Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Брачниот пар, кој беше заглавен во Газа и кој беше успешно евакуиран, преку писмо изразува благодарност до Министерството за надворешни работи, до Меѓународната организација за миграција, како и до сите државни институции и поединци кои биле директно вклучени во нивната евакуација. – Ние, брачниот пар кој беше заглавен во Газа 38 денови, би сакале јавно и официјално да изразиме длабока почит, признание и благодарност до МНР, раководено од господинот Бујар Османи, до целата дипломатија, до Меѓународната организација за миграција (ИОМ), до сите државни институции, агенции и поединци кои беа директно вклучени во нашата евакуација од Газа, во детално организираното згрижување…
Додека јас раководам со МВР нема шанса никој да укине ниту едно право коешто е стекнато досега!, е пораката што ја упати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку неговиот фејсбук профил. – Уште една ноторна невистина која што се пласира во јавноста. Јас жалам што тоа го пласираат поединци од одредени синдикати од МВР, дека наводно ќе се укине бенефицираниот стаж за вработените полициски службеници, дека наводно ќе се укине поволноста за пензионирање да се користат десетте најповолни години и дека ќе се укинат петте отпремнини кои ќе ги земаат полициските службеници, пишува Спасовски во објавата.
И по 6 (и со зборови шест) дена од експилицитниот говор на омраза на новинарот и уредник во ТВ Алфа, Горан Момировски при неговото гостување на Лидер.фм, изостанаа реакциите и соопштенијата од новинарските здруженија, ЗНМ ( само еден коментар на новинарско прашање), ССНМ, МАН, СЕММ, но и од Обвинителството и МВР Во понеделникот на 13 ноември 2023 година. новинарот и уредник во ТВ Алфа, Горан Момировски при неговото гостување на Лидер.фм спроведе експилицитен говор на омраза со упатување на сериозни закани по живот кон членовите на СДСМ и нивните семејства, како што самиот изјави, во улога на новинар. „Ова делува…
Дел од фасада на зграда паднал кај „Тобако Жак Мар“ во близина на Министерството за правда. Нема повредени лица. Случајот е пријавен преку Единствениот број за итни случаи 112. Оттаму информираат дека потенцијална опасност претставува уште еден дел од фасадата. Регионалниот ЦУК Скопје ја информирал Општина Центар од каде информирале дека се излезени на терен. – Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фададата што почнала да паѓа, се вели во соопштението од ЦУК.
„Антибугарското чувство се градеше врз прашањето на (не)признавањето на јазикот во доменот на бугарскиот национализам, навистина граден низ векови, но надминуван како низ нашата мудра дипломатија, така и највеќе преку европската модерна политичка филозофија која е алергична токму на таквите историски ставови, живи кај софиската десница секако“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Кој шири лаги за непризнавање на македонскиот јазик во ЕУ?“, во контекст на очеувањето за гласање на уставните измени во Собранието. Значи кога дојде овој пресуден ноември напорите на станарите од Палатата „Христо Татарчев“ да ја оправдаат својата апстиненција од европскиот пат едноставно остануваат без никаква аргументација, ако не се…
Не можам да кажам од сега дека тој процес нема да успее. Месец и пол во политиката е долг период во кој може да се направат и големи работи. Меѓутоа, на крајот со име и презиме ќе ги кажеме тие што ќе ја прокоцкаат оваа историска шанса и кои ќе бидат причина за сите последици што ќе ги има оваа држава поради таа пропуштена можност, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на очекувањата од Самитот на лидерите на Европската Унија за Западен Балкан што ќе се одржи во декември. Во одговор на новинарско прашање, Османи рече дека…
Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, во состав Арбер Адеми, претседател,Фаница Николовска,член и замениците членови Бети Рабаџиевска Наумовска, Абдула Салиу и Игор Здравковски учествувалена заедничка интерпарламентарна средба на комисиите за европски прашања и надворешни работи на парламентите на Албанија,Босна и Херцеговина,Бугарија, Северна Македонија,Косово и Хрватска, што се оддржа во Приштина, Косово. На форумот, кој го отворила Арбереше Криезиу-Хисени, претседателка на Комисијата за надворешни работи и дијаспора, соопштија денеска од собраниската Комисија, поздравни говори имале Саранда Богујевци, прв потпретседател на Собранието на Косово, како и Бесник Бислими, прв вицепремиер за евроинтеграции, развој и дијалог и…
Соединетите Американски Држави одобрија продажба на 400 крстосувачки ракети Томахавк на Јапонија, објавија странските агенции, повикувајќи се на Пентагон. Ракетите и соодветната опрема ќе бидат продадени за 2,35 милијарди долари. Договорот со Токио предвидува трансфер на 14 системи за контрола на ракетите, како и обука на персоналот, обезбедување резервни делови и одржување. Извор: МИА
ДПМНЕ се фатени како лажат на анкетната комисија за Онкологија изнесувајќи невистини, инсинуации и клевети, со цел создавање страв кај граѓаните и недоверба во институциите, велат од СДСМ. Пратеникот Антонио Милошоски за време на процедурална забелешка минатата недела прочита одлука на Влада, за која што тврдеше дека станува збор за наводна намера на Владата да дозволи уништување на доказен материјал на Клиниката за онкологија. Меѓутоа, се работи за одлука за расходување на потрошен и дотраен материјал и тоа кревети, столици и медицински апарати. Значи не се работи за уништување доказен материјал туку за избор на фирма која би добила тендер…
Стотици пациенти се евакуирани денеска од болницата „Ал Шифа“ во Појасот Газа, откако израелската армија даде рок од еден час за евакуација на најголемата медицинска установа на палестинската територија. Според Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас, сепак, во болницата остануваат 120 ранети пациенти и неодреден број предвремено родени бебиња. Претходно, претставници на болницата изјавија дека не може да се евакуираат 450 болни и ранети, поради што лекарите останале во болницата. Израелската армија од своја страна прецизираше дека не издала наредба за евакуација на луѓето од болницата, туку го исполнила барањето на директорот на медицинската установа. Извор: МИА
Украинските воздухопловни сили тврдат дека нивната противвоздушна одбрана соборила 29 од 38 ирански беспилотни летала користени во нападот од 20 часот на 17 ноември до 04 часот на 18 ноември, пренесува Укринформ. „Од 20:00 часот на 17 ноември до 04:00 часот на 18 ноември 2023 година, руските напаѓачи ја нападнаа Украина од северниот и југоисточниот правец (регион Курск, Приморск-Ахтарск – Русија) со беспилотни летала Шахед“, стои во објавата на Телеграм. Неколку групи беспилотни летала нападнаа различни региони на Украина во неколку бранови. Украина употреби борбени авиони, противвоздушни ракетни единици и мобилни огнени групи за да го одбие нападот. Украинските одбранбени сили елиминираа…
Телефонските и интернет врските денеска се делумно обновени во Газа откако беше доставено гориво за работа на генераторите без кое тие не се возможни. Израел најави дека ќе дозволи два цистерни со гориво дневно да влегуваат во Газа за потребите на Обединетите нации (ОН) и за комуникациските системи. Одобреното количество гориво е околу половина од она што ОН го бараат за спасување на стотици илјади луѓе во Газа, вклучително и отворање систем за водоснабдување, за работата на болниците, пекарите и камионите кои доставуваат најнеопходна помош. Најмалку 11.470 Палестинци, од кои две третини жени идеца, се убиени од почетокот на војната,…