Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Раководството на СДСМ попладнево донело одлука да поддржи втор претседателски мандат на Стево Пендаровски. Партиски извори информираат дека попладнево на состанок на раководството на СДСМ е одлучено Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за претседател на државата. Оваа одлука деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата. Наредните денови се веќе планирани средби со коалициските партнери, а на 3 – ти март ќе биде и официјалната промотивна конвенција. -Пендаровски е победнички кандидат, со најголем коалиционен капацитет, кој заедно со СДСМ и со партиите од прогресивниот, демократски блок, силно ја споделува визија за европска иднина…
Судскиот совет донесе заклучок постапките за утврдување на одговорност за претседател на суд или судија и постапките за избор на претседател на суд или судија да се стават во мирување согласно Одлуката на Собранието на Република Северна Македонија за распишување на претседателски и парламентарни избори според која не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи. По долга дебата со поделени мислења, на денешната седница Советот донесе одлука со која сите…
По реакции во јавноста во врска со лекувањето на младиот Леонид Индов, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, попладнево излезе со соопштение, каде се потенцира дека одлуката на ФЗОРСМ со што се одбива барањето за упатување во странство, сѐ уште не е конечна. – ФЗОРСМ од првиот момент со внимание го следи случајот на Л.И. од неговата хоспитализација во Република Грција, од каде е донесен на ЈЗУ КАРИЛ, па сѐ до поднесување на барањето за упатување на лекување во странство, пишува во соопштението. Во овој момент, се појаснува, во Фондот се водат две одделни постапки. – Првата е…
Зијадин Села е избран за претседател на Алијансата на Албанците, а од функцијата е разрешен Арбен Таравари на денешниот четврти конгрес на партијата. На вонредниот конгрес што, како што кажа Села во изјава за медиумите, е свикан според одлуката на Централното собрание на партијата на кое беше донесена иницијатива за разрешување на Таравари учествувале 591 делегат од вкупно 837 колку што има партијата, со што можело легално да се носат одлуки со просто и двотретинско мнозинство. -Со предлог на ограноците на Алијансата за Албанците на денешниот конгрес статутарно е одлучено јас да бидам единствен кандидат за претседател на партијата што…
На 16 февруари, згасна животот на легендарниот борец за демократија и човекови права во Русија, Алексеј Навални. Го уби режимот на воениот злосторник и диктатор, Владимир Путин. Во знак на протест, претставници на ЦИВИЛ ќе прочитаат протестно писмо на македонски, албански и англиски пред руската амбасада во Скопје, в понеделник, 19 февруари, во 12 часот. Со овој чин, ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, се придружува кон илјадниците граѓанки и граѓани низ целиот свет кои изразија протест против диктаторскиот режим на Путин, чија жртва е големиот руски борец за демократија, Алексеј Навални. ЦИВИЛ Тим за комуникации
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во своја објава на Фејсбук напиша дека корените на македонската култура во Европа се напојуваат со делото на Светите браќа Кирил и Методиј, кои беа прифатени како покровители на најстариот континент.
Земјоделците од цела Грција и во текот на викендот продолжуваат со блокадите и активностите во пресрет на протестот во Атина што го закажаа за вторник попладне, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно земјоделците го зголемуваат притисокот кон властите за да им дозволи на собирот да стигнат со трактори, откако вчера добија негативен одговор од министерот за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис. Во текот на денешниот ден закажани се низа симболични блокади, меѓу кои и затворање на автопатот од Солун кон Халкидики, автопатот Егнатија, затворање на граничниот премин кон Албанија. На граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Северна…
ДРАГАН МИШЕВ Ако некој досега воопшто се сомневаше дека ќе има поинаков епилог од политички мотивираната судска фарса во која беше обвинет и осуден рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, сега веќе нема ни трошка сомнеж дека токму Путин е нарачателот и одговорниот за смртта на Навални. Умираше на рати, бавно и болно, почнувајќи со неговото труење со смртоносниот нервен агенс Новичок од страна на Руската Федерална служба за безбедност во 2020 година, за, откако се врати по лекувањето од Германија на почетокот на 2021 година, да биде уапсен, затворен во многу тешки услови, и неодамна префрлен во оддалечена, брутална затворска колонија…
Успешните енергетски политики на СДСМ даваат резултати, стои во соопштението од СДСМ. Оттаму велат дека изминатите две години имаме најголемо инвестирање и најмногу обновливи извори на енергија кои што произведуваат електрична енергија. До 2016 година во време на владата на ДПМНЕ имало само 16 мегавати инсталирани обновливи извори на енергија. Само во изминатите две години во мандатот на СДСМ се исталирани 600 мегавати обновливи извори на енергија, кои може да снабдуваат околу 170 илјади домаќинства со струја. Одговорните енергетски политики на СДСМ, спроведувањето на енергетската транзиција доведоа до стабилност на цената на електричната енергија и враќање на евтината дневна тарифа…
Дел од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, И. Б., рано изутрината нападнал колега полицаец кој извршувал службени дејствија, а веднаш по нападот бил лишен од слобода. Непотврдени информации велат дека полицијата, во потрага по дрога, сакала да изврши претрес во познат скопски локал, но дека И. Б., кој бил внатре во објектот, се обидел да ја спречи акцијата, по што е уапсен.
Нема за македонските „сили во воздухот“ скренување од доминантниот колосек, кој води рамно кон планот Б што стои над вратите на крајот од пролетниот изборниот процес. Смртта или поточно убиството на Навални и општото одмолчување, за разлика од реакциите во демократскиот свет, е само лакмус хартија каде што отисок остава и нашата интелектуална средина. Руската амбасада може гордо да јави во Москва – на ликот на Путин не фали ништо, му стои и првутот на главата! ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА „Тажен ден за демократијата, човештвото изгуби цврст активист за човекови права. Срдечно сочувство до неговата сопруга Јулија и неговите…
Украинците кои дојдоа во Велика Британија по руската инвазија на Украина ќе можат да поднесат барање за продолжување на визата за дополнителни 18 месеци, соопшти денеска британската Влада, пренесува Би-Би-Си.