Author: Marta Pesevska

„Белешки за македонскиот конституционализам, концепт на Уставот од 1991 година“ во издание на ЦИВИЛ, е нова книга на проф. д-р Данаилов Фрчкоски. Одличен повод за интервју со Авторот, што ќе фрли светлина на ова значајно издание кое доаѓа во критичен општествено политички момент за нашата земја. Во ова мега интервју за медиумската платформа на ЦИВИЛ, ќе прочитате ексклузивни податоци за историјата на македонскиот конституционализам и за турбулентните денови на раѓањето на македонската независна држава, кога се создава и самиот Устав. Понатаму, ќе стане збор за теоретските и идејните основи на овој документ на државноста и поредокот на државата. Не изостанува ни…

Read More

Порастот на антисемитски инциденти низ Европа достигна извонредни нивоа во последните неколку дена, потсетувајќи на најмрачните времиња во историјата. Европските Евреи денес повторно живеат во страв, стои во соопштението на ЕК, пренесе ЦИВИЛ Медиа. Сведочиме оживување на антисемитски инциденти и реторика во Европската унија и во светот: фрлени молотови коктели врз синагога во Германија, ѕвездите на Давид испрскани врз станбени згради во Франција, еврејски гробишта осквернавени во Австрија, еврејски продавници и синагоги нападнати во Шпанија , демонстранти извикуваат слогани на омраза против Евреите. Од Европската Комисија додаваат дека мора да се спречи овој овој пораст на антисемитизмот, како и порастот…

Read More

Поранешниот американски претседател Барак Обама ја осуди војната меѓу Израел и Газа, велејќи дека долгогодишниот конфликт сега повторно се разгори и ги критикуваше социјалните мрежи за продлабочување на поделбите, објави Њујорк Тајмс, пренесе ЦИВИЛ Медиа. Барак Обама го осуди нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври кога десетици милитанти ја пробија границата и убија над 1.400 Израелци, земајќи повеќе од 240 заложници. Барак Обама, исто така, ги истакна страдањата на палестинските цивили во Газа кои беа пречекани со агресивни напади од страна на Израел во кои загинаа повеќе од 9.488 Палестинци. Во интервјуто, Барак Обама, меѓу другото, изјави: „Го…

Read More

ЛЕНЧЕ НИКОЛОВСКА Отворањето на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија е значаен чекор за целата држава и нејзините граѓани. За земјоделците и агробизнисмените посебно значење имаат промените на подобро кои ќе ги донесе нашето членство во Унијата. Во таа смисла овој пристапен период и активностите кои ќе се одвиваат се важни и треба да ги следиме и како јавност, но со поголемо внимание како директни учесници, дали на експертско ниво, земјоделски производители, трговци, агробизнисмени и земјоделски здруженија за да се помогне на администрацијата успешно да се заврши овој клучен период за нашиот агросектор. Токму затоа на платформата Агротим ќе посветиме внимание…

Read More

Заврши заложничката криза на аеродромот во Хамбург, 18 часа откако беше уапсен човек кој ја држеше својата четиригодишна ќерка. Полицијата во Хамбург на социјалната мрежа Х објави дека “заложничката криза е завршена. Осомничениот излегол од автомобилот со ќерката. Детето изгледа не е повредено”. Полицијата додаде дека мажот бил уапсен без отпор. Аеродромот во Хамбург е затворен за патници, а летовите се откажани од саботата вечерта кога вооружен маж ја проби капијата на аеродромот со своето возило и испука два истрела во воздух, јави ДПА. Мажот потоа го возел возилото пред зградата на терминалот и го паркирал под авионот. Властите соопштија…

