Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Во текот на јуни или јули се очекува да стартува либерализацијата на пазарот на трудот со што ќе бидат отстранети работаните дозволи за граѓаните од трите земји – еден од најважните проекти на иницијативата Отворен Балкан, беше кажано на заедничката прес-конференција по средбата на премиерот Димитар Ковачевски со албанскиот колга Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ во Бардолино, Италија. Наместо дозволите за работа да се добиваат за шест месеци ако некој од Крушевац сака да работи во Скопје, или од Врање во Куманово, или од Струга во Елбасан, сега секоj граѓанин на националниот портал е-услуги ќе може да…
Се чини дека Роалд Дал имал сериозни сознанија штом во својата кратка приказна „Звучната машина“ пишувал за љубопитниот изумител кој создава уред што може да го слушне крикот на растенијата. Додека го тестира уредот на разни цвеќиња и дрвја, изумителот открива застрашувачка тајна што ја разнишува неговата перцепција за природниот свет. Оваа појава иако не е доволно истражена, денес има научна поткрепа, но треба се напомене дека се работи за сосема поинакво врескање од човековото. Растенијата испуштаат звуци во вид на пукање или кликање, во ултразвучни фреквенции надвор од опсегот на човечкиот слух, кои се зголемуваат кога растението е под стрес. Ова,…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Многу е интересно кога се гледаат тие „вистини“ преточени во мутации, внатре во она кое го живееме, читаме и го поимаме како „информативен жанр“. Внатре во тие наративни обрасци гледаш јасно во што живеевме пред 2017 година, а во што живееме денес. Пред 2017 година работите беа превртени на глава, што значи дека беа лесни за препознавање. Пропагандата на претходниот режим беше страшно очигледна. Кога еднаш ќе ги презреш, кога само еднаш ќе излезеш од таквиот чудесен ментален свет, гледаш колку е препознатлива и лесна за дешифрирање; па, ако го знаеме сето тоа, лесно беше и да…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска остварија трилатерална средба во Бардолино, Италија, како дел од програмата на работната посета на меѓународниот саем за вино „Винитали“ каде лидерите ќе учествуваат на презентациите на вината од трите земји, на заедничкиот штанд на Отворен Балкан.
Додека за меѓународните договори нирвана-заблудата самите ВМРО-ДПМНЕ си ја прават блиска до посуровата македонска изрека: „Барала шута рогови – ги изгубила и ушите“, за мерките што беа во насока на подобрување на некоја состојба, нивните гракања повеќе личеа на барања „преку леб – погача“, па од немањето небесна, идеална „погача“, му констатираа на народот дека „лебот“ не вреди. Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА „Перфектното е непријател на доброто“, вели Волтер, иако низ вековите малку е изменет преводот од француски со цел да се нагласи идејата дека очекување на совршеност е заблуда. Оригиналниот исказ е „Подоброто е непријател на доброто“ (Le mieux est…
Индустриското производство во февруари годинава во однос на февруари лани е зголемено за еден отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Во врска со последните написи во медиумите, од Општина Центар информираат дека е пристигнато Барање испратено од Град Скопје за добивање согласност за отпочнување на законска постапка согласно која би отпочнала процедура за враќање на спомен обележјето на истата локација, на крстосницата помеѓу булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“. Општина Центар во петокот испрати одговор до градот во однос на барањето, во кој стои дека општината нема надлежност во овој дел. Согласно Законот за меморијалните споменици и спомен обележја („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04; 89/08 и 152/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр. 013/21“),…
Во седум земји во Европа денеска се одржуваат избори – претседателски во Црна Гора, парламентарни во Бугарија, Финска и Андора, четири изборни единици во Франција гласаат за свој претставник во Парламентот, а во Италија и Швајцарија има регионални избори.
Град Скопје е во хаос, а најодговорен за тој хаос е шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, велат од СДСМ. Арсовска беше кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, а лично Мицкоски лобираше и ги повикуваше граѓаните да гласаат за Арсовска, како за најдобра менаџерка. Токму Мицкоски заедно со Арсовска во Белиот дворец ја славеа победата, а денес двајцата заедно го претворија Скопје во град со нефункционални претпријатија, кои не можат да ги обезбедат основните функции за граѓаните. Нема реализација на ветените проекти, а не се реализираат ниту проектите што се наследени. Универзална сала стои со реконструкцијата, нема ни нови, ни еколошки автобуси, јавниот превоз…
Националната програма за рурален развој прераснува во инвестициска и заедно со ИПАРД 3 им се става на располагање на земјоделците преку повеќе нови мерки за набавка на производствена опрема и механизација. Вкупниот буџет на Програмата е 1,3 милијарди денари од кои најголемиот дел или 680 милиони се наменети за поддршка на бизнис план во земјдоделството.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе присуствува на 55. меѓународен Саем на вино и алкохолни пијалоци „ВинИтали“, што се одржува во Верона. За време на посетата на Италија, премиерот Ковачевски, ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, со кои ќе остварат трилатерална средба, со фокус на иницијативата Отворен Балкан. По средбата предвидено е да се одржи и прес-конференција, соопшти владината прес-служба. Ковачевски, Вучиќ и Рама ќе присуствуваат на презентацијата на вината од трите земји на заедничкиот штанд „Wine vision by…
Институтот за медиуми и аналитика ИМА Скопје, за платформата #Деполаризирајсе што е дел од проектот „Преку деполаризација до демократски, стабилни, вклучувачки институции: придонес на граѓанското општество“, разговараше со заменик – преседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.