Author: Marta Pesevska

Партиски бот на ВМРО-ДПМНЕ, извесен Мишко на социјалната мрежа Х објави дезинформација дека полицајците кои го фатија Дрин Ахмети, вукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со пиротехнички средства добиле прекоманда како казна. „Тигрите што го уапсија внукот на Али за пиротехника биле распределени на друго место… како казна! Замисли уште биле казнети дека го фатиле… оф до кај дојдовме!“, гласи дезинформација објавена од Мишко. Истиот партиски бот постојано споделува партиски соопштенија, изјави, ставови на ВМРО-ДПМНЕ. „Специјалност“ му е ширење пропаганда против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Претходно, и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошевски, наместо да ја поздрави успешната…

Read More

Судскиот совет денеска на итна седница го прифати барањето за оставка на претседателот Сашко Георгиев, а согласно пресудата на Управен суд, одлучи да ја врати на функција поранешната претседателка Весна Дамева, која беше разрешена во мај минатата година. Георгиев во своето излагање на денешната седница, покрај ретроспективата за неговото назначување и искуството како претседател, нагласи дека неговото назначување воопшто не е дел од пресудата на Управен. – Вчера ја добивме одлуката од Управен суд. Сметам дека е потребно да истакнам дека мојот избор за претседател не е воопшто предмет на оваа пресуда, рече тој. Дополни дека немал никакви притисоци и…

Read More

 Претседателката на Косово, Вјоса Османи, синоќа изјави дека најдобро би било Косово заедно со САД да го изготват нацрт статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО), дека за тоа инсистирала во разговорите со премиерот Албин Курти и дека премиерот тоа не го поддржал. „Ова го кажав многу пред да го кажам јавно на секоја средба што ја имавме со другите институции, затоа што таква иницијатива мораше да дојде од тие што го водат дијалогот. Инсистирав да седнеме и да направиме нацрт во согласност со Уставот, бидејќи не е на претседателот да го подготвува нацртот“, рече Османи. Ја прашале…

Read More

Во 2024 година македонските граѓани ќе имаат осум продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, осум или се во петок или понеделник и се поврзуваат со викендот, или пак се во недела и согласно Законот неработните денови се префрлаат во понеделник. Првиот продолжен викенд за сите граѓани ќе биде за време на новогодишните празници, кога неработен ден е 1 јануари, понеделник. Втор неработен ден кој се спојува со викенд е 7 јануари, Божик, кој е во недела, но се префрла како неработен ден за 8 јануари, понеделник. Граѓаните на продолжен викенд ќе празнуваат и одмараат за христијанскиот…

Read More

Во Белград не се случува ниту „украинско“, ниту „македонско“ сценарио, ова е борба за слобода и нема да му дозволиме на Александар Вучиќ да побегне како Никола Груевски, оти сакаме да му судиме пред законите на Р.Србија, изјави Срѓан Миливојевиќ пратеник од Демократската партија (ДС) и еден од лидерите на протестите на опозицијата „Србија против насилството“, јави дописникот на МИА од Белград. Тој посочи дека „денешниот протест во центарот на Белград, на Теразије, е просрпската опозиција, а не проевропска опозиција, иако сме посветени на европските вредности, да покакаже бројност, одлучност и истрајност“. -А на оние кои повикуваат дека во Србија…

Read More

ВАЛЕНТИН НЕШОВСКИ/FRONTLINE Во незапирлив галоп од западот и од истокот, со исукани сабји и отворени лаптопи, доаѓаат коњаниците на Кастер и на Сан Цу. Ќе нѐ убијат или ќе нѐ спасат со Вештачката Интелигенција (ВИ), прашање е сега? Сѐ некако ми се чини дека немаме сфатено до каде е развојот на ВИ и воопшто технологијата. Па еве: Вештачката интелигенција за неколку секунди во моментов може: – Да разговара со вас и да ве информира за сите теми на било кој јазик во светот, вклучувајќи го македонскиот (признат е од Вештачката) – Од пред една седмица ВИ може да слуша, зборува…

Read More

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп е отстранет од гласачкото ливче за претседателските избори во Мејн, откако државната секретарка на Мејн, Шена Белоус, членка на Демократската партија, го отстрани неговото име од гласачкото ливче повикувајќи се на клаузулата за бунт од Уставот на САД. Со овој потег, државната секретарка на Мејн стана првиот изборен функционер кој еднострано презеде акција што има потенцијални последици за Изборниот колеџ, пишува „Гласот на Америка“. Таа рече дека Трамп не е квалификуван да се кандидира за претседател поради неговите постапки што доведоа до немири во Капитол во 2021 година. Во нејзината пресуда на 34 страници…

Read More

Во вчерашните руски напади врз Украина, кои беа меѓу најтешките од почетокот на војната, загинаа најмалку 39 лица, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. – За жал, во овој момент броиме 39 загинати, напиша денеска Зеленски на социјалните мрежи и изрази сочувство до роднините на загинатите. Според претходниот биланс од вчерашните руски напади на неколку украински места, загинале најмалку 30 лица, а повеќе од 160 биле ранети. Вчера наутро Русија лансираше 122 проектили и 36 дронови врз украински цели, што беше окарактеризиран како најмасовен напад од почетокот на војната. Извор: МИА

Read More

На 35 избирачки места во Србија денеска се повторува гласањето за вонредните парламентарни избори, што се одржаа на 17 декември. На повторените избори, кои коалицијата „Србија против насилството“ претходно најави дека ќе ги бојкотира, избирачките места се отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 20 часот, до кога трае изборниот молк. Како што соопшти Републичката изборна комисија (РИК), гласањето за пратеници се повторува на одредени избирачки места во Ниш и Суботица, како и на некои избирачки места во општините Бабушница, Бојник, Велико Градиште, Власотинце, Трстеник, Жагувица, Коцељева, Лебане, Петровац на Млава, Пландиште, Рашка, Шврљиг, Тутин, Ќуприја, Аранѓеловац, Косјериќ,…

Read More

Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ / FRONTLINE 2023 година ја затекна Северна Македонија во невидена и деструктивна блокада од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и руската тенденција да го прошири своето влијание на Западен Балкан, вклучително и во Скопје. Како резултат на тоа, земјата не ги започна преговорите за членство со Европската Унијата, додека изборите во 2024 година се очекува да го зададат последниот удар на овие деструктивни сили за земјата да го продолжи непречено својот пат кон ЕУ.

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски во новогодишната честитка до граѓаните истакнува дека во овој момент, најмногу е потребна верба, оптимизам и мудрост. -Оставаме зад нас уште една година. Година која не беше воопшто лесна. Но сепак, треба да сме горди на постигнатото. Во рамки на можностите направивме многу. Во најтешката криза работевме напорно, посветено и фокусирано. Работевме да го направиме животот подобар. За да сите имаат повеќе. И најважно од сè, никој не беше оставен сам, истакнува во видео обраќањето премиерот Ковачевски. Тој посочува дека платите и пензиите пораснаа на историски високо ниво. -Денес имаме речиси 50 отсто покачени пензии, имаме двојно…

Read More