Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Американскиот претседател Џозеф Бајден одобри прогласување вонредна состојба во Калифорнија откако најмалку 19 лица загинаа во невремето и поплавите од 26 декември, а невремето доведе и до прекини на електричната енергија, лизгање на земјиштето, евакуација и затворање на патиштата.
БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ Приоритет на претседателството е војната во Украина. Што може ОБСЕ да направи за да се најде мирно решение? Ние постојано подвлекуваме дека во фокусот на нашето претседавање е ангажманот и можниот придонес на ОБСЕ во Украина. Тука, морам да подвлечам дека агресијата од страна на една земја учесничка на ОБСЕ врз друга е неприфатлива. Таа целосно ја до компликува и онака комплексната состојба во Организацијата и односите меѓу нејзините земји учеснички. Особено треба да се има предвид дека ваквите односи го нарушуваат процесот на консензуално носење на одлуки. ОБСЕ е заснована врз јасни вредности и принципи, како…
Бројот на загинати во ракетниот напад на Русија врз станбен блок во градот Днипро, што се случи на 14 јануари 2023 година, се зголеми на 21, изјава ја даде шефот на Регионалниот совет на Днипропетровск, Микола Лукашук на Телеграма, јавува дописникот на Укринформ. „Загина 21 лице, меѓу кои и едно дете. Повредени се 73 лица, меѓу кои 14 деца. Спасени се 38 лица, меѓу кои и шест деца“, напиша Лукашук. Според неговите зборови, 35 цивили сега се водат како исчезнати. Спасувачите продолжуваат да работат на местото на настанот. На 14 јануари 2023 година, станбен блок од 9 ката беше погоден од руски…
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус во разговор со кинеските власти добил нова информација за состојбата со корона вирусот во таа земја, соопшти синоќа СЗО.
Авион со 72 патници се урна денеска во Непал, а во несреќата загинаа најмалку 16 лица, соопштија официјални претставници на таа држава.
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Како да се обединиме во чесноста кога сите сме нечесни. Станавме нечесни. Кон историјата, кон стварноста, кон вистината. Кон себе. Почетокот на тоа станување се поклопува со појавата на вмро-дпмне. Вие ја донесовте и инсталиравте културата не бесчестието. Оско моја! На ротацијата. И ретардацијата. Ти си особено нечесен. Твојата понуда е нечесна. Твојата партија е нечесна. Твоите претходници се нечесни. Како може шефот на злосторничката инсталација која уништи сѐ до што се фати и како власт и како опозиција, да повикува на обединување во чесноста. Тоа што ти го говориш се бесмислени тралалајки. Зошто, да речеме, да не…
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска и утре ќе учествува на Втората конференција на министри за култура „Алијанса Баукултур Давос 2023“, која, под мотото „Заедничко добро – споделена одговорност“, се одржува во Давос, Швајцарија, соопштуваат од Министерството за култура. Заедно со министрите за култура од повеќе од 20 европски земји, министерката Костадиновска-Стојчевска ќе има свое излагање на панел дискусијата, која ќе ја отвори претседателот на Швајцарската конфедерација, Алаин Берсет. Во фокусот на Конференцијата ќе биде основањето на Алијансата „Баукултур 2023“, која преку иницирање континуирана размена и вмрежување ќе даде поддршка и помош во истражувањето на можностите за подобра соработка…
Две девојчиња на возраст од седум и 12 години и четири жени се повредени синоќа при пукање пред црквата во која се одржувала погребна служба, недалеку од лондонската железничка станица Еустон, соопшти британската полиција.
Како Влада очекувам во 2023 година да се фокусираме на долгорочни мерки за аерозагадувањето, пред се на изградбата на гасоводот, бидејќи само со што поскора гасификација на државата ќе можеме трајно да го решиме проблемот. Дополнителни активности ќе бидат субвенциите што преку Министерството за економија ќе се даваат за стимулирање на користење на обновливи извори на енергија. Но очекувам во оваа година повеќе да се насочиме и кон секторот транспорт како извор на загадување, истакна за МИА министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска на средба со граѓаните во Чегранe упати остра критика кон македонската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.
Во вторник ќе потпишеме договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за 55 милиони евра да инвестираме во регионални депонии и за инфраструктурата што е потребна во нашата држава. Да го решиме еднаш и засекогаш проблемот со отпадот, соопшти вечерва министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Не се намалува породилното за мајките, туку четири месеци добива и таткото, изјави за Канал 5 министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.