Author: Marta Pesevska

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на промоцијата на проектот „Медиумите за ЕУ“, каде истакна дека за перцепцијата на граѓаните за процесот на преговори и за ЕУ клучна ќе биде соработка помеѓу медиумите, граѓанското општество и политичките партии . Процесот на евроинтеграции, особено со новата методологија, стана и политички процес, кој за жал кај нас сè почесто се политизира и се злоупотребува за дневна политика што секако влијае на ставовите на граѓаните за ЕУ. Затоа граѓаните треба да бидат добро информирани за ЕУ и заеднички да правиме напори да се продлабочи дебатата за преговорите…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Read More

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска изјави дека договорот постигнат во Брисел и „патната карта“ за негова имплементација договорена во Охрид се јавни документи и дека е потребна нивна „точна и брза имплементација“, јави српската агенција БЕТА.

Read More

Пишува: Соња Танеска Ревизорите се резервирани во однос на вистинитоста и објективноста при прикажувањето на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Исто така, по извршената контрола на функционирањето во 2021 година, резерви се искажани и од аспект на усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики, се наведува во извештајот од Државниот завод за ревизија. Воедно, утврдено е дека и во 2021 не биле надминати констатираните состојби од претходните години, за кои, како што се посочува, ревизорот во континуитет известува. Се работи за регистрираниот недостиг на стручен и…

Read More

Украина денес се наоѓа во 399-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата. Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден. Изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија има намера да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија сигнализира дека рускиот лидер не ги добил посакуваните гаранции за време на неговата средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во Москва, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за Асошиетед прес. Украинскиот претседател Володомир Зеленски го повтори барањето на Кијив за помодерно оружје, посочувајќи дека некои елементи испорачани од западните земји, не функционирале. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека целта на Владимир Путин е да…

Read More

Владата да ја доизгради Универзална сала, а потоа да му ја врати на користење на Град Скопје е целта на иницијативата на советничката група на СДСМ која е веќе поднесена до Советот на Град Скопје, а која ќе биде разгледувана на утрешната седница. – Имајќи ја во предвид важноста за што побрзо ставање во функција на Универзална сала, сметаме дека е нужно Советот на Град Скопје да донесе одлука за времено отстапување на корисничкото право на објектот од Град Скопје на Владата и тоа е согласно со Законот за користење и располагање на ствари во државна сопственост и ствари во…

Read More

Последната изјава на Руската Федерација во врска со нејзините намери да стационира тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија е уште еден провокативен чекор на криминалниот режим на Путин, кој ги поткопува основните принципи на Договорот за неширење на нуклеарното оружје, архитектурата на нуклеарното разоружување и меѓународниот безбедносен систем како целина, соопшти Министерството за надворешни работи на Украина.

Read More

По изјавата на Путин дека Москва и Минск се договориле да разместат тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, попладнево на Твитер се споделуваат видео записи од очевидци на кои се прикажува билборд во Москва со инструкции од Агенцијата за управување со вонредни состојби за пакување куфери за итни случаи.

Read More

Втората студена војна може да испадне поопасна од првата, предупредува поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во интервју за Мундо објавено синоќа. Оваа втора студена војна би можела да започне меѓу САД и Кина, предвидува поранешниот државен секретар. Според Кисинџер, една од причините зошто Втората студена војна може да се покаже поопасна од првата е фактот што Кина и САД имаат споредливи економски ресурси – нешто што, според поранешниот државен секретар, не било присутно во Првата студена војна. Вашингтон и Пекинг имаат заедничка обврска да спречат катастрофален судир, истакнува Кисинџер. Извор: Рацин.мк

Read More

Во врска со денешната партиска трибина на ВМРО ДПМНЕ за работата и активностите на  дипломатијата на Република Северна Македонија, Министерството за надворешни работи го пренесува следното:

Read More

Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска е во посета на Тирана, по средбите со шефот на државата Бајрам Бегај и претседателката на парламентот Линдита Никола, се сретна и со својот колега Еди Рама.

Read More