Author: Marta Pesevska

Последната позната локација на „Портретот на Фраулеин Лизер“ од светски познатиот австриски уметник Густав Климт беше во Виена во средината на 1920-тите. Живописната слика со млада жена била наведена дека припаѓа на „Госпоѓа Лизер“ – за која се верува дека всушност била Хенриет Лизер, која била депортирана и убиена од страна на нацистите.

Read More

Субвенционираниот студентски оброк да  се исплаќа на студентите неделно, по 840 денари, наместо по 140 дневни колку што добиваа студентите минатата година. Ова се очекувањата на студентите кои како претставници на Универзитетското студентско собрание на Униврзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) иницирале вакво барање на средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири пред околу два месеца.

Read More

Преговарачите на американскиот Сенат постигнаа договор што треба значително да ги ограничи илегалните премини на мигранти на јужната граница и да го деблокира одобрувањето на помош за Украина, Израел и Тајван, наведува Си-Ен-Ен, кој се повикува на извори запознаени со ова прашање, пренесува Укринформ.

Read More

Владата на Република Македонија со консензус, едногласно на седницата одржана на 16 јануари изразила политичка волја до Собранието да се испрати Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, кој ќе биде усогласен со македонското законодавство.

Read More

ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри, меѓу нив лични пријатели на Мицкоски, кадри од времето на режимот на Груевски, поранешни функционери во град Скопје, но и кадар со кривична пријава за злоупотреба на службената должност, стои во соопштението на СДСМ.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски упати порака по повод 27 јануари, Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот. Денешниот ден сведочи за едно од најстрашните злосторства во историјата на човештвото и нè потсетува до што сè може да доведе нетрпеливоста и непочитувањето на различностите меѓу луѓето. Наша должност е да ја сочуваме вистината за Холокаустот, споменот за неправдите и милионите жртви, и да се спротивставиме на секое зло кое потекнува од стереотипите, стравот и меѓусебното неразбирање, бидејќи само така ќе ја задоволиме правдата и ќе имаме мир. За таа цел, да продолжиме да ги воспитуваме новите генерации во духот на моралните…

Read More

Стапија во сила новите законски одредби од областа на воздухопловството кои овозможуваат целосно транспонирање на новата регулатива на Европската Унија од областа на воздушниот сообраќај.  Надлежноста, активностите и организацијата околу трагање и спасување во воздухопловството преминуваат во Центарот за управување со кризи (ЦУК), хеликоптерите од МВР се враќаат во цивилниот регистар на воздухоплови во АЦВ, а се предвидува уште еден независен извор на финансирање на цивилните воздухопловни власти. Директорот на АЦВ Томислав Тунтев во разговор за МИА објаснува дека легислативните промени и нови решенија се во насока на унапредување на условите за развој на воздухопловните активности. Европската воздухопловна регулатива ја…

Read More

Белата куќа во петокот изрази загриженост поради лажните слики за поп-пејачката Тејлор Свифт објавени онлајн и изјави дека компаниите на социјалните мрежи имаат важна улога во спроведувањето на правила за спречување на ширењето на таквите дезинформации.

Read More

Поротата во Њујорк соопшти дека Доналд Трамп мора да плати 83,3 милиони долари на Е Џин Керол, писателка за која беше откриено дека ја клеветил негирајќи го нејзиното тврдење за сексуален напад. Правните експерти велат дека исходот од спорот е порака до поранешниот претседател да престане да ја валка. Но, сето ова ќе промени нешто?

Read More

Амбасадорката на Украина Лариса Дир во објава на „Х“ напиша дека на 703 ден од војната против Украина, на денешен ден се одбележува Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот. 703 ден. 27 јануари – Меѓународен ден за сеќавање на Холокаустот.Го почитуваме споменот на 6 милиони жртви на Холокаустот – Геноцидот врз Евреите. pic.twitter.com/iQmQRVu7tV— Larysa Dir (@dir_larysa) January 27, 2024 Подготви: Марта Пешевска

Read More

На почетокот на оваа година, на големо изненадување на луѓето беше откриено дека некои луѓе немаат внатрешен монолог, а тие пак се изненадиле кога дознале други луѓе имаат. Сите живееме само во нашите глави и прилично е чудно да се знае дека другите луѓе мислат поинаку од нас.

Read More