Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби оствари средба евроамбасадорот, Дејвид Гир. На оваа средба се разговараше за процесот на интеграција на земјата во ЕУ по отворањето на преговорите за членство, како и за итната потреба од иницирање на уставни измени и нивно успешно завршување како единствен начин за одржување на втората меѓувладина конференција, соопштија од кабинетот на вицепремиерот Груби.
Испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење до објектите од почетокот на грејната сезона се одвива континуирано и така ќе продолжи до крајот на грејната сезона, изјави Александра Маројевиќ, помошник на директорот за производство од АД ЕСМ.
Мора да го прекинеме овој циклус на провокации и насилство од двете страни, и да ја наметнеме нашата позитивна агенда која двете влади се обидуваме макотрпно да ја изградиме. Нема да доволиме да бидеме жртва на киднапери на овој наратив којшто сакаме да го изградиме од двете страни, порача денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи од Софија.
Економската теорија, вели дека со специјализација во производството се постигнува поголема ефикасност и се намалува цената на производот. Тоа е суштината на теоријата на компаративни предности на Дејвид Рикардо, која се заснова на придобивките од меѓународната трговија за земјите кои се насочуваат кон специјализирано производство со најмал опортунитетен трошок. За да се разберат ефектите на глобализацијата и синџирите на добавување врз цените, на пример, можеби е најдобро да се навратиме на економските основи – понудата и побарувачката. Глобализацијата значи дека потрошувачите можат да добијат стоки по пониска цена од земји кои имаат помали трошоци на труд или технологии за зголемување…
Сметам дека и минатата година се зафативме сериозно со предизвиците и на енергетската и на економската криза, докажавме дека нема да дозволиме да сето тоа падне на грбот на граѓаните, сите го споделуваме ризикот, особено што 2022 година беше навистина тешка економска година, вели за ЦИВИЛ медиа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. -Оваа 2023 година е соодветно испланирана, од аспект на енергетската криза соодветно ќе се справиме, впрочем во почетокот на годината ставени се на располагање сите енергетски капацитети, најверојатно после 20-тина години се случува уште еднаш да има такво домашно производство на струја, додава тој. Според Битиќи…
ДРАГАН МИШЕВ Аман до кога? Со фејкерскиот патриотизам, божемната загриженост за иднината, кобајаги осудите набугарските клубови, на изјавите на бугарските политичари, а сето тоа се ваши сопствени инсталации. Глумење лудило, невадење на „народот“ од уста, а во пракаса делување на штета на истиот тој народ. Само да се одело контра, контра државата, контра интеграциите, контра реформите, контра опстанокот. И сето тоа на наша штета. Па и врапчињата знаат дека бугарските клубови со контроверзнои историски имиња се ваше дело. Дело на вашите членови, со кои одите заедно на протести, се сликате со нив на митинзи, заедно палите свеќи во цркви…и потоа…
За основците и средношколците завршува зимскиот распуст и од утре се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2022/2023 година.
Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ) утрово соопшти дека кај еден пациент е детектиран новиот подсој на омикрон познат како „кракен“.
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Татко ми ме тераше да го газам. Ќе легнеше мешечки на креветот, а јас ќе се потпрев со едната рака на ѕидот и ќе му се качев со нозете на грбот, да го газам, како што се газат комиње. Секогаш ми беше страв да не му скршам некоја коска или да не му скинам некој мускул. Понекогаш ќе викнеше: не ми виси на грбот како пеперутка, гази како маж. И кога ќе го нагазев појако, тој ќе почнеше да стенка и да офка, ох,ох, ох, тоа, тоа, тука, тука… Како да имаше некоја „ге“ точка меѓу плеќите. Тоа…
Професорот Салваторе Виторио Констанца потекнува од Сицилија во Италија, а предава филологија и лингвистика во Атина, како што вели во разговор за ЦИВИЛ медиа тој ги изучувал словенските јазици и словенската култура и токму затоа беше дел од научната меѓународна конференција на тема „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој и туризмот, поврзани со новите кризи“, што на 18 и 19 јануари се одржа во Охрид по 11 пат.
Министерот за Локална самоуправа Ристо Пенов сублимирајќи ги ефектите во работата на општините во 2022 година, во интервју за Фронтлајн, констатира дека изминатата година немало капитални инвестиции во општините и дека таа година е со најниско нивото на инвестирање. При тоа, министерот Пенов во предвид ги зема и објективните и субјективните причини за тоа. Во објективните секако спаѓа енергетската криза која доаѓа по ковид пандемијата кој исто така ги наруши економските текови. „Сепак забележителна е појавата дека заради енергетската криза трошоците на општините за енергија во првите девет месеци во 2022 се зголемиле за една милијарда денари повеќе од…
Денес, со почеток од 12 часот, пред платото на МКЦ во Скопје ќе се одржи „Музички собир во одбрана на МКЦ: Сите за МКЦ“. Како што најавуваат организаторите „Гола планина колектив“, – ова е собир за сите ентузијасти и љубители на независната култура, заедно да го изјавиме нашето незадоволство. „Запрашајте се: дали сте биле во последниве 50 години на свирка, изложба, театарска претстава, поетско читање, промоција на книга, проекција на филм, или на било каков настан во МКЦ? Дали сте си поминале убаво? Ако да, знаете за што се бориме. Борбата е за квалитетни услови на уметничка креација која не…