Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина го повика светот да ја отфрли нуклеарната провокација од криминалниот режим на Путин

0
By Marta Pesevska on March 26, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 26, 2023 22:48

Последната изјава на Руската Федерација во врска со нејзините намери да стационира тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија е уште еден провокативен чекор на криминалниот режим на Путин, кој ги поткопува основните принципи на Договорот за неширење на нуклеарното оружје, архитектурата на нуклеарното разоружување и меѓународниот безбедносен систем како целина, соопшти Министерството за надворешни работи на Украина.

„Ваквите намери не можат а да не предизвикаат загриженост за целата меѓународна заедница, по изјавите од Русија во услови на продолжување на нејзината неиспровоцирана воена агресија против Украина. И покрај ужасните злосторства против човештвото и воените злосторства извршени од Кремљ како дел од нејзината воена агресија против една суверена нација, Русија го демонстрира својот неуспех да надвладее на бојното поле“, се вели во соопштението на украинското МНР.

Украина упати апел и до белоруското општество да го спречи исполнувањето на овие криминални цели, со распоредувањето нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, што е спротивно на нејзините обврски од Договорот за неширење на нуклеарно оружје, што дополнително ќе ја претвори оваа земја во заложник на Кремљ и ќе доведе до катастрофални последици за нејзината иднина.

Понатаму, украинското МНР апелира и до земјите од Групата седум и Европската унија да ги предупредат белоруските власти за далекусежните последици за Белорусија, доколку се согласи да прифати тактичко нуклеарно оружје од Русија на нејзина територија.

„Украина очекува ефективни мерки на спротивставување на нуклеарната уцена на Кремљ. Обединетото Кралство, Кина, САД и Франција, особено како постојани членки на Советот за безбедност на ОН, имаат примарна одговорност за спречување на закани од агресија со употреба на нуклеарни оружје. Бараме веднаш да се свика вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН за таа цел“, се нагласува во соопштението на МНР на Украина.

Украина ги повика сите членови на светската заедница да заземат цврст став и силно да отфрлат уште една нуклеарна провокација од страна на криминалниот режим на Путин и да преземат решителни мерки за ефективно да ја одвратат и спречат секоја можна употреба на нуклеарно оружје од страна на државата агресор.

„Русија уште еднаш ја потврдува својата хронична неспособност да биде одговорен поседувач на нуклеарно оружје како средство за одвраќање и спречување на војна, а не како алатка за закани и заплашување. Светот мора да се обедини против оној кој ја загрозува иднината на човечката цивилизација“, соопштува Министерството за надворешни работи на Украина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.