Author: Marta Pesevska

Поранешниот специјален пратеник на Европската унија за Косово и поранешен висок претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина Волфганг Петрич денеска изјави дека се надева оти дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе продолжи бидејќи нормализацијата е единственото решение за мирен соживот во регионот, јавија белградски медиуми пренесувајќи негова изјава дадена за Танјуг. На прашањето за актуелната ситуација на Косово тој наведе дека ситуацијата се смирила благодарение на интервенцијата на КФОР, кој сега ќе биде засилен за да спречи ескалација што во последно време ја доживеа северниот дел на Косово. Петрич вели дека не гледа можност за брзо продолжување на…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска, присуствуваше и се обрати на Свечената академија по повод 115-годишнината од стандардизацијата на албанската азбука. Во продолжение ја пренесуваме интегралната изјава на премиерот Димитар Ковачевски: „Денес е голем ден за нашите сограѓани Албанци и голем ден за нашата заедничка историја. Особена чест и задоволство за мене претставува да се обратам на денешната Свечена академија по повод одбележувањето на 115-годишнината од стандардизацијата на албанската азбука. На овој ден, во 1908 година во градот на конзулите, Битола, се одржа познатиот Битолски конгрес, на кој се поставија темелите на албанската писменост. На Конгресот…

Read More

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го осуди „неприфатливото насилство на екстремистите на Западниот брег“ и ја повтори поддршката на ЕУ за решавање на блискоисточниот конфликт преку создавање две држави – израелска и палестинска, јави ДПА. „Се согласуваме дека циклусот на насилство мора да се прекине. Решението со две држави е единствениот начин да се постигне мир“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс, порано Твитер. Претходно таа се сретна со јорданскиот крал Абдула Втори и рече дека ЕУ ќе соработува со Јордан за зголемување на хуманитарната помош што стигнува до Појасот Газа. „Ќе соработуваме со Јордан…

Read More

Во пресрет на утрешниот Светски ден на детето вечерва Министерството за правда е осветлено во сина боја. – Во пресрет на 20-ти Ноември – Светскиот ден на детето, 30 години од ратификацијата на Конвенцијата за права на децата и 30 години УНИЦЕФ во земјата. Секое дете, секаде, има право да живее во мирен свет, напиша вечерва министерот за правда Кренар Лога на „Фејсбук“.

Read More

Во четвртокот. 16 ноемвири, американската влада ја прошири Црната листа назначувајќи дополнително поединци и субјекти поврзани со финансиската мрежа на Јордан „Орце“ Камчев, кој беше санкциониран од САД во јули 2023 година за корупција. Министерството за финансии на САД  воведе санкции и за Сергеј Самсоненко, Ирина Самсоненко и Ратка Куноска Камчева (мајка на Орце Камчев и сопственик и основач на Орка Холдинг) за корупција и малигни активности во согласност со Извршните наредби 14033 и 14024, заедно со деловните субјекти што тие или Орце Камчев, како означени од САД ги поседуваат или контролираат. Овие постапки илустрираат како одредени елити имаат корист од корупцијата и ги поткопуваат државните институции…

Read More

„Авторот стартува со реченицата „не би имало културна смисла да се рече дека именуваното трио (што ја води надворешната политика – Ковачевски, Османи, Маричиќ – н.з.) а не само тоа, ја дезинформира сопствената јавност или дека ги лаже своите граѓани, особено Македонците. Поприфатлива би била формулацијата дека нивните тврдења не се точни“. Ова треба да е некаков „попуст“ за споменатите и ним по ова секако ќе им олесни додека го читаат текстот понатаму“; пишува Љубомир Костовски, во анализата „Кој шири лаги за непризнавање на македонскиот јазик во ЕУ?“, комнетирајќи го текстот на некогашниот генерален директор на НИП-от, Панде Колемишевски, во контекст на…

Read More

Украинската амбасадорка во САД Оксана Маркарова во своја објава на платформата Х изрази благодарност до Њујорк и гувернерката Кејти Хочул за повтореното признание на Холодомор како геноцид на 90-годишнината од Холодоморот во Украина. #Holodomor #GenocideRecognition We are thankful to the State of New York and @GovKathyHochul for reiterating the recognition of the Holodomor as Genocide on the 90th anniversary of the Holodomor in Ukraine. pic.twitter.com/61N0lcyHqC— Oksana Markarova (@OMarkarova) November 18, 2023

Read More

Триесет и седум минибуси и електрични возила ќе и бидат доделени на Албанија од страна на британската Влада, во вредност од над 1,5 милиона фунти, како дел од неодамнешниот договор за враќање на осудени Албанци од британските во албанските затвори, пишува британски „Индипендент”, јави агенцијата Балканвеб. Договорот предвидува 200 албански државјани, кои издржуваат затворска казна во Англија и Велс, да бидат вратени дома на доиздржување на казната. „За возврат, владата ќе помогне да се модернизира албанскиот затворски систем. Договорот се очекува да го чини Министерството за правда околу осум милиони фунти во текот на две години, а дополнителното финансирање доаѓа…

Read More

Израелската телевизија „Н12“ во текот на ноќта јави дека е можен договор за ослободување на заложниците во Појасот Газа, пренесе ДПА. Во извештајот на ТВ каналот се наведува дека Хамас сигнализирал дека е начелно подготвен да ослободи 87 заложници, меѓу кои 53 се жени, деца и млади луѓе и 34 странци. Израел, од другата страна, ќе мора да се обврзе на петдневен прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на палестинските затворенички, малолетници во израелските затвори и „безбедносни“ затвореници. Хамас, исто така, со договорот бара и увоз на повеќе гориво во крајбрежниот појас. Тв каналот информира, исто така, дека…

Read More

Украинските трупи ги оттурнаа напаѓачите три до осум километри од Днипро на левиот брег во регионот ерсон, така што рускиот минофрлачки оган повеќе не е закана за населбите на десниот брег, изјави портпаролката на Оперативната команда Југ, Наталија Хумениук, пренесува Укринформ.

Read More

„Секогаш сум велела дека политиката мора да стои настрана од културата затоа што многу одамна имавме обиди преку културата да се влијае и политички и врз свеста на народот и да се влијае врз носење на одлуки и на крај видовме дека тоа влијание не беше за некое поголемо добро, туку беше само за полнење на џепови на индивидуалци“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во нејзиното гостување во „Тема на денот“ на Сител Телевизија. Таа подвлече дека политиката одамна е излезена од културата и тоа може да види по случувањата во последните неколку години. „Културата е слободна да делува…

Read More

Околу 170.000 лица денеска маршираа низ улиците на Мадрид на досега најмасовниот протест против Законот за амнестија на каталонските сепаратисти, за кој се договорија шпанските социјалисти и сепаратистичките каталонски и баскиски партии во замена за поддршка за формирање на новата влада. До демонстрации дојде само два дена откако шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез освои нов четиригодишен мандат со поддршка на Каталонците и Баскијците. Британските медиуми јавуваат дека на маршот, организиран од граѓански групи, присуствуваа и лидери на опозицијата. Амнестијата ќе опфати околу 400 лица кои беа вклучени во кампањата за независност на Каталонија, што кулминираше со референдумот за независност во…

Read More