Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе оствари работна посета на Софија, при што заедно со министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, заеднички ќе го посетат повредениот македонски државјанин, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид, соопшти денеска МНР.

Посетата ќе биде искористена, како што велат од МНР, за да се разменат мислења меѓу двајцата министри за инцидентот во Охрид, за зачестените провокации, како и за активностите на двете министерства за превенција и отпорност од сличните провокации.
Извор: МИА