Author: Marta Pesevska

Министерството за здравство информира дека од денеска започнува инсталацијата на новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Од Министерството за здравство велат дека првите две фази на демонтажа на дваесет години стариот акцелератор е завршена и направена е адаптација и реновирање на бункерот. -Проблемите ги решаваме брзо и ефикасно. Со задоволство информирам дека од денес започнуваме со монтажата на новиот акцелератор Varian 6116 на Клиниката за Радиотерапија и Онкологија. Деинсталацијата на линеарниот акцелератор стар околу 20-тина години која започна во август е завршена и направена адаптација и реновирање на бункерот, истакнал министерот за здравство Фатмир Меџити. Од Министерството за…

Read More

СОЊА ТАНЕСКА Осмото издание во натпреварувачката програма МФФ Киненова носи осум драгоцени филмски стории на дебитанти и перспективни автори кои ги рушат стереотипите на воздржаност и одважно и вртоглаво се втурнуваат во вителот на актуелното, горливото, ранливото, убавото, грдото и доброто, одмаздољубивото и рамнодушното, тажното и среќното, она што ни е на дофат, и во она што е далеку од нас, во трансцендентното и во суровото реалното. Но, сепак, на денешната конференција, директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ, претставувајќи ја програмата, го соопшти годинешниот добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност, српскиот актер, Бранислав Лечиќ. На прашање на Градска.мк,…

Read More

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу вели дека драфт законот за сајбер заштита на цивилното население и формирање агенција е во постапка и поставен е на ЕНЕР. Во неговото креирање се вклучени приватниот, невладиниот и владиниот сектор, како и науката, за да се добијат најдобрите решенија. Досега за законот пристигнале преку 90 коментари и забелешки од сите заинтерсирани страни. -Процесот беше многу инклузивен од првиот ден, а со зкаонот и агенцијата еднаш засекогаш ќе ги решиме проблемите и предизвиците со кои сега се соочуваме од апсект на дигиталната трансфорација. Дигиталната трансфорација е долг, комплексен процес кој трае многу…

Read More

Канцеларијата на Европската унија во Косово потврди дека визната либерализација за граѓаните на Косово ќе стапи на сила на 1 јануари 2024 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Во одговорот до порталот Калѕо (kallxo.com), Канцеларијата на ЕУ укинувањето на Шенген-визите за косовските граѓани го нарече историски момент во односите ЕУ-Косово. – Визната либерализација за имателите на косовски пасоши ќе стапи на сила од 1 јануари 2024 година. Ова ќе им овозможи на граѓаните на Косово да патуваат како туристи во ЕУ без визи 90 дена во период од 180 дена, се наведува во одговорот за приштинскиот медиум. Од таму,…

Read More

Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Појасот Газа денеска беше отворен за испорака на хуманитарна помош за палестинската енклава, блокирана по нападот на Хамас врз Израел, објавија странските агенции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави отворањето на граничниот премин од Египет кон Газа, за камиони со хуманитарна помош за палестинската енклава и изјави дека тоа ќе биде „важен прв чекор што ќе го олесни страдањето на невините луѓе“. „Го поздравувам отворањето на граничниот премин Рафа кон Газа за хуманитарна помош. Ова е важен прв чекор што ќе го олесни страдањето на невините луѓе. Им благодарам на…

Read More

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, придружуван од пратеникот на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар и високите советници на лидерите на Германија, Франција и Италија, денеска ќе престојува во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што е најавено, цел на посетата е да се постигне конкретен напредок во имплементацијата на Договорот на патот кон нормализација на односите меѓу двете држави и деескалација на состојбата по последните случувања во северно Косово. Покрај Лајчак и Ескобар, делегацијата ја сочинуваат и Емануел Боне, советник за безбедност и надворешна политика на…

Read More

Политиките што ги спроведуваме како Влада во справување со ценовната криза се покажуваат преку намалување на инфлацијата која од 19,8 проценти во октомври сега е намалена на 6,6 отсто и тоа се јасни сигнали и кон граѓаните и кон бизнисот дека како и другите земји се бориме со инфлацијата, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. Во вчерашното гостување во Тема на денот, на ТВ Сител, минитерот Беими поочи дека клучно е да се стабилизираат очекувањата и дека за тоа треба координиран систем на пазарот, затоа што зголемените цени вршат притисок врз платите, а тие повторно врз цените и таа инфлаторна…

Read More

Европската комисија подготви пакет препораки за земјите членки на ЕУ за да им помогне во координирање на нивниот одговор на ширењето на незаконски и терористички содржини или говор на омраза во дигиталниот простор, пред оваа појава да прерасне во сериозна закана за јавната безбедност. Целта на препораките, како што јави дописникот на МИА од Брисел, е земјите членки да дадат свој придонес во напорите на Еврокомисијата за целосно усогласување на „многу големите онлајн платформи“ со нивните нови обврски од Законот за дигитални услуги (ДСА). Комисијата смета дека во контекст на „невидениот период на конфликт и нестабилност што влијаат врз Европската…

Read More

Во заедничката декларација на крајот од самитот ЕУ-САД, што се одржа синоќа во Вашингтон, беше потврдена заедничката заложба за стабилност на Западен Балкан и поддршка за европската перспектива на регионот, објави Радио Слободна Европа (РСЕ). „Сите партнери треба да продолжат со реформите потребни за напредок на нивниот европски пат“, се наведува во завршниот документ, објавен на крајот од средбата меѓу лидерите на ЕУ и американскиот претседател Џо Бајден. Посебен став во заедничката декларација се однесува на процесот на нормализација на односите меѓу Србија и Косово, наведува РСЕ. „Ја нагласуваме потребата Косово и Србија итно да ги деескалираат тензиите и брзо…

Read More

До крајот на месецов, според најавите на претседателот на државата, треба да биде свикан Советот за безбедност на кој ќе се разгледа безбедносната состојба во земјава по последните случувања во Израел и војната во Украина. Претседателот на државата Стево Пендаровски во четвртокот изјави дека поволна околност е тоа што државата е членка на НАТО и дека добива информации од Советот за безбедност на Европската унија. – Секако дека Советот за безбедност ќе биде свикан, не само за последниот развој на настаните на Блискиот исток. Моите луѓе во Кабинетот правеа напори да ги усогласат агендите на првите луѓе од Владата бидејќи…

Read More

„Сигурен сум дека случајот со Онкологија мора да заврши со сносење одговорност, таа да биде конкретизирана, да има име и презиме и да не ги ставаме на тапет сите вработени во здравствениот систем“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Трилинг“ на ТВ24. Тој додаде дека мора да одговара тој што треба да одговора и не смее да се остава постапката без завршница. „Одговорноста треба да се утврди врз основа на доказите и таа да биде конкретизирана. Не смее да нема завршница во ниту еден случај“ рече Спасовски. Министерот додаде дека овој случај е дополнително важен бидејќи се работи…

Read More

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми оствари средба со Елвира Ковач, претседателка на Одборот за европска интеграција во Србија. На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, било потенцирано дека е многу важно Западен Балкан што поскоро да стане дел од Европската Унија и дека Унијата е неопходно да најде начин да го овозможи тоа. Соговорниците посочиле дека подготовката за полноправно членство може да се постигне до 2030 година и тој датум е реална и остварлива цел, како за кандидатите, така и за Унијата. Соговорниците се согласиле дека, имајќи ја предвид кризата во Украина, во Брисел е создаден…

Read More