Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За квалитетно јавно здравје потребно е Парада на гордоста

0
By Marta Pesevska on June 25, 2023 ВЕСТИ, КОЛУМНА
Ненад Јовановиќ
Ненад Јовановиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 25, 2023 12:06

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ 

Откако човек станува политички свесен за себе и другите во општеството, сфаќа дека геј луѓето се нападнати најчесто од насилници и хулигани, бидејќи овие последните имаат проблем со нивното прифаќање. Неприфаќањето е предрасуда која најчесто во себе ја имаат луѓе кои припаѓаат на хетеро-нормативниот образец, поточно оној негов патријархален дел, десничарски. Ултрадесно е тесно. А некаде е и урнебесно. Притоа, хомофобијата влијае на сите нас. Ја убива хуманоста во човекот и може да ја најдете низ целиот свет.

 

Јас не се дружам со луѓе од ЛГБТ заедницата, не затоа што не сакам, туку затоа што во моето секојдневие такви луѓе не среќавам, или можеби сепак ги среќавам, само што не верувам дека таквите тоа ќе ми го откријат. Додека ги типкам овие зборови, се обидувам да растерам некој пат на нормализација за тоа дека „Парадата на гордоста“ е нешто кое мора да биде најнормално на светот, треба да претставува еден вид на славење, а не да биде борба на живот и смрт. А покровителите на културата на насилство работат така што насилниците ги романтизираат, а жртвите ги прават виновни, или најчесто соодговорни за својата судбина.

Вчера во Скопје се одржа Парада на гордоста под мотото „Гласни и горди“. Се појавиле околу 2.000 учесници од кои повеќето биле млади луѓе, барем колку што успеав да се информирам од медиумите. Од друга страна, не можам да се оттргнам од впечатокот дека сепак државата создава некоја позитивна клима во која непречено ќе може да се одржи оваа Парада. А кога велам „не можам да се оттргнам од впечатокот дека се создава и некоја позитивна клима“, мислам и на тоа – каде се сите оние луѓе кои припаѓаат на тие радикални десничарски организации кои го гледаат сето ова, скриени во некои глувчешки дупки, гризат нокти и се нервираат додека геј-луѓето слободно и цивилизирано маршираат низ Скопје. И треба да имаме на ум и тоа дека контекстот е многу поразличен од времето на Груевски. Контекстoт е подобар, „почовечен“ и похуман. Притоа, во конечноста – непречено одржување на Прајдот е дел и од поглавјето 23 и 24, поглавје кое е, ако не е најважно, тогаш е клучно за наша интеграција во Европската унија. Исто така верувам дека Европа го гледа и цени степенот на човекови права во денешниот политички контекст во земјата.

Сега некој локален дркаџија може да гракне: „Аха, а што пак ти ги поддржуваш дури и педерите, или може нешто сакаш да ни кажеш за себе?“ Се разбира дека сакам да кажам нешто и за себе. И се разбира дека овој текст и мојот однос кон ЛГБТ заедницата итоа како нешто кажува и за мене, само што овде не сум важен јас, туку е важен степенот на прифаќање на оние кои не се како нас. Исто така и односот на државата кон ЛГБТ заедницата кажува многу за контекстот и атмосферата од типологијата на државното уредување.

Сега некој друг ќе гракне: „Тие се агресивни, а ние само им возвраќаме“!? А како тоа „тие“ се агресивни? Така што постојат, и не сакаат да се извинат поради тоа што постојат, туку бараат нивното постоење да биде уважено како јавен факт што има свои правни и останати општествени консеквенци. Поточно, ЛГБТ заедницата го бара она кое го има и секоја друга поврзана категорија на граѓани во општеството.

Важен дел на вечното перпетуирање на културата на насилство е прикриеното и расипаното покровителство кое над нив, готово отворено, го застапуваат „десните“ партии и политички организации, „интелектуалните“ кругови со „фамилијаризиран“ и „патриотски“ предзнак. Составниот дел на омразата против ЛГБТ заедницата може да го наречеме и „кичерозна романтизација на сторителите“. Методологијата е следна: производство на конфузија преку бесрамна инверзија. Жртвата треба да се клевети, понижи и направи во најмала рака соодговорна за тоа што и се случува, а сторителите треба да ги претстави како, во најлош случај, непромислени дечишта кои „можеби малку претерале“, ама се водени од искрени намери…

Важно е што Парадата на гордоста се одржа во центарот на Скопје. И важно е што хулиганите имаат своја широка маргина на омраза по мрежите останатите полујавни или полутајни клоаки на социјалните мрежи и на медиумите. Најважно е што ги нема, барем засега, во оној јавен, физички простор, меѓу конкретни луѓе. Затоа што таквото „хулиганизирање“ кон различните од нас носи штета на целото општество.

Јас им се воодушевувам на организаторите на вчерашната Парада на гордоста, на Ирена, на Уранија, на Славчо, на Кочо… Им се воодушевувам за присуството на министерката Тренчевска, на министерот за евроинтеграција, Маричиќ, на министерката за култура, на амбасадорката на САД, и на сите оние весели и слободни граѓани кои вчера чекореа низ улиците на Скопје.

За оздравување на општеството потребно му е „Парада на гордоста“: секоја година, слободно и цивилизирано марширање исполнето со уште повеќе права и уште повеќе љубов во општеството.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline
ЛГБТ Ненад Јовановиќ Парада на гордоста
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.