Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Идентитетот никој не може да ни го оспори, а со Фронтекс и правно се осигуравме дека ЕУ нема проблем со нашиот јазик

0
By Marta Pesevska on June 14, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 14, 2023 20:55

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во Топ Тема рече дека нашиот идентитет е милион пати верификуван и потврден и нашето чувство на наш идентитет никој не може да ни го оспори.

-Обидите на некои политички структури во Бугарија не може да се сметаат за политика на ЕУ и тоа беше нашата клучна борба во разговорите околу францускиот предлог, токму затоа ние да речеме кога го разговаравме францускиот предлог не баравме декларативна заштита на македонскиот јазик со политички изјави и декларации, напротив баравме конкретен чекор со којшто ќе се покаже на дело дека ЕУ нема проблем со нашиот јазик, тој конкретен чекор беше договорот со Фронтекс и затоа инсистиравме да има конкретна и правна форма и начин на кој што ќе се демонстрира на дело дека нашиот јазик не е е под никакво прашање, а не да бараме од било кој политички фактор кој што денеска е, утре не е, рече Маричиќ.

Според вицепремиерот првпат имало надеж на лидерската средба минатата недела дека може нешто да се промени.

-Јас ќе ви дадам пример бидејќи лично учествував и во разговорите во Клубот на пратеници минатото лето пред да го прифатиме вториот предлог, односно пред да го гласаме во Собранието. Немаше и тогаш волја и тогаш се движевме во рамките на нереалното или невозможното од страна на опозицијата. И тогаш се бараше да стапат на крајот и тогаш се бараше Бугарија реципрочно да спроведе дел од пресудите. Ние не велиме дека не треба, напротив сметаме дека треба. Меѓутоа има механизми низ кои Бугарија може да се притисне за да ги спроведе тие пресуди, а не на начин на којшто ние го ставаме тоа како точка на преговори. Бидејќи тоа беше можност да ги заглавиме преговорите. И тогаш во разговорите се обидов да ја замолам опозицијата да се движиме во реални рамки затоа што нашата цел е да изградиме консензус за таа интеграција а не да останеме во блокадата, кажа Маричиќ.

Тој повтори дека интензивно постоеле обиди за влучување во преговарачкиот процес, но власта не наишле на позитивен сигнал од страна на опозицијата.

идентитет јазик маричиќ Фронтекс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.