Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од јуни или јули либерализација на пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

0
By Marta Pesevska on April 2, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 2, 2023 16:39

Во текот на јуни или јули се очекува да стартува либерализацијата на пазарот на трудот со што ќе бидат отстранети работаните дозволи за граѓаните од трите земји – еден од најважните проекти на иницијативата Отворен Балкан, беше кажано на заедничката прес-конференција по средбата на премиерот Димитар Ковачевски со албанскиот колга Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ во Бардолино, Италија.

 Наместо дозволите за работа да се добиваат за шест месеци ако некој од Крушевац сака да работи во Скопје, или од Врање во Куманово, или од Струга во Елбасан, сега секоj граѓанин на националниот портал е-услуги ќе може да го добие идентификацискиот број за Отворен Балкан и со тоа ќе може да апликацира за одреди дозволи, социјално осигурување и за неколку дена да ги добие. Зошто е тоа важно, бидејки ќе им овозможи на компаниите побрзо да ангажираат работници. Со тоа што побрзо ќе добиваат работни дозволи, тие ќе можат веднаш да почнат да работат. Што побрзо почнат да работат, побрзо ќе произведуваат, а со тоа и ќе остваруваат побрз раст на БДП, а тоа е она што им теба на нашите луѓе. Потребен им е животен стандард на ниво на ЕУ, но во нашите земји, рече Ковачевски, одговрајќи на новинарско прашање.

Со значењето на овој проект се согласни и Вучиќ и Рама, а тоа било и едно од прашањата за које разговарале на трилатералната средба.

Пo прес-конференцијата Ковачевски, Вучиќ и Рама присуствуваа на презентацијата на вината од трите земји на заедничкиот штанд „Wine vision by Open Balkan“/Винска визија на Отворен Балкан на саемот „ВинИтали“.

Тројцата лидери заедно со италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Антонио Тајани посетија и некои од штандовите на италијанските производители на вина кои се претставени по региони.

Република Северна Македонија на годинашниот Саем на вино и алкохолни пијалоци во Верона учествува со над 60 видови најквалитетно македонско вино, со присуство на 14 македонски винарии и тројца врвни сомелиери.

Минатата година на саемот „ВинИтали“ учествуваа над 4.500 излагачи од целиот свет, со повеќе од 15.000 вински етикети од повеќе од 40 земји. Саемската манифестација ја посетија преку 100.000 љубители на вино и претставници на деловната заедница, од кои над 25.000 купувачи, дистрибутери и увозници од 139 земји.

Оваа година организаторите очекуваат рекорден број на учесници на саемот.

Извор: МИА

либерализација на пазарот на трудот отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.