Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик не е и нема да биде прашање за преговори или компромиси
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска преку своја објава на Фејсбук јавно упати повик веднаш да се свика Комисијата за култура во Собранието и да се усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик, порачувајќи дека македонскиот јазик не е и нема да биде прашање за преговори или компромиси. -Упатувам јавен апел до претседателот на Комисијата за култура во македонското Собрание, Кастриот Реџепи да ја активира работата на Комисијата и да обезбеди амандманска расправа за Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик. Секое одложување на овој процес е во директна спротивност со меѓусебното и меѓукултурно почитување на различните заедници во нашето општество. Јазиците се…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е најтраспарентна државна институција според Извештајот за извршена проверка на објавените документи и информации кои имателите на информации се обврзани да ги објават на своите веб-страници на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер. Според резултатите од мониторингот, на врвот на листата за проактивно транспарентни институции, со 100% проактивна транспарентност, е Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. На листата потоа следуваат и Министерството за одбрана, а по нив Министерството за финасии и Царинската управа. Како позитивен дел во извештајот се истакнува дека веб страната на Министерството за земјоделство…
Меѓународниот ден на човековата солидарност, 20 декември, е ден се одбележува единството во различноста, да се подигне јавната свест за важноста на солидарноста, да се поттикне дебата за начините на промовирање на солидарноста и постигнување на Целите за одржлив развој, потсетник на владите да ги почитуваат своите обврски кон меѓународните договори. Ден на солидарноста е и ден на човековите права и на напорите за искоренување на сиромаштијата, гладот, болестите, како и на заштитата на планетата и обезбедување на достоинствен живот за сите. ЦИВИЛ – Центар за слобода како организација за човекови права, формирана во 1999 година, ја вгради солидарноста како една…
„Се доработуваат Законот за заштита на културното наследство, Законот за прогласување на охридското старо јадро за културно наследство и Планот за управување со Охрид. За жал, она што недостасува е стручен кадар кој соодветно ќе одговори на потребите, бидејќи имаме богато културно наследство“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во Дневникот на МТВ. Таа додаде дека со предложените законски измени, кои веќе се во Собрание, ќе се предвидат стипендии и гарантирано вработување на студентите на овие студии. „Реагираме соодветно, но кога се работи за човечки ресурси, мора да помине процесот на едукација и доедукација. Правиме се во наша можност, дали…
Собраниската Комисија за финансирање и буџет ја заврши амандманската расправа по Предлог-Буџетот за 2024 година. Од вкупо 272 поднесени амандмани од овластени предлагачи, биле прифатени три, од кои еден од опозицијата, додека, од поднесени 15 комисиски амандмани, прифатен бил еден. По завршување на амандманската расправа, Предлог-буџетот треба да се најде на усвојување на пленарна седница. Согласно утврдените рокови, Буџетот за наредната година треба да биде усвоен во Собранието најдоцна до 31 декември. Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Вкупните приходи во 2024 година се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари и тие се за 10 отсто повисоки…
Социјалдемократската младина на Македонија и СДСМ, како општествено одговорна партија, денеска спроведуваат голема акција за пошумување на повеќе локации. Локациите се избрани согласно анализа на повеќе фактори, меѓу кои и застапеноста на шумскиот фонд а се опфатени и локации зафатени со пожари во изминатите години. Под мотото „Повеќе зелено“ партиски функционери, членови, активисти, млади, пратеници, на 5 различни локации ширум републикат а засадија над 10.000 дрвја (садници). Заедничката еколошка акција на младите социјалдемократи и СДСМ е придонес кон големата акција за пошумување којашто веќе ја спроведуваат надлежните министерства и надлежни институции. Пошумувањето е значајна и општетсвено одговорна активност која го…
Амбасадорката на САД Анџела Агелер смета дека поранешниот премиер Зоран Заев кој застана во одбрана на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев по неговото ставање на „црната листа“ заради вмешаност во значителна корупција, има право да го стори тоа и да го каже својот став. -Со поранешниот премиер сум разговарала многу, иако не во последно време. Тој настапи и се зазема за свој пријател и секако има право да го стори тоа. Ќе кажам дека – исто како и со именувањето на Орце Камчев и неговите организации – она што го видовме е дека, често, кога се работи за овие означувања, како…
Израелските и катарските власти денеска се среќаваат во Норвешка во обид да ги обноват разговорите за ослободување на заложниците во Газа, во замена за прекин на огнот и ослободување на палестинските затвореници од Израел, јави њујоршкиот весник „ Волстрит Џурнал“. Британските медиуми јавуваат дека во Осло ќе се сретнат катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман ал Тани и директорот на израелската разузнавачка служба Мосад, Давид Барни. Барни треба да се сретне и со египетските претставници, додаваат британските медиуми. Значајни пречки го оневозможуваат продолжувањето на преговорите за нов договор за заложниците, меѓу доминантни се несогласувањата околу одредени услови на Хамас, додаваат изворите…
Родителите на децата кои беа убиени во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај, како и оние чии деца го посетуваат тоа училиште, денеска напладне се собраа на протест барајќи правда за сите жртви во мајските трагедии. Родителите, но и други граѓани, оставија цвеќе и запалија свеќи пред училиштето, јави Нова ТВ. Пред „Рибникар“ има граѓани од сите возрасти, од деца до пензионери, јавија белградските медиуми. На 3 мај ученикот К.К влезе во училиштето и пукаше при што уби девет деца и чувар. Родителите истакнаа дека се собрале да им порачаат на властите да бараат правда…
Производството и снабдувањето со електрична и топлинска енергија е сигурно и континуирано и во оваа грејна сезона, уште на 15 октомври кога започна грејната сезона, АД ЕСМ подготвено ја дочека, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Како што соопшти Владата, во интервју за „Фокус“ премиерот Ковачевски, вели дека во текот на летниот период од страна на АД ЕСМ, се извршени редовни ремонтни активности на сите производствени капацитети, за да може оваа зима да сме подготвени. Во делот на снабдување со топлинска енергија за Град Скопје, додава, испораката на парно се врши од 6:00 – 22:00 часот, по строго утврдени правила и дијаграми.…
Последното деноноќие во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 1.814 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК. Од нив, како што информираат од ЦУК, „реални“ повици за итни случаи на 112 биле 42,06 отсто, а 57,94 отсто биле за други потреби на граѓаните. Кон полиција биле упатени 58,15 отсто од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 30,14 проценти, а кон пожарникарите 1,78 отсто. -Повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, кон Центарот за управување со кризи имало 9,93 проценти од „реалните“, што заедно со другите 57,94% „неитни повици“ (1.079 вкупно),…
Очекувањата се дека инфлацијата и до година ќе се намалува со натамошно стабилизирање на цените на храната и енергијата на светските берзи, во отсуство на поголеми надворешни и домашни шокови. На среден рок, стапката на инфлација би се свела на историскиот просек од околу 2 отсто. Во следниот период треба да им се посвети внимание на структурните политики со кои би се зголемило домашното производство и би се намалила чувствителноста на домашната економија на некои идни потенцијални шокови, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Како што соопштија од кабинтетот на гувернерката, Ангеловска-Бежоска во интервју за Слободна ТВ, зборувајќи за…