Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
“Обезбедивме пари и да ја продолживме мерката за субвенционирање на цената на струјата за граѓаните и малите потрошувачи. За над 600 илјади семејства во земјата Владата предводена од СДСМ ја субвенционира цената на струјата и тоа до 90%.” – истакна денеска претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите” во Штип. “И 68.000 мали потрошувачи во кои се вработени 98% од работниците во приватниот сектор имаат субвенционирана струја”, порача претседателот Ковачевски во своето обраќање. Во обраќањето пред присутните граѓани во Штип, Ковачевски истакна дека СДСМ значи еднакви граѓани, значи просперитет, повеќе пари кај граѓаните, значи слобода…
Тим од перуански полицајци, од кои еден бил маскиран во Дедо Мраз за да остане „незабележан“, изврши операција против банда дилери на дрога во град северно од Лима, соопштија денеска локалните власти. Полицајците успеале да изненадат двајца мажи кои продавале крек и марихуана во куќа во Хуарал, на околу 70 километри од Лима. „Припадник на група полицајци се маскирал во Дедо Мраз за да остане незабележан во таа опасна област“, соопшти полицијата, додавајќи дека оваа „стратегија е крунисана со успех“. Полицаецот, кој бил облечен во традиционалната носија на Дедо Мраз, имал задача да ја скрши вратата од куќата и да…
Коалицијата „Србија против насилството“ (СПН) вечерва го одржа шестиот протест пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК). Претставниците на коалицијата СПН говореа пред РИК и истакна дека нема да се откажат од барањата за откажување на изборите на сите нивоа и ажурирање на избирачките списоци и дека ќе продолжат, како што велат, да ја бранат изборната волја на граѓаните, пренесува Слободен Печат. Во исто време се одржа и седница на РИК на која претседателот на Републичката изборна комисија Владимир Димитријевиќ рече дека РИК не може да распише нови избори во Белград. „Во неколку наврати објаснив дека РИК не може на…
Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата во Израел и Газа, соопшти Белата куќа. Израелскиот премиер Нетанјаху изразил благодарност за американската позиција во Советот за безбедност на ОН, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху, веројатно мислејќи на дискусиите на Советот за војната во Газа. Според соопштението, Нетанјаху „јасно изјавил дека Израел ќе ја продолжи војната додека целосно не се постигнат сите негови цели“. Според соопштението, Нетанјаху „јасно изјавил дека Израел ќе ја продолжи војната додека целосно не се постигнат сите негови цели“.
Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека во Србија се подготвува нов терористички напад во северно Косово, откако оној на 24 септември во Бањска кај Звечан доживеа целосен неуспех, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната прес-конференција, која ја одржа заедно со министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, Курти рече дека нападот го подготвува поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за организирањето и водењето на нападот во Бањска. Според информациите на Агенцијата за контраразузнавање на Косово, рече косовскиот премиер, групата која се подготвува да го изведе новиот напад,…
Неврохирургот и поранешен министер за здравство Венко Филипче на социјалната мрежа фејсбук сподели информација во која се вели дека тој заедно со неговиот тим успешно спровеле операција на мозок на свесен пациент. Ова е прва ваква операција што се реализира во државава. Филипче соопшти дека хирушката интервенција е извршена врз млада девојка.
Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, на вечерашната трибина „Повеќе за сите“ во Штип, ја посочи и поддршката за повисоки плати и за развој на компаниите. „За работниците во приватниот сектор обезбедивме поддршка за поголеми плати, со што, отвораме можност за покачување на платите од 3.000 до 9.000 денари. Работодавачот ќе плаќа само персонален данок, а има целосно ослободување од придонесите за пензиско и здравствено осигурување за делот на зголемувањето на платата“, рече Ковачевски. „Преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, од неговото воведување до денес поддршка имаат 919 компании со 100 милиони евра. Изминативе 6 години финансиската поддршка…
ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ На ФБ обично сум саркастичен (со сериозни пораки, кој разбира), но сега нешто сериозно: Нашето Скопје сериозно се наоѓа во процес на целосна девастација. Почитувана Арсовска, заминете си !!! Поднесете оставка !!! Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно, Градот, Ви се случи. Непланирано. (Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа). Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го…
ФАТМИР БЕСИМИ Скопје – Во текот на годината којашто изминува редовно ѝ се обраќав на јавноста, читателите, преку моите колумни. Иако, признавам, пишувам многу екстензивно и детално, како економист стојам зад тоа дека за да се формира мислење за одредена тема, треба да се имаат сите информации, или како што често велам „да се има целосната слика“. Така, пишувајќи за буџетот, за даночната политика, реформите во јавните финансии, системските реформи во јавниот сектор, стратегиите за заздравување од неколкуте глобални кризи кои ја погодија економијата, како и плановите за забрзување на растот и европската иднина, преку факти и бројки поткрепени со…
Од владејачката партија велат дека мерките на СДСМ за економски просперитет и подобар животен стандард на граѓаните даваат резултати. Просечната плата е покачена на речиси 39.000 денари – 630 евра. СДСМ од 2016 година, односно од времето на ДПМНЕ, досега ја зголеми просечната плата за дури 270 евра – од 360 евра на 630 евра! СДСМ на дело покажа дека го почитува и го вреднува трудот на сите работници. Со СДСМ платите ќе продолжат да растат, а, со членство во ЕУ, платите и пензиите ќе бидат и до 70 отсто поголеми од она што се денеска. Со СДСМ граѓаните добиваат…
Командант на Иранската револуционерна гарда изјави дека Средоземното Море би можело да биде затворено доколку САД и нивните сојузници продолжат да вршат „злосторства“ во Газа, без да образложи како тоа би се случило. – Тие наскоро ќе дочекаат затворањето на Средоземното Море, Гибралтарскиот теснец и другите водни патишта, изјави бригадниот генерал Мохамад Реза Накди, координатор на командантот на гардата, пренесува Ал Џезира. Белата куќа претходно соопшти дека Иран е „длабоко вклучен“ во планирањето операции против комерцијалните бродови во Црвеното Море, додека бунтовниците Хути инсистираат на тоа дека не им треба помош од Иран за нападите. Извор: МИА
Поздравувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара зголемена помош за Газа, шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека „итен прекин на огнот“ е „најитното барање“. „Досегашната катастрофална бројка од војната не може да се игнорира, вклучително и загубата на над 20.000 животи, главно жени и деца, и над 53.000 повредени“, порача Тедрос на платформата Х (Твитер). Заканата од глад и ширење на болести е голема“, напиша меѓу другото генералниот директор на СЗО. Извор: МИА