Author: Marta Pesevska

Министерка за одбрана, Славјанка Петровска, денеска во Брисел непосредно пред почетокот на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, се сретна со група на студенти од Северна Македонија кои како прво наградени од конкурсот за есеи престојуваат во студиска посета на седиштето на Алијансата. На средбата, министерката Петровска порача дека младите се двигател на секое општество и повика на нивно активно учество во општествената дискусија и во Северна Македонија и на ниво на Алијансата на теми кои се од исклучително значење денеска – зацврстувањето на безбедноста, гарантирањето на сигурноста за секој граѓанин, одржувањето на демократијата и демократските вредности.…

Read More

Позициите со ВМРО-ДПМНЕ не се до толку далечни, кажа потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за ТВ24. -Добивме јавно поддршка од Христијан Мицкоски за уставните измени, за кои претходно беше кажувано дека овој парламентарен состав нема теоретски шанси да ги донесе. Втората работа е за уставните измени со одложено дејство. Ние рековме да, но со одложено дејство до втората меѓувладина конференција, а не до зачленувањето, бидејќи тоа е невозможно зашто преговарачката рамка е таква. Третата работа е што тие прифатија да влезат во Влада. Коинцидираше понудата за влез во Влада со прифаќањето за уставните измени. Тука имаше и барање…

Read More

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации – УНХЦР го поздравува денешното усвојување на измените на Законот за матична евиденција од Собранието. Во соопштение до медиумите наведува дека измените овозможуваат решавање на сите познати случаи на бездржавјанство, како и секое дете родено во земјата да добие извод при раѓање, без разлика дали неговите родители се без документи или без државјанство. -Секое дете родено на територијата на Република Северна Македонија има право на упис во матична книга на родени веднаш, а најдоцна 45 дена од денот на раѓањето на детето, независно од државјанството и личниот статус на неговите родители – стои во…

Read More

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ја прими Ангелина Ајхорст, извршна директорка за Европа и Централна Азија при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, на средбата беа разменети информации за актуелните политички состојби во земјава и во регионот, за текот на пристапните преговори за членство во ЕУ и реформските процеси, како и за европската перспектива на државите од Западен Балкан. -Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија останува посветена на спроведување на неопходните реформи. На средбата беше посочена важноста од натамошно унапредување на регионалната соработка во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и просперитетот на…

Read More

Инфлацијата е во надолна линија и ова го потврдуваат официјалните податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат дека од 19,8% во октомври 2022 година, инфлацијата е падната на 11,3 % за претходниот месец, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во интервју за порталот Локално. Вицепремиерот Битиќи рече дека овој тренд на намалување на инфлацијата очекува да продолжи до крајот на годината, што е на линија на проекциите на НБРМ и владините проекции според кои инфлацијата за цела 2023 би изнесувала околу 8%. „Од друга страна очекувањата за раст…

Read More

Граѓанската организација „Да го зачуваме Лисиче“ најави протестна блокада на булевар Србија, којашто според објавата на Фејсбук, ќе се одржи во среда, на 14.06.2023 во 17:30 часот под мотото „Не за бетонизација на Лисиче“. „Ги повикуваме сите граѓани кои се гневни на градежниот геноцид кои му случува на Скопје, да дојдат и заедно да спречиме населба Лисиче да стане дел од таа приказна“, наведува организацијата.

Read More

Сашко Јовев за МИА потврди дека вчера го потпишал решението со кое министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија. Тој посочува дека неговиот правен тим од утре ќе одлучи дали и кога решението ќе биде обжалено. Кардиохирургот беше разрешен од директорската функција од страна Меџити, поради како што тврдеше министерот утврдени злоупотреби со дежурства и евиденција. Установата со која раководеше Јовев засега е без медицински менаџер. Јовев во вчерашното гостување на телевизија Сител рече дека засега останува на кардиохирургија иако, како што посочи, веќе имал понуди од странство.

Read More

Европската унија ќе додели повеќе од една милијарда евра помош за Тунис за закрепнување на економијата и јавните финансии. -Парите ќе бидат наменети и за спроведување на договорот за борба против миграциската криза, изјави денеска во Тунис претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен. Фон дер Лајен кажа дека 900 милиони евра ќе бидат исплатени како макрофинансиска помош на Тунис, плус 150 милиони евра како буџетска поддршка, пренесуваат британските медиуми. Претседателката на ЕК посочи дека ЕУ годинава на Тунис ќе му обезбеди и 100 милиони евра за управување со границите, пребарување и спасување и борба против шверцот на…

Read More

Берин Мухамед, ученик во втора година во скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, е нов претседател на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија. Тој беше избран денеска од делегатите на Третиот конгрес на Сојузот. Негов противкандидат беше Ива Трпески, ученичка во средното училиште „Мирко Милески“ во Кичево, одговорна за администрација при Извршниот одбор на Сојузот. Мухамед има двегодишен мандат да го предводи Средношколскиот сојуз. Како и Трпески, и тој досега беше дел од Извршниот одбор на Сојузот и координатор на младинските амбасадори. Новиот средношколски лидер изјави дека како средношколец и младински активист ќе работи на унапредување на заложбите и работата…

Read More

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Во натпреварот за големиот пехар на Историјата, навивам за Бугарите, затоа што само нивната победа може да ги соочи Македонците со вистината за себе, односно со катастрофата на лажните митови кои политички им се концептуализираат во современи вистини. Во смртта што ги има очите на ВМРО. Само Бугарите, сакам да кажам, можат да нѐ ослободат од нас. Натпреварот тука влегува во зоната на врвното терапевтско дејство на цинизмот и иронијата. Башка што освен конструкции и возбудливите телевизиски фељтони на Владо Поповски, добро, и по некое зрно што, како некоја кокошка, ќе го клукнеме на големото гумно на Историјата, македонската…

Read More

Тројца британски туристи се исчезнати, а 12 се спасени откако денеска се запали моторен брод во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, соопштија египетски претставници и безбедносни извори, пренесоа британските медиуми. Спасените туристи биле сместени во одморалиштето Марса Шагра, заедно со 12 членови на египетскиот екипаж и водичот, за британските медиуми изјавија од канцеларијата на гувернерот и два безбедносни извори. Канцеларијата соопшти дека пожарот бил предизвикан од електричен краток спој на бродот, што од 6 јуни пловел северно од Марс Алам. Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажаа бела моторна јахта во пламен во морето, додека густ чад се крева…

Read More

Браната Каховка беше крената во воздух од руските сили за да ги спречат украинските сили да напредуваат во јужниот регион Херсон, изјави денеска украинската заменик министерка за одбрана, Хана Малиар, пренесе Хина. Украина ги обвини руските сили дека ја кренале во воздух браната од нивната хидроцентрала. Местото е под руска окупација уште од првите недели од руската инвазија минатиот февруари. И Москва ја обвини Украина за уривањето на браната. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за гранатирање цивили додека се спроведуваат спасувачки операции. „Експлозијата на хидроцентралата Каховка беше јасно изведена со намера да ги спречи украинските одбранбени сили да започнат офанзива…

Read More