Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
На Украина и треба посилна воздушна одбрана за да заштити рутите за извоз на жито, како и регионите што граничат со Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој во вчерашното обраќање на Меѓународниот самит за безбедност на храната „Житарки од Украина“ што се одржа во Киев посочи дека „не е тајна“ оти Украина се соочува со дефицит во воздушна одбрана. На Самитот присуствуваа високи претставници од европските земји, меѓу кои и швајцарскиот претседател Ален Берсет и литванската премиерка Ингрида Симоните. Извор: МИА
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, најави дека покренала иницијатива во Владата да се пристапи кон законски измени кои ќе оневозможат лицата кои се на листата на санкции на САД, на Европската Унија и на Обединетите Нации да бидат на каква било позиција или да се вработат во администрацијата. Во вечерашното гостување на Сител, Грковска истакна дека се неопходни измени кои ќе предвидат дека доколку на некој функционер, кој што во моментот е на позиција, му биде изречена таква санкција, мандатот веднаш да му прекине. – Затоа што однесувањето како ништо да не…
Околу 15.000 војници ќе бидат мобилизирани за Олимписките игри во Париз што се одржуваат летото 2024 година, од кои 10.000 во поширокото подрачје на главниот град на Франција. Во оваа фаза, 250 дена пред истекот на рокот, армијата се подготвува да регрутира околу 15.000 војници на национално ниво, од кои околу 10.000 ќе бидат распоредени во Париз и неговата околина, изјави генерал Кристоф Абад. Во тој број војници не се вклучени лицата од безбедносниот приватен сектор. Организацискиот комитет на Олимпијадата оценува дека од 17.000 до 22.000 безбедносни агенти се неопходни за да се обезбеди едно натпреварувачко место. За таков вид…
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во официјална работна посета на Вооружените сили на Обединетото Кралство, денес оствари средба со началникот на генералштабот, адмирал Сер Антони Радакин. Генералот Ѓурчиновски и адмиралот Радакин разговараа за повеќе прашања од билатералната воена соработка, како и за учеството во рамки на активностите на НАТО и меѓународните операции. Притоа, началниците го потврдија високото ниво на воената соработка и можностите за понатамошно нејзино зајакнување. Од страна на адмиралот Радакин е искажана подготвеност за поддршка во процесот на интероперабилност. За време на престојот во Обединетото Кралство, генералот Ѓурчиновски оствари официјална средба и…
Република Северна Македонија, заедно со другите земји од Западен Балкан, денеска на билатерални состаноци во Брисел ги утврдуваа основните елементи на реформските агенди што треба да ги подготват за Планот за раст на ЗБ . Во рамки на тој процес во Брисел на билатерален состанок учествуваше делегација на РС Македонија предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими. „Имавме навистина корисен состанок на кој се исцртаа основните контури по кои треба да се движиме во подготовката на нашата реформска агенда во рамки на процесот на имплементација на Планот за раст на ЗБ. Процесот се одвива со голем интензитет и таа динамика…
Министерството за надворешни работи на Катар, кој посредуваше во преговорите помеѓу Израел и Хамас, соопшти дека прекинот на огнот ќе почне утре во седум часот по локално време, а првите заложници ќе бидат ослободени на 24 ноември во 16 часот. Портпаролот на катарското МНР, Мајед Ал-Ансари истакна дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас ќе стапи во сила утре во седум часот, а првата група од 13 израелски заложници ќе биде ослободена утре во 16 часот. Ал-Ансари наведе дека Доха го добила списокот со имиња на цивили кои Хамас ќе ги ослободи на првиот ден од прекинот на огнот.…
Автомобил експлодира денеска на мостот што ги поврзува САД и Канада, во близина на Нијагарините водопади.
Шефицата на УНИЦЕФ, Кетрин Расел денеска го оквалификува опколениот Појас Газа како „најопасното место во светот за да се биде дете“. Расел рече дека над 5.300 деца биле убиени во Газа од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври. Тоа претставува 40 отсто од смртните случаи. -Ова е без преседан, нагласи таа.
Швајцарската федерална влада одлучи да го забрани палестинското исламистичко движење Хамас со предлог-закон доставен до Парламентот, се вели во денешното соопштение. Федералниот совет (владата) „одлучи да подготви закон со цел забрана на Хамас. Се смета дека оваа опција е најдоброто решение за одговор на ситуацијата која владее од 7 октомври на Блискиот Исток“ и невидениот напад на исламистичкото движење на израелска територија. Четири дена по овој напад, во кој загинаа 1.200 луѓе на израелска страна, главно цивили, а 240 заложници беа однесени во Газа, Федералниот совет „процени дека Хамас треба да биде прогласен за терористичка организација“. „Овој закон ќе им…
Американскиот претседател Џо Бајден оддаде почит на 35. Претседател на САД Џон Кенеди кој беше убиен во атентат на 22 ноември 1963 година, кога претседателската колона поминуваше низ улиците на Далас. -Претседателот Кенеди беше воен херој, сенатор и државник. Тој цврсто го одреди патот на нашата земја во едни од најзначајните сфери на 20 век – од граѓански и избирачки права, до еднаква плата за жените, изјави Бајден. Рече дека Кенеди ги водел САД „со непречена одлучност во најопасните моменти од Студената војна. А во пресрет на новото десетилетие тој не поведе напред кон нови хоризонти со успешниот лет на…
Финската министерка за надворешни работи, Елина Валтонен изјави денеска дека Финска разгледува опции да ги затвори сите гранични премини со Русија доколку продолжи приливот на баратели на азил од таа држава. -Веќе презедовме мерки за затворање на некои гранични премини и доколку е потребно, ќе спроведеме натамошно затворање, изјави Валтонен. Во ноември, повеќе од 600 луѓе без валидни патни документи влегоа во Финска преку Русија, поради што Хелсинки затвори неколку премини и ја обвини Москва за префрлање мигранти во Финска. Барателите на азил доаѓаат најмногу од Јемен, Авганистан, Кенија, Мароко, Пакистан, Сомалија и Сирија. Извор: МИА
Новата одлука за цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи ќе ја објави Универзалниот снабдувач – ЕВН хоум, откако претходно Регулаторната комисија за енергетика (РКЕР) ќе направи проверка дали е соодветно пресметана. -Регулаторната комисија за енергетика со новата одлука во декември ќе стартува да ја применува ЕУ практиката според која како обврска на регулаторот е дефинирање на тарифите за пренос и дистрибуција, а крајната цена во која влегуваат сите елементи ќе ја соопшти Универзалниот снабдувач – ЕВН хоум, изјави денеска за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Тој прецизира дека РКЕ ќе направи проверка дали цената е соодветно…