Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Условите на опозицијата се исполнети, ВМРО-ДПМНЕ да остане посветено на процесот

0
By Marta Pesevska on June 16, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 16, 2023 18:16

Премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во вестите на Канал 5 телевизија кажа дека во однос на лидерската средба, прес – конференцијата која беше одржана по лидерската средба била многу јасна – и на сите граѓани им е многу јасно дека беа променети позициите на ВМРО – ДПМНЕ.

-Прво, клучната позиција, потврдена и неколку пати после тоа она што беше неприфатливо за ВМРО – ДПМНЕ и нивниот претседател, влезот на деловите од бугарскиот народ во Преамбулата на нашиот Устав е прифатливо. Второ, потврден е легитиметот на оваа Влада кој тие го оспоруваа, бидејќи ВМРО – ДПМНЕ исто така на таа прес – конференција преку изјавата на нивниот претседател се сложи да биде дел од оваа Влада бидејќи има беа понудени половина од министерските места на СДСМ. Исто така, тие побараа ДУИ да не биде дел од Владата, ДУИ на прес конференција прати соопштение дека се подготвени да поддржат Влада без нивно учество, бидејќи за тоа се разговара и што е исто така многу значајно беше потврдено дека овој парламентарен состав може да носи одлука што исто така беше оспорувано претходно од партијата ВМРО – ДПМНЕ, рече Ковачевски.

Тој оцени дека со ова се исполнети сите услови за продолжување на дијалогот.

-Јас кога отидов на лидерската средба, отидов со јасен мандат на Централниот одбор на СДСМ. По лидерската средба ги информирав членовите на ЦО за она што би можело да го видат на прес конференцијата. ЦО формираше работна група која што ќе треба да седне и да ги договори деталите во однос на имплементацијата на тоа што беше договорено и јасно соопштено на лидерската средба. Сметам дека ВМРО – ДПМНЕ треба да биде посветено на процесот за да ја донесеме оваа одлука која значи подобра иднина за нашите граѓаните и за која што добиваме поттик, доверба и поддршка од страна на сите земји членки на ЕУ вклучително и телата на ЕУ, тоа се ЕК, ЕС и ЕП, кажа Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ Ковачевски лидерска средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.