од музичарите да…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Откако човек станува политички свесен за себе и другите во општеството, сфаќа дека геј луѓето се нападнати најчесто од насилници и хулигани, бидејќи овие последните имаат проблем со нивното прифаќање. Неприфаќањето е предрасуда која најчесто во себе ја имаат луѓе кои припаѓаат на хетеро-нормативниот образец, поточно оној негов патријархален дел, десничарски. Ултрадесно е тесно. А некаде е и урнебесно. Притоа, хомофобијата влијае на сите нас. Ја убива хуманоста во човекот и може да ја најдете низ целиот свет. Јас не се дружам со луѓе од ЛГБТ заедницата, не затоа што не сакам, туку затоа што во моето…
Со денови ДПМНЕ ги прозива судските институции но никако да праша во која фиока и до каде се случаите за Белата палата, Делчевски ниви и Моќник. ДПМНЕ е партија со криминално стекнат имот врз грбот на граѓаните, нелегална Бела палата којашто е конфискувана, и со почесен претседател на црната листа на САД. ДПМНЕ е партија со бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на оваа партија, меѓу кои и за злосторничко здружение. Прозивките на ДПМНЕ може да бидат искрени само доколку јавно постават прашање до надлежните институции во која фиока се случаите за…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години. Како што посочуваат од МЗШВ, корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства, кои се корисници по Програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2020,2021 и 2022 година и истите не се корисници на останатите подмерки од член 2 ставови 2 и 3 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година. Висината на директните плаќања се утврдува како просек од висината…
За ден и половина, Русија се соочи со многу реална закана од вооружен бунт, при што претседателот Владимир Путин се закани дека ќе ги казни борците на Вагнер што маршираат кон Москва и ги окупираа градовите на патот – за потоа да падне ненадејниот договор со посредување на Белорусија, по што кризата се смири исто толку брзо како што се појави. Но, многу нешта остануваат неизвесни, а експертите предупредуваат дека ова ретко востание веројатно нема да исчезне толку брзо без последици. Путин сега мора да се справи со последиците од најсериозниот предизвик за неговиот авторитет откако дојде на власт во…
САД свикаа состанок овој месец на кој учествуваа експерти од Кина, Русија, Франција и Велика Британија за да разговараат за нуклеарното оружје, вклучувајќи го и намалувањето на поврзаниот стратешки ризик, соопшти денеска американскиот Стејт департмент. Во соопштението се додава дека Вашингтон бил домаќин на состанокот од 13 до 14 јуни во Каиро, на кој присуствувале претставници на петте земји со нуклеарно оружје, опишувајќи го состанокот како „тековна размена во контекст на Договорот за нуклеарно неширење“. Тие експерти се од релевантните министерства за надворешни работи за одбрана на земјите, а разговорот бил воден на тема „стратешко намалување на ризикот, како и…
Со определбата на македонската Влада за европскиот пат, за целта за членство во ЕУ, како долгорочна стратешка цел на земјата, Владата се определи и за ефективна борба против корупцијата и организираниот криминал. Верувам дека ова се теми што заслужуваат уште повеќе внимание во следните недели, месеци и ќе станат уште поважни. Граѓаните бараат да не ја платат цената за тоа, корупцијата да не остане неказнива и да биде на товар на општеството, изјави германската амбасадорка Петра Дрекслер. Амасадорката Дрекслер во интервју за емисијата Трилинг за ТВ 24, посочи дека вклучувањето на бугарското малцинство во Преамбулата на Уставот е дел од…
Кабинетот на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска во целост ги демантира и ги оценува како паушални и неосновани обвинувањата од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата, а кои се однесуваат за наводно непостапување за случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. За жал, ДКСК предводена од претседателката Ивановска, во обид да ги оправда постапувањата или непостапувањата на ДКСК, се обидува надлежноста и одговорноста да ја префрли на други институции, без притоа да има предвид дали тие се надлежни или не за конретни случаи, а во тој контекст…
Светот се соочува со зголемен ризик од конфликт, бидејќи водата станува се поретка поради климатските промени, предупреди денеска германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, цитиран од ДПА, во изјава за време на неговата посета на Киргистан. Заканата бара два правци на дејствување, нагласи Штајнмаер за време на посетата на Националниот парк Ала-Арча во централноазиската република. „Од една страна, тоа е политичка инвестиција што помага во решавањето на конфликтите меѓу земјите. А од друга страна, решителна борба против климатските промени во Германија, Европа и светот за да се запрат промените, рече Штајнмаер. Штајнмаер, кој беше министер за надворешни работи на Германија од 2013…