Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ го потпомага афирмирањето на македонскиот спорт во меѓународни рамки

0
By Marta Pesevska on January 27, 2024 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СПОРТ
Фото: Фондација Заев
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 27, 2024 10:33

Покрај донацијата на амбулантно возило за ЈЗУ Општа болница – Струмица, една од првите активности  на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ во оваа 2024 година, се однесува и на поддршката за афирмација и популаризација на жената во спортот, но и на спортот воопшто.

Во рамките на „ЗАЕВ спортско-рекреативна програма“, која меѓу другото има за цел да го потпомага афирмирањето на македонскиот спорт во меѓународни рамки, нашата Фондација, во соработка со сродни општествено одговорни компании, обезбеди спонзорство од 1346 евра за македонската велосипедистка Дуња Иванова, за нејзино учество на Европското првенство кое ќе се одржи во Полска, во јуни 2024 година. Со тоа, Дуња Иванова ќе биде прва жена од Северна Македонија која ќе се натпреварува на едно европско првенство во велосипедизам.

Инаку, Иванова како државна првенка во планински велосипедизам, во август минатата година, учествуваше на Светското првенство во Глазгов – Шкотска, а годинава, покрај учеството на Европското првенство, ја очекуваат и редица други натпревари низ Балканот и Европа.

Покрај поддршката на велосипедизмот, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“,  во текот на 2024 година, ќе биде поткрепа и на други бројни спортисти и спортски колективи, како и на проекти и активности, кои покрај афирмација на спортот, ќе бидат своевиден влог  во здравјето и развојот на младите.

Извор: Zaevfoundation

Фондација „Заев-едно општество за сите“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.