Социјалдемократскиот сојуз најавува интензивни теренски активности меѓу граѓаните.

„Продолжуваме понатаму. И оваа година не застануваме туку засилено ќе бидеме присутни на теренот, постојано, со граѓаните, со членовите, симпатизерите, поддржувачите. Со нивните барања, проблеми, очекувања“, се вели во објавата на СДСМ на социјалните мрежи.

„Во секоја уличка, во секоја македонска куќа, село, град, во секое населено место, како што ветивме. СДСМ води грижа за сите, обединува, интегрира и води напред. Со цврста верба, лична пожртвуваност и вистинска солидарност“, најавуваат од СДСМ.