Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оскари 2024: Вистинската причина зошто Грета Гервиг и Маргот Роби од Барби беа отфрлени од Оскарите

0
By Marta Pesevska on January 25, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА, СВЕТ
Фото: Warner Bros
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 25, 2024 18:15

Со оглед на тоа што многумина се шокирани од непризнавањето на работата на Грета Гервиг и Маргот Роби на неодамнешните номинации за Оскар од страна на Академијата – што се крие зад тоа?

Иако филмот беше номиниран за најдобар филм, Грета Гервиг беше отфрлена како режисер, а Маргот Роби изоставена од категоријата за најдобра актерка, пропусти што предизвикаа реакции на интернет и од нивните колеги. „Асошиетед прес“ го нарече изостанувањето на Гервиг „еден од најголемите шокови во поново време“.

Постојаниот сексизам во филмската индустрија иако имаше удел, истиот само придонесе на основниот проблем. И покрај признанието за најдобар филм, гласачите на Оскар одбија сериозно да го сфатат филмот заснован на играчки, игнорирајќи ја неговата инвентивност.

Филмот ги поткопува стереотипите за жените – со мета-остроумност, ликот на Роби е наречен Стереотипна Барбика – но сето ова е обвиткано во раздвижен облак во боја на бонбони. Гласачите на Оскар не можеа или не сакаа да погледнат под таа површина за да видат колку само филмот е имагинативен и суштински и колку педантно го оркестрирала Гервиг.

Уште пред објава на номинациите, имаше навестувања дека оригиналноста на Барби ќе биде потценета

И уште пред да бидат објавени номинациите, имаше навестувања дека оригиналноста на Барби ќе биде потценета. Првото навестување се појави откако Академијата одлучи дека инспирираното сценарио на Гервиг и Ноа Баумбах припаѓа во адаптираната категорија (каде што доби номинација) и дека не е оригинално. Извршниот комитет на Филијалата на писатели на Академијата рече дека филмот е заснован на претходно постоечки лик, односно кукла.

Друга трага се појави на Златните глобуси. Барби не успеа да издвои победа во категоријата најдобра комедија или мјузикл, но си замина со тазе измислена награда за филмско остварување, утешна награда заради популарноста и заработката на филмот.

Односот на филмот со парите и корпоративната култура беше проблематичен од самиот почеток. Приказната го критикува Мател, компанијата што ги продава сите тие Барбики, но самиот филм е голема студиска продукција лиценцирана од компанијата за играчки.

Најочигледната социјална порака на филмот доаѓа од ликот на Америка Ферера, Глорија, главниот човек во Барбиленд. Во добредојден, но изненадувачки пресврт, Ферера беше номинирана за споредна женска улога, главно, може да се претпостави, врз основа на нејзиниот страстен монолог за очекувањата од жените, како на пример: Бидете слаби, но преправајте се дека тоа е затоа што сакате да бидете здрави. „Исцрпувачки е“, вели Глорија. „Морате да имате пари, но не можете да барате пари бидејќи тоа е лудо. Дали Гервиг заработила премногу пари? Можеби. Бидете жена режисер, но не им се појавувајте на мажите дека сте заработиле повеќе од нив.

Подготвил: Марта Пешевска

Извор: Би-Би-Си/Frontline

Барби Оскари 2024
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.