Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Индискиот премиер Нарендра Моди денеска ќе го отвори новиот парламентарен комплекс, централен дел на проектот вреден 2,4 милијарди долари за обнова на зградите од британската колонијална ера во центарот на главниот град и да му се даде изразито индиски идентитет. Новиот комплекс во форма на триаголник е спроти зградата изградена од британските архитекти Едвин Латјенс и Херберт Бејкер во 1927 година, две децении пред независноста на Индија. Стариот парламент ќе биде претворен во музеј, најави индиската влада. Таа соопшти дека новата зграда на парламентот е многу потребна бидејќи постоечката има повеќе проблеми, кои се однесуваат на капацитет, инфраструктура, технологија и…
САД се, без каква и да е резерва, најзначајниот стратегиски партнер на Македонија, смета дипломатот Тихомир Илиевски по послената посета на американскиот сенатор Крис Марфи и средбата со премиерот Димитар Ковачевски. – Во политиката мора да ги браните интересите и достоинството на својата земја, но во политиката мора да бидете и реалист, дека и многу поголеми и моќни држави ги остваруваат државните интереси преку влијателните меѓународни организации и сојузништва, вели дипломатот Илиевски. Американските лидери смета тој, внимателно ги следат одлуките што ќе ги донесеме овде наредниве месеци, со надеж дека тие ќе бидат соодветни на одлуките што беа донесени пред…
СДСМ има резултати кои вистински и реално прават разлика во секој сегмен споредбено со ВМРО-ДПМНЕ, порача заменик претседателката Сања Лукаревска на денешната трибина „Резултати што прават разлика, на тема инфраструктура што се одржа во Битола. -Нема сегмент во којшто СДСМ ако се спореди со ВМРО-ДПМНЕ нема подобар резултат. Да ги земеме прво платите. Минимална плата – 8.000 денари ВМРО-ДПМНЕ, 20.000 денари СДСМ. Просечна плата – 20.000 денари ВМРО-ДПМНЕ, 34.000 денари СДСМ. Кај пензиите, просечната во време на ВМРО-ДПМНЕ беше 13.000 денари, а сега со СДСМ е 19.000 денари. Невработеност – ВМРО-ДПМНЕ 25%, СДСМ 14% во овој момент. Директни странски инвестиции…
По сите релевантни анкети како поминува времето рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ драстично се намалува, градоначалниците од оваа партија се најголемо разочарување, Мицкоски менува ставови секој ден а Левица го зема опозицискиот примат. Една таква анкета беше објавена пред неколку дена. Оттука, јасно е дека на ВМРО-ДПМНЕ им е потребна нова лажна анкета за нова лажна надеж за Мицкоски. Анкети по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покријат неработата на градоначалниците од оваа партија во изминатата година. Ниту фактот дека Мицкоски нема став за ниту едно важно прашање. Граѓаните знаат како се спроведуваат нарачаните анкети. Исто како што знаат дека овој…
Пишува: ФАТМИР БИТИЌИ Социјалдемократија како политичка идеологија за уредување на односите во едно општество, во себе содржи позитивно вредносно јадро врз основа на кое може да се даде одговор на и економските предизвици. Социјалната правда и еднаквоста, солидарноста и социјалната благосостојба, демократијата, и инклузивноста, одржливиот развој и управувањето со животната средина, како и заштитата на трудот на работниците, ги прифативме како основни идеали и аспирации во рамки на креирањето на економските политики и решавањето на проблемите. Ова е поттикнувачки вредносен корпус кој е насочен да им помогне на граѓаните да достигнат пристојни животни услови, да стекнат вистински можности за личен…
Американскиот претседател Џо Бајден и претседателот на Конгресот, кој е од Републиканската партија Кевин Мекарти постигнаа привремен договор за суспендирање на горната граница на задолжувањата на федералната влада, ставајќи крај на повеќемесечниот ќор-сокак. Договорено е горната граница на јавниот долг да не надминува 31,4 милијарди долари за трошоци кои не се поврзани со националниот одбранбен систем, што е приближно иста сума што важи и за тековната буџетска година. „Само што разговарав со претседателот пред малку. Откако тој го трошеше времето и одбиваше да преговара со месеци, постигнавме начелен договор што е достоен за американскиот народ“, напиша Мекарти на Твитер. Во…
Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција Ахмет Јенер изрази желба вториот круг од претседателските избори да биде од корист за државата и турскиот народ, јавува Анадолија. Јенер гласаше на избирачко место во училиште во Анкара, а потоа се обрати пред новинарите. Граѓаните, како што рече, покажале голем интерес за изборите во земјата и странство во вториот и првиот круг. – Сакам резултатите од изборите да бидат од корист за турскиот народ, турската демократија, политичките партии и претседателските кандидати. Изборите досега се одвиваат без никакви проблеми, рече Јенер. На прашањето кога би можеле да бидат објавени изборните резултати по вториот…
Изјава за медиуми на министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, кои присуствуваат на отворен ден во Кавадарци организиран во рамките на вежбата „Брз одговор 23“. Извор: МИА
Украинските власти сметаат дека нападот врз Киев е најголемиот напад со беспилотни летала врз градот од почетокот на војната. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле 52 од 54-те дронови лансирани од Русија, нарекувајќи го рекорден напад со беспилотни летала „камикази“ од Иран. Засега не е јасно колку од беспилотните летала биле застрелани над Киев, пренесува Гардиан. Воздухопловните сили на Телеграм објавија дека Русија таргетира воени и критични инфраструктурни објекти во централните региони на Украина, а особено во регионот на Киев. Серхи Попко, шефот на воената администрација на Киев, претходно изјави дека прелиминарните информации укажуваат дека воздушниот напад бил најголемиот напад со…
Менувањето на Преамбулата на Уставот е гаранција за почеток на новата фаза од преговарачкиот процес на Северна Македонија со ЕУ, уверува холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп. Значи, да менувањето на Преамбулата во Уставот го гарантира почетокот на новата фаза. Тоа следува автоматски. Ако ги слушате ВМРО-ДПМНЕ ќе забележите дека таа партија нема проблем со содржината на овој договор. Па што е тоа што ги натера да бидат надвор од ова, тоа нема врска со Бугарија. Некои луѓе од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе преговараат за подобар договор. Тоа се бесмислици. Нема подобар договор од овој. Овој е апсолутно најдобриот…
Пишува: ФАТМИР БЕСИМИ Следниот месец домашниот пазар на хартии од вредност ќе се збогати со нов инструмент – граѓанските обврзници. Навистина ме радува фактот што оваа вест во текот на изминатата недела предизвика големо внимание во јавноста, оттаму оваа колумна ја посветив на оваа тема, но и намерите за развој на пазарот на капитал во земјава. Граѓанските обврзници се долгорочни државни хартии од вредност наменети за граѓаните, кои имаат за цел да ја поттикнат инвестициската активност кај граѓаните, да влијаат на понатамошно развивање на пазарот на капитал во земјава и последно, но најважно – да им донесат приноси на имателите.…
Наместо проекти, решенија за развој, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат и уназадуваат општините со кои раководат. Во време на светска економска криза, кога Владата предводена од СДСМ, обезбеди поевтина струја за јавните комунални претпријатија, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги поскапеа услугите за граѓаните. Охрид и Прилеп беа првите општини што ги зголемија цените на комуналните услуги, а комуналните претпријатија од овие општини сега имаат милионски долгови. Општина Охрид има долг од шест милиони евра, додека долгот на општина Прилеп е близу два милиони евра. Над 1,1 милион евра должи општина Ѓорче Петров, а општина Василево должи над 1,5 милиони евра. Тоа…