Read More

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Охрабрен сум од некои реакции во јавноста на медиумските отрови што ги испушта раширенот шупак на вмро, но тоа освестување не ги минува праговите на другарската критика и самокритика. Агресијата врз Македонија и врз македонското општество е како слон кој критиките кон него може да ги поднесе како убод на комарец. Александар Коире би рекол дека македонскиот меур мора да набабри пред да се распрсне. И набабрува. Јас велам дека ни фалат само уште неколку вморонски прдежи. На добар пат сме. Еве како тоа изгледа низ една филозофска и културолошка анализа на Слотердијк. Вистината за сè што се…

Read More

Украина информираше дека на 4 ноември  нејзините сили нападнале бродоградилиште во пристанишниот град Керч на источниот брег на полуостровот Крим, анектиран од Русија, објави Кијив Пост. Што велат украинските извори? „Вечерта на 4 ноември, вооружените сили на Украина извршија успешни удари врз поморската и пристанишната инфраструктура на бродоградилиштето Залив во привремено окупираниот Керч“, соопшти Телеграмскиот канал на Центарот за стратешки комуникации на вооружените сили на Украина. Командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук на Телеграм напиша дека на блодоградилиштето бил стациониран еден од најмодерните бродови на руската морнарица – брод способен да носи моќни суперсонични ракети „Калибр“. Кои проектили биле користени?…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во своја објава на Фејсбук соопшти дека четиричленото семејство Скаик по подолго време е безбедно евакуирано од Газа и тие денеска се вратија во земјава. Османи истакна дека сите напори сега се фокусирани на извлекување на уште двајца наши државјани, брачен пар, чија евакуација, како што вели, ја очекуваат наскоро.

Read More

Институтот за медиуми и аналитика ИМА во соработка со Телевизија Алсат стартуваа со продукцијата на втората сезона на ТВ емисијата „Полиграф“, која, почнувајќи од вечерва, ќе се емитува секоја недела во 19:30 часот, веднаш по главните вести на оваа национална телевизија. ИМА и ТВ Алсат очекуваат емисијата да продолжи со успесите од минатата година, кога имаше просечна гледаност од речиси 80.000 гледачи, и беше една од најгледаните емисии продуцирани од телевизијата. „Секаде во светот, а и кај нас дезинформациите претставуваат сериозен безбедносен проблем, кој ја поткопува демократијата, предизвикува поларизација и конфликти во општествата, и ја нарушува довербата и во…

Read More

ДПМНЕ по 2 години локална власт во над 40 општини ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата добиена од граѓаните на локалните избори велат од СДСМ. По две години нема проекти, нема резултати, нема напредок. Но, има безброј нереализирани изборни ветувања од изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ. Разочарувањето на граѓаните е уште поголемо, бидејќи наместо прогрес и проекти за унапредување на општините, добија назадување и повисоки сметки за комунални услуги. Локалната власт на ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски стана симбол за неспособност, партизација и хаос, непродуктивни трошења и задолжувања на општините. ДПМНЕ не ја оправда довербата…

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Рамалах оствари средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас, пренесува Би-Би-Си. Блинкен „ја потврди посветеноста на САД за испорака на хуманитарна помош за спасување животи и продолжување на основните услуги“ во Газа, според портпаролот на американскиот Стејт департмент. Тој, исто така, јасно стави до знаење дека Палестинците „не смеат да бидат насилно раселени“, рече Метју Милер. Блинкен и Абас разговараа за напорите за „враќање на смиреноста и стабилноста“ на Западниот Брег, вклучително и за потребата да се „запре екстремистичкото насилство врз Палестинците и да се повикаат одговорните на одговорност“, додаде тој. Милер рече дека…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во своја објава на Фејсбук упати честитка по повод одбележувањето на 5 ноември, Меѓународниот ден на ромскиот јазик. „Застануваме со ромската заедница и ја славиме традицијата на Ромите како дел од мулитикултурното богатство и како дел од цивилизациските вредности. Негувањето на јазиците е скапоценост на нашата европска земја, но и додадена вредност во европското семејство“, стои во објавата на вицепремиерот.

Read More