Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Секоја година, на 22 јануари – денот кога e прогласен Актот на обединување на Украинска Народна Република (УНР) и Западноукраинска Народна Република (ЗУНР), Украина одбележува Ден на единството. Официјално, овој празник е воспоставен со Декрет од Претседателот на Украина „За Ден на единството на Украина“ од 21 јануари 1999 година бр.42.
Во годината кога Армијата на Република Северна Македонија одбележа 30 години од своето формирање, дел од армиските состави во 2022 година учествуваа на 27 меѓународни вежби во земјава и во странство. Во Армијата пристигнаа шест лесни оклопни возила од САД од типот „Oshkosh“ кои ќе бидат во составот на лесниот пешадиски баталјон, а за пополнување со персонал, пак војската спроведе курс за произведување во подофицерски чин. Беа реализирани и два конкурси за прием на професионални војници, а беа произведени и офицери кои го завршија своето школување во Воената академија.
ЏАБИР ДЕРАЛА Ах, бе, тролови, тролови… Како ли да ве наречам, а да не си ја извалкам устата и умот со вас… Видете вака, тролови… Знаете дека, не само што не влегувам во онлајн расправии со вас, туку и многу ретко ве читам. Читам извештаи за вас, каде што се издвоени најглупавите и најзлобните меѓу вас.
Демонстрантите се собраа пред канцеларијата на германскиот канцелар Олаф Шолц на 20 јануари на протестот под мотото „Ослободете ги леопардите“, организиран од невладината „Виче“. Фотографија: Алина Анд
Првиот час по македонски јазик во училиштето во Љубојно, по ослободувањето, се одржал на 15 ноември 1944 година. Според спомените на 85-годишниот Павле Кондовски, некогашен наставник по биологија и хемија во школото, како и директор, школото почнало да работи со неколкумина учители. Двајца биле од Љубојно, Методија Јовковски и Богоја Ничев, а им се приклучиле и Методија Поповски и Александар Хаџиевски од Ресен и Марика Манева од Битола. Тие ја формирале седмолетката по ослободувањето. Дури во учебната 1947/48 станало осмолетка. Приближно имало преку 400 ученици и во него учеле деца од цела Преспа. Денес ова училиште е разрушено и…
Социјалдемократскиот сојуз најавува интензивни теренски активности меѓу граѓаните. „Продолжуваме понатаму. И оваа година не застануваме туку засилено ќе бидеме присутни на теренот, постојано, со граѓаните, со членовите, симпатизерите, поддржувачите. Со нивните барања, проблеми, очекувања“, се вели во објавата на СДСМ на социјалните мрежи. „Во секоја уличка, во секоја македонска куќа, село, град, во секое населено место, како што ветивме. СДСМ води грижа за сите, обединува, интегрира и води напред. Со цврста верба, лична пожртвуваност и вистинска солидарност“, најавуваат од СДСМ.
Информативен молк е резултатот од заробената држава што ја диктира Путин. Русите имаат се помалку канали преку кои можат да ја дознаат вистината за ужасите што ги врши нивната војска во Украина. Под образложение дека оди против својот народ и држава, секој кој се обидува да ја сподели вистината завршува со драконска казна и зад решетки.
Официјалната Фејсбук страница на Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше неодамна хакирана. Веќе ги презедовме сите неопходни чекори за да го пријавиме нападот кај менаџерскиот тим на Фејсбук и додека истиот не се реши, сите објави или пораки добиени од хакираната страница не се авторизирани од ОБСЕ, соопшти ОБСЕ.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со делегација на министерството денес учествува на 15-тата Берлинска Конференција на министрите за земјоделство, која се одржува во рамки на меѓународниот саем Зелена Недела во Берлин, се вели во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
По однос на дел од пишувањата на медиуми и официјланите ставови на ВМРО-ДПМНЕ со кое го обвинува Министерството за надворешни работи за хакирање на Фејсбук страната на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Сакаме да ја информираме јавноста дека Mинистерството за надворешни работи како Претседавач со ОБСЕ нема никакви надлежности во управување на страниците на Мисиите на ОБСЕ низ светот, па така ни во Северна Македонија, се вели во сооштението на МНР.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе оствари работна посета на Софија, при што заедно со министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, заеднички ќе го посетат повредениот македонски државјанин, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид, соопшти денеска МНР.
Снегот кој го зафати северниот и североисточниот дел на Албанија ги создаде и првите проблеми, посебно во руралните средини.