Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Три американски нуклеарни истражувачки лаборатории биле мета на руски хакери минатото лето, покажуваат интернет записите прегледани од експерти за кибербезбедност. Хакерската група позната како „Студена река“ наводно ги нападнала американските лаборатории Брукхевен, Аргон и Лоренс Ливермор. Според интернет записите хакерите создале лажни страници за најавување и испраќале е-пошта до научниците за да ги измамат да ги откријат нивните лозинки. Не е познато дали обидите за хакирање биле успешни. Обидите се случиле кога претставниците на Обединетите нации пристигнаа во деловите на Украина кои се под руска контрола за да извршат инспекција на најголемата европска нуклеарна централа Запорожје. Извор: МИА
Албанската министерка за Европа и надворешни работи Олта Џачка изјави дека „со големо внимание и загриженост ги следи сите настани на Косово и сме во близок контакт со нашите партнери“.
Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика Жозеп Борел вчера на својот блог напиша дека минатата година „светот станал полошо место“ поради кршење на човековите права, судирите и кризите во Украина, Иран, Етиопија, Авганистан, Мјанмар, Кина и на други места.
Поранешната аналитичарка на американско воено разузнавање Ана Белен Монтес, осудена за шпионирање во корист на Куба пред 20 години, е ослободена од федералниот затвор во Форт Ворт, Тексас.
Делови од сателит на Американската вселенска агенција (НАСА), стар 38 години, викендот ќе падне на Земјата, соопшти НАСА.
Илјадници Израелци синоќа протестираа во Тел Авив поради плановите на новата Влада на Бенјамин Нетанјаху, за кои тврдат дека ги загрозува демократијата и слободата. Протестите уследија неколку дена откако најдесничарската и најконзервативната влада во 74-годишната историја на Израел положи заклетва. Организатори на протестот беа левичарски и арапски членови на Кнесетот, кои тврдат дека плановите предложени од новата влада ќе го нарушат правосудниот систем и ќе ги прошират социјалните поделби. Според левичарите, предлогот објавен од министерот за правда Јарив Левин за реформи на судскиот систем, има за цел е да го ослабне Врховниот суд и ќе ѝ даде моќ на новата владејачка…
Овогодинешното мапирање на ИТ индустријата уште еднаш покажа дека и оваа индустрија има сериозен проблем во поглед на родовата еднаквост. Проблемот е видлив во застапеноста на жените во ИТ индустријата, како и во примањата, a особено очигледни се разликите на сениорските и менаџерските позиции помеѓу жените и мажите. Инспирирани од горенаведеното, тимот на IТ.mk профилираа 10 жени од Македонија кои работат активно во ИТ индустријата, имаат одлични резултати во изминатава 2022 година и кои можат да служат како инспирација и мотивација за сите. При изборот, покрај истражувањето на IТ.mk, тие се консултирале и со Women in Tech Macedonia, Startup Macedonia и GEA и од сите нив дополнително побарале…
„Ние, како Министерство за култура, побаравме да ги преземеме ингеренциите за реконструкција на Универзална сала, но за да се запази процедурата, чекаме Град Скопје да ни каже каква е моменталната состојба. Три месеци немаме никаков одогвор од градоначалничката Данела Арсовска“ изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска на Сител ТВ. Таа додаде дека одржала состанок со Арсовска каде што градоначалничката се согласила инвеститор на проектот да биде впишано Министерството за култура, а по изградбата ингеренциите за Универзална сала да се вратат на Град Скопје. „Градоначалничката, согласно процедурата, сега треба да ни даде извештај за состојбата, што е направено, бидејќи таму…
Ирскиот регулатор за заштита на приватност ја казни компанијата Мета со 390 милиони евра поради кршење на правилата за приватност на Фејсбук и Инстаграм, наложувајќи им на двете компании да ја разгледаат правната основа на рекламните услуги врз основа на лични податоци во Европска Унија. Одлуката за начините на кои двете компании за социјално вмрежување функционираат со нивната рекламна услуга беше донесена во декември од страна на Европското тело за заштита на приватноста. Тоа се однесува на промената на условите за користење на Фејсбук и на Инстаграм во 2018 година, откако беа воведени новите европски правила за приватност. Мета…
Во Хрватска е регистриран прв смртен случај од компликации од грип во Бродско-Посавската жупанија, каде неделно има повеќе од 200 заболени.
Преговорите меѓу црногорскиот мандатар Миодраг Лекиќ и лидерите на парламентарното мнозинство за формирање влада денеска пропаднаа, бидејќи не беше постигнат договор за поделба на ресорите.
Во својата објава на социјалните мрежи, поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, категорично ги демантира сите наводи за негови обиди да се врати на политичката сцена. Тој демантира дека сака да се кандидира за претседател на државата и остро ги негира наводите дека се обидувал да изврши пуч во СДСМ. Меѓу другото, Заев во својата објава говори и за тоа како политичките опструкции и блокади, како што ги нарекува – противења, кочења, негодувања, мрчења, суетности – всушност, помогнале во клучните процеси. „Убавината на сите овие противења, кочења, негодувања, мрчења, суетности, вака од дистанца гледано, е во тоа што…