Author: Marta Pesevska
Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“ објавува КОНКУРС за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата. Ќе бидат доделени две годишни награди во следните категории: А. Најдобар новинарски труд, односно стручен труд подготвен од граѓански организации и поединци кој може да се однесува на: комплексни проверки на факти заради разоткривање на раширени дезинформации во јавниот дискурс; проверки на факти со цел разоткривање серии од слични или тематски блиски дезинформации во јавниот дискурс; анализи за проблемот со дезинформациите или на тематски или други сегменти од оваа појава со препораки за негово надминување; анализи за идните трендови од областа…
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на самиот Украина – Југоисточна Европа, денеска во Тирана оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Двајцата претседатели разговараа за последниот развој на случувањата во Украина и можностите за продлабочување на соработката во насока на поддршка на украинскиот народ и враќање на територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признаени граници. Претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека Северна Македонија од самиот почеток силно ја осудува агресијата на Руската Федерација врз Украина која претставува повреда на Повелбата на ОН и принципите на ОБСЕ. Истовремено, претседателот Пендаровски наведе дека нашата земја се…
Каков вкус има љубовта? Одговорот најверојатно зависи од тоа кого прашувате. Од некои луѓе може да добиете одговор дека вкусот е горчлив, како темно чоколадо. Други, пак, може да го опишат чувството како вкусно декадентно, како слатко колаче.
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во своја објава на Фејсбук му одговори на Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, откако тој на социјалните мрежи порача дека растот на платите во последните неколку години не бил онолку колку што тврди Битиќи. „Професоре Славески, очигледно дека не ви лежат предметите каде се изучува методологија и економетрија, па си ги прикажувате бројките како ви одговара, и уште поочигледно некој ви дошепнал лош превод за „Кумулативна годишна стапка на раст“, тука нема ништо „сложено“. Кога сме кај бројките сакам да ве потсетам дека просечната плата за 2006 треба да се зголеми за 2.300 денари кои…
„Смртта на Навални беше последна етапа од репресијата што тој ја доживеа. Од властите, кои веќе не се ни диктаториски, туку терористички во Русија на чело со Путин. Репресијата врз Навални и самата смрт, што слободно може да ја наречеме убиство, не е само за да се убие Навални, туку и да се убие надежта на Русите, на оние останати Руси што не се согласуваат со неговата политика“ рече активистот Драган Мишев во емисијата „200“ на Алсат М. Тој додаде дека Навални бил свесен дека може да биде затворен и убиен и токму затоа при неговите обраќања до рускиот народ…
„Мислам дека нашите граѓани се свесни дека Русија е дехуманизирачка, авторитарна и тиранска земја. Јас сум во тоа длабоко убеден дека граѓаните се про-ЕУ и про-НАТО“ рече аналитичарот Ненад Јовановиќ во емисијата „200“ на АлсатМ. Тој додаде дека поголемиот животен стандард, поквалитетниот живот, слободите и човековите права може да се добијат вртејќи се кон Европа, а не кон Русија. „Мнозинството граѓани знае кој пат да го движат. Финансискиот бенефит, македонскиот граѓанин не може да го гледа во Русија. Финансискиот и образовниот и здравствениот и технолошкиот бенефит сите го гледаат во Европа. Никој не сака да се пресели во Москва“ рече…
На денешниот протестен марш што се одржа од Алејата Украина до руската амбасада во Скопје се обрати Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, кој им порача на присутните и на целиот свет дека воената поддршка за Украина е повеќе од потребна за „да се спречи поголема војна во Европа и верижна реакција на меѓудржавни војни ширум светот“. Тој, меѓу другото, истакна дека украинскиот народ веќе две години живее со звуците на сирените, децата одат на училиште и се кријат во скривници, родителите се плашат за нивната безбедност. Во продолжение, целото обраќање на Урбанович: – Режимот на Кремљ…
Скопје се најде на врвот на ТОП 10 европски градови со средна големина според ефективноста, односно рентабилност за инвестирање на рангирањето кое го прави економското списание ФДИ интелеџенс, дел од реномираниот меѓународен весник за економија, Фајненшл Тајмс, соопшти Дирекцијата за технолошко-развојни зони. – Ова е скок од четврто место на кое беше главниот македонски град на минатогодишното рангирање. Годинава и регионот на Скопје исто така се најде меѓу првите десет мали европски региони кои го носат епитетот „градови и региони на иднината“ во однос на бизнис клима и инвестирање. Од главните градови во соседството, Софија е рангирана на 2 место…
Претседателот на Собранието Јован Митрески, кој престојуваше во Украина по повод двегодишнината од руската агресија, остварил средби со неколку државници, соопшти собраниската прес-служба. Вчера во Кијив, Митрески остварил средба со Валериј Зуб, претседател на Групата на Врховната рада на Украина за меѓупарламентарна соработка со Република Северна Македонија. На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, двајцата соговорници изразиле задоволство што во изминатите години во голема мера била унапредена соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Врховната Рада на Украина. На средбата, како што се посочува, се разговарало и за можностите за унапредување на меѓупарламентарната соработка, а особено соработката меѓу…
БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Дикот на Даштевски регистрирал 11 кандидати за претседател на државата. Добро, граѓаните имаат уште десетина дена да се решат да тргнат по патеките на Водно, не во рекреативни прошетки, туку во тешки искачувања на македонската политичка Аконкагва, но, сеедно, поголеми се турканиците за месо во бројните продавници околу „Бисер“ и „Капитол“ отколку за функцијата шеф на државата. И тоа по скапо месо. Не ми се верува. Толку месо да се јаде. И тоа во време кога „никогаш не било полошо“. А јас сум на рагу од зеленчуци и њоки. Па тоа не е здраво. Мислам на месото, не…
Амбасадата на Украина, во соработка со македонската граѓанска организација ЦИВИЛ – Центар за слобода, организира голема конференција под наслов „Украина – две години хероизам“ в понеделник, 26 февруари, во Музејот на македонската борба за независност, со почеток во 10 часот. Македонскиот претседател Стево Пендаровски и Амбасадорката на Украина Лариса Дир се првите говорници на конференцијата, а по нив следат обраќањата на премиерот Талат Џафери, вицепремиерите Бојан Маричиќ, Славица Грковска, Артан Груби, министрите Бујар Османи и Славјанка Петровска и други високи претставници на државните институции. Во втората сесија на оваа ќе говорат дипломатските претставници на ЕУ, САД, Велика Британија, Шведска, Албанија,…
Со СДСМ во новиот мандат следат уште поголеми плати за граѓаните. Просечна плата од над 1.000 евра, додека пак минималната ќе биде 600 евра, велат од партијата. Со правилните политики на СДСМ ова е достижно и остварливо. СДСМ ветува и оставрува и тоа веќе се докажа со рекордно покачување на просечната плата која е 40.000 денари. СДСМ својот манадат го започна со ветување за зголемување на просечната плата од 500 евра, но не само што го оставривеме ветувањето, туку го надминавме на 650 евра а платите и понатаму ќе растат. СДСМ со своите политки ги донесе платите до историски највисоко…