Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
На денешната прес-конференција, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска се осврна на теми што предизвикаа интерес во јавноста, а се од областа на заштитата на културното наследство, како и на актуелните случувања во Охридскиот Регион.
Во знакот на 8 март, Министерството за труд и социјална политика организираше дружење со пензионерките во Клубот на пратеници.
Речиси три четвртини од жените во Германија не чувствуваат дека имаат еднакви права со мажите, покажуваат податоците од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Ју Гав“, јави ДПА.
„Денеска имаме историски ден во кој Северна Македонија започнува изградба на автопатишта во должина од 110 километри, коишто ќе бидат со врвен квалитет и кои, конечно, после онаа запоставеност во времето на комунизмот, кога Македонија не била поврзана ниту на исток, ниту на запад од политички причини, туку била поврзана само на север и нешто на југ, конечно ќе имаме држава којашто ќе има и Коридор 10 завршен и Коридор 8 завршен“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција по повод потпишувањето на договорот за изградба на коридорите 8 и…
Како премиер им должам на сите, но пред сѐ на роднините на жртвите едно големо извинување. И лично и во името на сите кои со години владееја со државата. Бидејќи, навистина, во Грција во 2023 година не може два воза да се движат во спротивни насоки по иста линија и никој да не го забележи тоа, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук во однос на железничката несреќа во земјата. Додаде дека не сакаат и не треба да се скријат зад човечка грешка. Тој истакна дека правдата ќе ја истражи трагедијата, а надлежниот министер ќе соопшти мерки „за итно подобрување…
Во Албанија најпопуларен политичар и натаму е лидерот на владејачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама.
Папата Франциск ги повика денеска властите да ги спречат шверцерите со мигранти во Средоземното Море и изразија жалење за минатонеделниот бродолом со мигранти кај италијанскиот брег во кој загинаа десетици луѓе.
Зечевиќ: Ја препознаваме важноста од рушење на квази-нормите кои го ограничуваат женскиот потенцијал
Според генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, 8-ми март е посебен ден, меѓутоа, само како појдовна точка, а не како крајна дестинација. -Ако крајот на 20-тиот век беше период на препознавање на моќта на жената, почетокот на 21-виот век е период на валоризација на таа моќ! Денес, чекориме заедно да оддадеме почит на придонесот на жената во општеството. Од историски аспект, овој ден, е ден на сеќавање на група храбри жени кои маршираат на улиците барајќи подобри услови за работа, право на глас и право на општествен активизам. Овие хероини го отворија патот за идните генерации во секојдневната борба за…
Кога ИТ експертот Влатко Милошевски започнал да го создава „Лексиконот на странски сликари во Македонија 1850-1950“ во виртуелна форма како интернет-сајт, а подоцна и како печатено издание во форма на монографија, тоа било плод на неговиот обид да ги собере сите достапни информации за активностите на странските сликари, илустратори, графичари, скулптори и уметнички фотографи кои што ја посетиле Македонија и создале уметничко дело инспирирано од земјата, културата, традицијата, природата или историските настани во Македонија и македонските етникуми, во временска отсечка од еден век. Неговата методологија подразбира дека уметничкото дело е оригинална креација во маслена техника, акварел, цртеж или илустрација со молив, графит, мастило, туш, гваш или пастел, уметничка фотографија,…
Љубиша АРСИЌ Спиновите на Мицкоски, кои имаа за цел да внесат страв и паника кај народот, само уште еднаш потврдија зошто тој во Брисел е означен како дезинформатор. Во студија на Европскиот парламент, фејсбук профилот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше посочен како дезинформациски канал, заедно со оној на неговиот претходник во партиската фотелја, Никола Груевски. Студијата беше изработена од страна на Генералниот директорат за надворешна политика на ЕУ по нарачка на Европскиот парламент, а го опфаќаше периодот на ковид-пандемијата, вклучувајќи ја и кампањата за референдумот. Но, доколку ваква студија денес повторно се направи, по се изгледа Мицкоски ќе…
Четири деца загинаа денеска во пожар во станбена зграда во Нови Пазар.
Во државава досега се легализирани 296 810 нелегално изградени објекти. За нив се издадени решенија со документација којашто опфаќаше барање до општината, изработка на геодетски елаборат и потврда од платени комунални сметки. Во собраниска процедура веќе долго време е нов закон за легализација, а по неодамнешните разорни земјотреси во Турција и Сирија, експертите од областа укажуваат дека евентуалните идни легализации задолжително треба да се прават со архитектонски проект и контрола на статиката.