Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседател на турската изборна комисија: Резултатите би можеле да бидат познати порано отколку во првиот круг

0
By Marta Pesevska on May 28, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
- Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција Ахмет Јенер изрази желба вториот круг од претседателските избори да биде од корист за државата и турскиот народ, јавува Анадолија./Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 28, 2023 13:15

Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција Ахмет Јенер изрази желба вториот круг од претседателските избори да биде од корист за државата и турскиот народ, јавува Анадолија.

Јенер гласаше на избирачко место во училиште во Анкара, а потоа се обрати пред новинарите. Граѓаните, како што рече, покажале голем интерес за изборите во земјата и странство во вториот и првиот круг.  – Сакам резултатите од изборите да бидат од корист за турскиот народ, турската демократија, политичките партии и претседателските кандидати. Изборите досега се одвиваат без никакви проблеми, рече Јенер.

На прашањето кога би можеле да бидат објавени изборните резултати по вториот круг од претседателските избори, Јенер рече дека резултатите може да се знаат порано во споредба со првиот круг.

Избирачките места во Турција беа отворени утринава во 08:00 часот по локално време (7:00 часот по средноевропско време), со што започна гласањето во вториот круг од претседателските избори во земјата.

Повеќе од 64 милиони граѓани на Турција со право на глас во вториот круг избираат меѓу актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган и кандидатот на опозициската коалиција, Кемал Киличдароглу. Во вториот круг од изборите право на глас ќе имаат дополнителни 47.523 гласачи, кои во меѓувреме наполниле 18 години.

Во првиот круг од изборите одржан на 14 мај, Ердоган освои 49,5 отсто од гласовите, а лидерот на турската опозиција Кемал Киличдароглу собра 44,89 отсто од гласовите.

Извор: МИА

избори Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.