Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Ни бевме иницијатори и подадовме рака за разговор и за лидерска средба, кажа заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето во ТВ24. -Понудивме и пет министерства на ВМРО-ДПМНЕ од нашите десет за да бидат дел од Владата и ЕУ повеќе ќе го почитува нашето единство, рече Лукаревска. Таа додаде дека процесот на уставни измени мора да успее, а таква е и пораката на меѓународната заедница и високи претставници. -Треба дома да си ја завршиме задача и добро е што и ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува измените, па еве и Мицкоски нека биде премиер. Ние не се водиме од интересот за партиските…
Владата на Косово треба да ја укине забраната за увоз на стоки од Србија и забраната за преминување на возила од Србија преку административната линија со Косово, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар на онлајн брифинг со новинарите. Тој воедно побара од Србија веднаш да ги ослободи косовските полицајци, јави дописникот на МИА од Белград. Ескобар истакна дека САД го поддржуваат ставот на Европска Унија дека одлуката не само што е антиевропска бидејќи ја ограничува слободата на движење на луѓе и стоки, туку и нема правна основа. Тој ја нарече одлуката на косовската Влада „непотребна ескалација“.…
НАТО ќе има повеќе од 300.000 војници во висок степен на готовност, потпомогнати со значителни воздушни и поморски капацитети, за да ја бранат секоја педа од сојузничката територија од каква било закана, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по дводневниот состанок во Брисел на министрите за одбрана на земјите-членки. Министрите, посочи тој, денеска ги разгледаа нашите нови регионални планови. „За прв пат од крајот на Студената војна во целост ја поврзуваме нашата колективна одбрана, планирањето на нашите сили, нашите способности и команда и контрола“, рече Столтенберг. Тој истакна дека министрите на состанокот разговарале за регионалните планови и дека…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на маргините на „Преспа форум дијалог“ се сретна со министерот за европски и надворешни работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, со кој разговараа за актуелните домашни политички случувања, за реформите и интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ. Примерот на Хрватска за членство во ЕУ вели дека може брзо да се направат реформите и да се напредува и тоа е наш поттик во надминувањето на предизвиците и обезбедувањето членство во ЕУ, кажа на средбата Маричиќ. Министерот Радман рече дека Хрватска и понатаму безусловно ќе ја поддржува Северна Македонија во…
Нордиските и балканскиот земји имаат многу сличности, минале лош период на конфликти, мали по територија, но здружени имаат влијание на меѓународната сцена, заклучи шведската амбасадорка во Северна Македонија Ами Ларсон Џаин. На младинскиот панел посветен на „Модалитети за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка“, што денеска се одржува во Струга во рамки на Преспа форумот за дијалог (ПФД), амбасадорката на Шведска во земјава посочи дека по периодот на конфликти, нордиските земји, кои се мали по територија и како пазари сфатиле дека сами не можат и мора да се здружат со соседите и тогаш можат да имаат големо влијание на…
Премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во вестите на Канал 5 телевизија кажа дека во однос на лидерската средба, прес – конференцијата која беше одржана по лидерската средба била многу јасна – и на сите граѓани им е многу јасно дека беа променети позициите на ВМРО – ДПМНЕ. -Прво, клучната позиција, потврдена и неколку пати после тоа она што беше неприфатливо за ВМРО – ДПМНЕ и нивниот претседател, влезот на деловите од бугарскиот народ во Преамбулата на нашиот Устав е прифатливо. Второ, потврден е легитиметот на оваа Влада кој тие го оспоруваа, бидејќи ВМРО – ДПМНЕ исто така на таа прес…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска оствари работна средба со министерката за дигитална трансофрмација на Република Словенија, Емилија Стојменова Дух. На средбата двајцата министри разговараа за дигитализација на македонскиот земјоделскиот сектор и примена на најсовремените технолошки решенија во областа на земјодлеството, по примерот на Република Словенија. Министерката Стојменова Дух изрази подготвеност дректно да ги сподели позитивните резултати од упешни проекти за дигитализација на земјоделство во Словенија, упатувајќи покана до министерот Николовски за посета на успешни млади иновативни фармери. „Чест ми е што имаме продуктивна, но пред се пријателска средба на која разговараме за дигитализацијата на земјоделскиот сектор кај…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во Топ Тема рече дека нашиот идентитет е милион пати верификуван и потврден и нашето чувство на наш идентитет никој не може да ни го оспори. -Обидите на некои политички структури во Бугарија не може да се сметаат за политика на ЕУ и тоа беше нашата клучна борба во разговорите околу францускиот предлог, токму затоа ние да речеме кога го разговаравме францускиот предлог не баравме декларативна заштита на македонскиот јазик со политички изјави и декларации, напротив баравме конкретен чекор со којшто ќе се покаже на дело дека ЕУ нема проблем со нашиот…
Со свирчиња, тапани, балони и транспаренти граѓаните од Лисиче попладнево излегоа на протест против новиот Детален урбанистички план кој го подготвува Општина Аеродром. Тие на протестот јасно кажаа дека не сакаат згради и дека за урбаната мафија нема место во нивната населба. Фото Ангел Ангеловски Лисичани бараат новиот ДУП целосно да се повлече бидејќи е смрт за населбата. Според новиот ДУП, во населбата Лисиче се предвидуваат маркички за девет згради. По булеварот Србија, на просторот каде што сега нема објекти, туку само еден плац за продажба на коли, има маркички за четири големи згради. Фото Ангел Ангеловски Три се осумкатници…
Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска телефонски разговараше со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за претстојниот самит на НАТО во јули во Вилнус и за членството на Украина во оваа организација. „Позицијата на Украина е јасна: создавање совет НАТО-Украина без силен чекор кон членство е како обезбедување тенк без митралез. На НАТО му е потребна Украина како сојузник, а не само привилегиран партнер“, напиша Кулеба на Твитер. Тој и се заблагодари на министерката Бербок за досегашната поддршка од Германија. Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг денеска на прес-конференција во Брисел најави дека состанокот на министрите за одбрана…
Не треба да дебатираме дали постои македонскиот јазик. Го зборуваме, го предаваат на нашите универзитети, се пишуваат деловни договори на македонски јазик, рече амбасадорот на Велика Британија, Метју Лосон, на вечерашното одбележување на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети во Скопје. – Ми се чини дека секој што негира дека постои македонскиот јазик не му кажал на Виз Ер, бидејќи секој месец се пријавувам на македонски јазик за мојот лет кога се враќам дома. Ова е мојот начин, нашиот британски начин да кажеме, „ние сме ваши партнери, пријатели и сојузници, продолжуваме да го негуваме нашето пријателство и понатаму, рече Лосон.…