Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Благодарение на олеснувањето на трговските процедури меѓу земјите од регионот, има зголемување на комерцијалната размена во областа на земјоделството и храната, јави АТА.
Автомобил се запали вечерва на булевар „Кочо Рацин“ во близина на ОУ „Димитар Миладинов“ и зградата на Црвен крст во центарот на Скопје.
По историскиот прв штрајк во декември, илјадници медицински сестри во Англија денеска повторно стапија во штрајк што ќе продолжи и утре. Тие бараат повисоки плати и подобри работни услови во време кога Велика Британија се соочува со висока инфлација.
Оваа година откако повторно го предводам министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, но и претходно, докажавме дека може поинаку и подобро да се работи.
Министерот за правда Никола Тупанчески во вечерашната Топ тема на ТЕЛМА осврнувајќи се на бегството на затвореникот Беким Мемети рече дека одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот. Информираше дека се суспендирани сите кои се вклучени во настанот,одредена им е мерка притвор, распишана е меѓународна потерница за лицето кое е во бегство.,,Реакцијата е иницијална ,но тоа не значи дека тука ќе се застане. Овој кривичен настан треба допрва да се истражува.Не треба да бидете стручен експерт од областа на казненото право за да се забележи и види дека станува збор за добро организирана акција каде што има и…
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Берлин ќе остане сојузник на Кијив се додека е потребно и ќе продолжи да испорачува оружје, вклучително и артилерија, со што јасно, како што нагласи, ќе се избегне војна помеѓу Русија и НАТО.
Владата денеска на седница го прифати предлогот на министерот за правда и за в.д. директор на Управата за извршување санкции го именуваше Јовица Стојановиќ до изборот на нов директор.
На граничниот премин „Блато” на албанско-македонската граница кај Дебар, полицијата уапсила албански државјанин при обид да шверцува гориво-нафта.
Германската организација Фондацијата „Фридрих Еберт“ потврди за Радио Слободна Европа (РСЕ) дека го подготвила статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство, чие формирање е договорено во рамките на дијалогот Косово-Србија.
Во Црна Гора годишната инфлација изнесува 17,2 отсто, а најмногу поскапеле млекото, сирењето, јајцата, дрвото и пелетите, чија цена се зголемила за речиси 50 отсто, покажуваат официјалните податоци на Републичкиот завод за статистика (Монстат).
Националниот институт за јавно здравје на Косово ги повика граѓаните на Косово да носат маски во затворени простории и да се вакцинираат, по неодамнешното зголемување на случаите на инфекција со Ковид-19 во многу земји во светот.
Европскиот парламент денеска го усвои Извештајот за спроведувањето на заедничката надворешна и безбедносна политика за 2022 година, во кој се бара воведување санкции против претседателот на Република Српска Милорад Додик и другите дестабилизирачки актери во Босна и Херцеговина.