Преговорите меѓу црногорскиот мандатар Миодраг Лекиќ и лидерите на парламентарното мнозинство за формирање влада денеска пропаднаа, бидејќи не беше постигнат договор за поделба на ресорите.

По неуспешниот состанок, на кој присуствуваа лидерот на просрпскиот Демократски фронт Андрија Мандиќ и актуелниот премиер Дритан Абазовиќ – кој траеше само два часа – Лекиќ рече дека нема да има негова влада и дека за време на преговорите се обидел да создаде сериозен дијалог и атмосфера на доверба.

Нема да има влада. Граѓаните нека протолкуваат кој бил сериозен, а кој не. Црна Гора е на крстопат. Ќе се израдуваат некои поразени сили од 2020 година. Тоа е исходот“, рече Лекиќ. 

Извор: МИА