Author: Marta Pesevska

Покрај донацијата на амбулантно возило за ЈЗУ Општа болница – Струмица, една од првите активности  на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ во оваа 2024 година, се однесува и на поддршката за афирмација и популаризација на жената во спортот, но и на спортот воопшто.

Read More

Лица од повеќе државни институции, вклучувајќи го и МВР, соработувале со криминалната нарко-група која веќе е разбиена, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според него, утврдено е кои се лицата и тие не доаѓаат само од МВР, туку некои се и од други министерства, судови, јавни обивнителства. -Утврдивме лица од институции на државата кои ги пренесувале податоците, односно биле соработници на криминалните активности на групата. Ова е почетокот на чистењето на криминалните структури во системот и јакнење на довербата кај граѓаните. Ќе бидете сведоци во наредниот период за нови активности, некогаш ќе бидете и зачудени од имињата, но правдата…

Read More

„Првин комплимент е укинувањето на техничката влада да го бара опозицијата, бидејќи техничката влада е заштитен механизам за опозицијата затоа што во 2016 година изборите беа злоупотребувани од една политичка партија преку злоупотреба на институциите тоа е ВМРО-ДПМНЕ и заради тоа со меѓународно посредништво беше воведена техничка влада.Комплимент е кога опозицијата ќе каже нема потреба од техничка влада, истото и јас го кажав, меѓутоа опозицијата во овој случај ВМРО-ДПМНЕ, кои две години бараа предвремени избори, тие во ниту еден момент не го поставија барањето за укинување на техничката влада,“ рече премиерот во оставка, Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“ на…

Read More

Руските инвазивни сили досега убиле 521 дете, а повредиле 1.213 деца низ Украина, соопшти Украинското државно обвинителство, пренесува Укринформ. „Околу 1.734 украински деца беа погодени од целосната вооружена агресија на Русија. До утрото на 25 јануари 2024 година, според официјалните извештаи на обвинителите за малолетници, 521 дете се убиени, а 1.213 се здобиле со повреди со различен степен на сериозност“, се вели во соопштението. Извештаите не се конечни бидејќи се работи на проверка на податоците кои доаѓаат од зоните на воените дејствија, привремено окупирани и ослободени територии. Најголем број на погодени деца се пријавени во регионите Доњецк (505), Харкив (326),…

Read More

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија Н.Е. Дејвид Гир, ги доделија сертификатите за 90 обучени советници кои ќе има бидат на располагање на земјоделците. Ова е уште еден успешен проект кој Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го реализира со финансиска поддршка од Европската Унија: Модернизација на Советодавните услуги за оператори од областа на земјоделството во Северна Македонија. Креирањето на нов модерен советодавен систем е во рамките на унапредувањето на земјоделскиот сектор и дигитализацијата на министерството. „Земјоделството не е само мерки, политики и субвенции. Земјоделството е…

Read More

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска се сретна со Едуардас Борисовас, новоименуван амбасадор на Република Литванија во Република Северна Македонија, со седиште во Загреб. Како што информира владината прес-служба, новоименуваниот амбасадор Борисовас го информираше вицепремиерот Битиќи за евроинтегративниот пат на Литванија и нејзиното позитивно искуство со овој процес, пред се во делот на економијата, што од страна на соговорниците беше оценето како искуство кое може да се искористи и за евроинтегративните процеси на Северна Македонија. На средбата од двете страни беше истакнато дека одличните политички односи помеѓу Литванија и Северна Македонија треба да бидат основа за отворање на нова…

Read More

Вицепремиерот Бојан Маричиќ во своја објава на Фејсбук му изрази благодарност на премиерот, претседател и другар Димитар Ковачевски за тоа што во клучни моменти презел одговорност и лидерство во водењето на државата и во одржувањето на нашиот напредок на европскиот пат.

Read More

Со оглед на тоа што многумина се шокирани од непризнавањето на работата на Грета Гервиг и Маргот Роби на неодамнешните номинации за Оскар од страна на Академијата – што се крие зад тоа?

Read More

Секретарoт за јавни политики, стратешки планови, проекти и инвестиции поврзани со приоритетите на Влада Васко Кичевски во своја објава на Фејсбук напиша дека Универзална сала како културен симбол на Скопје заслужува да го носи името на легендарниот диригент и композитор, маестро Александар Џамбазов. 

Read More

Неодамна беа објавени победниците на овогодинешниот натпревар за Меѓународен патувачки фотограф на годината. Во продолжение ви ги прикажуваме највпечатливите слики. Од утринската магла распослана над езерото до неискажаното пријателство меѓу спасениот панголин и нејзината чуварка до стопената галаксија од оган што излегува од вулкански кратер, фотографиите имаат моќ да нè инспирираат, да нè пленат и да не прогонуваат. Во изминатите 21 година, аматерски и професионални фотографи од целиот свет го доловуваат светското богатство, убавина и различност низ објективот, како дел од годишните награди за меѓународен патувачки фотограф на годината. На овогодинешниот натпревар учестуваа повеќе од 150 земји кои доставија…

Read More

Владата на денешната 222-ра седница одлучи до 29 февруари да го продолжи ограничувањето на цената на оризот, брашното, лебот и другите пекарски производи, бисквитите, наполитанките, тестенините, месото и производите од месо, млекото, јајцата, сирењето, кашкавалот и другите млечни проиводи, како и на минералната негазирана и газирана вода и негазираните и газирани пијалаци и светлото пиво. Како што информираат од владината прес-служба, Владата денеска донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества…

Read More

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје Стефан Андоновски денес беше фотографиран како со поранешниот пратеник Илија Димовски и останати луѓе од ПР тимот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се договараат да ги зезнат 1300 вработени во ЈСП, да не земат плата и да ги остават скопјани да мрзнат по улиците без јавен превоз. На овој начин, личниот хир хир на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со градоначалничката на Град Скопје, која беше поддржана токму од неговата партија, Данела Арсовска, продолжува со создавање хаос и „зезнување“ на 1300 вработени во ЈСП. Град Скопје денес остана без јавен градски превоз, откако советниците на ВМРО-ДПМНЕ…

Read More